Која банка е најдобра? (ваши искуства со банки)

  • Креатор на темата Креатор на темата cYb3rc0re
  • Време на започнување Време на започнување
Ова за моето (нестручно) око, а и за очите на сите што се бават или не се бават со економија е малку или малку повеќе нелогично :)
т.е. доколку за секои 10 денари дадени како депозит во банката, таа остава 10 во НБРМ, се прашувам со кои пари ќе работи банката, бидејќи сите ќе и бидат во НБРМ. Оттука заклучив дека најверојатно сакаше да дадеш пример со кредитирање наместо со депозити и да објасниш дека за кредитирања од Д категорија (ризични кредити) се оставаат како резервација во НБРМ онолку пари колку што изнесува кредитот, кои пак по враќањето на кредитот од страна на клиентот се враќаат назад во банката. Сметав дека си направила ненамерна грешка во пишување.

Доколку напишеше дека за секои 10 денари дадени како депозит во банката, таа одвојува 1 денар или 0.1 денар во НБРМ, тогаш немаше да дојде до дискусијава.
Те молам поправи ми ја грешката, бидејќи сепак си постручна! :smir:

Сакав пластично да го објаснам целиот процес на заштита на парите.Затоа и го споменав тој пример,грубо земено секој денар е заштитен во оваа земја,затоа и имаме таков систем.Кога споменав 10 денари,мислев на мултипликацијата која ја прави банката од моите пари.На тоа ја додадов задолжителната резерва,одделувањето на средства за несигурни пласмани и можноста на НБРМ да ги огранични несигурните пласмани на банките.Значи во целиот процес НБРМ им стои над глава,ама буквално над глава,затоа и секој денар е заштитен.Плус има илјада и една можност да им зголеми резерва,да им смени менаџмент,да им смени услови,секојдневна контрола..во глобала целиот систем е сигурен.
Во светот задолжителната резерва како мерка не се користи,ретки се системи како нашиот,старомодни.Затоа и профитот на нашите банки во однос на другите земји е мал.Бидејќи немаат можност сите пари да ги фрлат на коцка.Но моето мислење е дека подобро да немаат профит колку останатите,наместо да се плашиме за нашите пари.
Мислам дека разјаснив,ако треба повторно,повели прашај :smir:
 
Секоја банка е добра ако не мора да земаш кредит од неа.
Јас работам со Стопанска банка и не ми е битно каква е во однос на останатите банки.Немам проблеми а и не земам кредити освен платата.
Господ да им е на помош кој почнува да живее на кредит, мислам дека никоја не е добра.Сопругата е малтретирана доста често со потсетување дека стасува ратата од кредитот.
Да полудиш.:zlo:
 
Веќе неколку години работам со Комерцијална Банка А.Д Скопје, задоволен сум. Во Прилеп учтиво ти укажуваат се што те интересира, провизија на сметка, подигање пари, внесување пари, за кредити. Апсолутно се што треба да знаеш, се ти кажуваат. За чекање не се чека многу, освен кога се пуштаат пензиите, повеќето ги вадат преку сметка, а не преку картичка. Брзината на работа е супер, кога ќе дојдеш на ред за најмногу 5 минути средена е работата..
 
NLB definitivno. :D
 
Татко ми работи во Комерцијална а јас имам сметка само во Тутунска :pos2::pos2:...поради тоа што од блиску сум запознаена со работата на Комерцијална можам да кажам дека е најдобра моментално(според мене)
 
Сите банки во Македонија се добри!

Но, како и на секој пазар, барајте ја најповолната понуда за конкретен производ на конкретен датум.
Некоја банка може денес да има најповолен станбен кредит, а некоја друга да има најповолни стапки за орочување. Утре може некоја друга.
Зависи каков производ барате и кога.
 
Која банка има најдобри услови и најмала камата, за потрошувачки кредити до 2000 евра..? ваше искуство ?
 
банка, па уште и добра - хах
неможе да е било која добра доколку премолчува некои ствари (најбитните)

ЗОШТО доколку во рок од неколку дена по истекот на орочувањето на парите -ако не ги подигнете или реорочите на некој друг рок , БАНКАТА ВИ ПРАВИ САМА АВТОМАТСКО реорочување на средствата на оној рок кој сте го имале пред истекот????????
зошто нема никакво известување пред тоа??????
 
банка, па уште и добра - хах
неможе да е било која добра доколку премолчува некои ствари (најбитните)

ЗОШТО доколку во рок од неколку дена по истекот на орочувањето на парите -ако не ги подигнете или реорочите на некој друг рок , БАНКАТА ВИ ПРАВИ САМА АВТОМАТСКО реорочување на средствата на оној рок кој сте го имале пред истекот????????
зошто нема никакво известување пред тоа??????

Затоа што не го читаш договорот шо го потпишуваш. Сигурно таму има клаузула дека ако не ги повлечеш автоматски повторно се активира ист таков договор. Иначе без твој потпис или таква клаузула потпишана од тебе нема шанси да ти ги реоророчат
 
Најдобра банка е банката во која не влегуваат пензионери, на раат да си завршиш работа во било кое време
 
Искуството кое Acid на почетокот го опиша со Стопанска Банка како ужасно, одвратно и не дај боже некому да се случува, во слични црти и јас го имам со истата банка.
Пред 3 години мојот покоен татко се прости од овој свет оставајки одредена сума штеден влог токму во оваа банка. Онака како што е ред, си покренав оставинска постапка заедно со мојот адвокат каде и една од ставките беше токму тој штеден влог со точен број на сметката. Постапката кај судот беше доста брзо завршена, јас бев огласен со судска одлука како единствен наследник на целата оставштина на покојникот меѓу другото и на штедниот влог кој го спомнав, точно наведен со сите карактеристични податоци и висина на сумата. Заедно со штедната книшка, мои лични документи за исентификација и заверена копија од судското решение од оставинската постапка се упатив во централата на Стопанска Банка Скопје како што ме упатија од шалтерот на филијалата во ГТЦ. Пополнив соодветно барање и ги предадов потребните документи. Ми рекоа дека за 5-7 работни дена ќе заседава комисија и ќе добијам информација за одлуката на комисијата.
-Видете каква небулоза! Предавам СУДСКА ОДЛУКА, а тие треба да одлучуваат по одлуката на судот? Значи, банката се става над судот!
Но, не тоа страшното. Страшното дури подоцна почна. Дури и по 10 работни дена никој во банката не знаеше да ми каже до каде е постапката. На мое упорно инсистирање ме испратија кај раководителот и од него ми беше речено дека дел од членовите на комисијата биле на одмор па не заседавале. Да сум се јавел за една недела. Иако веќе напнат и нервозен, решив да не се расправам и да почекам уште недела дена. По недела дена повторно немаше никаков резултат. Тогаш веќе не можев да истрпам и им се развикав на бабетините кои две ипол недели ме шетаа од врата до врата. Уште сакаа обезбедување да ми викнат...е ми пукна филм кога ми се заканија со обезбедување. Излегов надвор и му се јавив на мојот адвокат кој за речиси 2 минути се нацрта на лице место и веднаш отидовме кај раководителот на правната служба. Како правник на правник му кажа и го подсети какви законски последици може да повлече таквото однесување на СТОПАНСКА БАНКА. Со невидени извинувања не испрати, зема број од мојот телефон и рече дека во текот на денот ќе ме побара за да ме информира лично до каде е работата. Попладне парите веќе беа префрлени на мојата сметка и ми беше јавено дека е тоа сторено.
Но, се прашувам зошто и како смее банка вака да се однесува кон клиент?

Инаку, лоши искуства имам и со Комерцијална Банка која никогаш не ги прокнижува приливите на време туку често и со задоцнување од еден ден.
Позитивни искуства имам со НЛБ Тутунска Банка и со Зираат Банка кои сепак, колку-толку знаат да си ги почитуваат клиентите со чии пари работат и располагаат.
 
Планираме да ја мењаме Комерцијална пошто, за наш вкус, се претерано бирократи. Работиме со кредити и банкарски гаранции и све е ОК освен што сите интервенции се случуваат премногу споро. Летово, постапката за банкарска гаранција ја искомплицираа до бесвест и ни зема добри 2 месеци додека успеавме да го добиеме проклетото писмо.
Слушам дека НЛБ работат добро и на ниет сме да се пребациме таму, ама у последно време слушам добри муабети и за Шпаркасе.
Па прашањето за тука ми е: Дали некој тука има искуства со Шпаркасе, ама како деловен субјект?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom