Кој сум Јас?

  • Креатор на темата Креатор на темата 831
  • Време на започнување Време на започнување
Еве го почетокот, има 2 дела вториот го немам гледано оти ми се заеба звучната.
Побрзо наукава ќе ме убеди дека постои креатор отколку религиите:

http://www.youtube.com/watch?v=tSk51Lp-vHU

фала ќе го погледнам ...

инаку одамна имам пишувано на форумов ... верувам во „Бог“ Креатор ... но не на тој начин на кој црквата ни го презентира и преставува...
 
Не верувам во библијата, сликата што библијата ја дава за Бог е како приказни за деца...
Верувам дека постои наш креатор, некој посилен и поразличен од нас, затоа и не можам да замислам дека личиме на него...
Не можам со сигурност да тврдам такво нешто ама мсилам дека е така...
 
Точно, не докажува само претпоставува. Темава ја отворив инспириран од еден документарец за квантна физика, чии претпоставки се совпаѓаат со моето видување на Бог.:wink: Претпоставуваат дека постои но не на начин на кој го видуваат поголемите религии...:)

Се согласувам 100%.......:smir:
 
Не верувам во библијата, сликата што библијата ја дава за Бог е како приказни за деца...
Верувам дека постои наш креатор, некој посилен и поразличен од нас, затоа и не можам да замислам дека личиме на него...
Не можам со сигурност да тврдам такво нешто ама мсилам дека е така...

Замисли дека Бог е кристална топка(пред големиот бенг)и таа под чудни околности е распарчена на милиони делови, сите различни по изглед...и сега како ќе гледаме на нив? Како суштински еднакви, основата им е стакло на сите, ако ги составиш ја добиваш целата слика.
Значи ние суштински не се разликуваме воопшто, основата на сите ни е иста и јас верувам дека таа основа е таа чудна свесна енергија што ја нарекуваат Бог....:toe:
 
Према мене толку добро сме создадени по неговиот лик што и тешко да се најде некаква разлика. Ако разгледаме подобро суштински ќе видиме дека сите ние, се што знаеме се состои од атоми, електрони и честички со одредена густина...така да ние сме едно - буквално, нема никаква разлика помеѓу една и било која друга работа, разликата се состои само во перцепцијата, а перцепцијата зависи од искуствата кои ни се втиснати како електронски импулси зависно од опкружувањето...така нешто...:toe:
Проблемот е свесноста, која и зошто е таа...погледни ја документарната ако можеш, ќе те натера да се запрашаш...:nesum:

Добро размислување .( не целосно ама се согласувам со поголем дел од твое видување )

Имав специјални теми токму за ова отворено
(ако сакаш може и тука да ги префрлам .. ама да не ти ја какам темата )
може си имаш своја концепција како да ја водиш дикусијата
 
тоа е тоа .. големата слика (но големата во прав смисол на зборот ... можеби огромната).. од која ние сме свесни за само еден пиксел од неа ... тогаш како можеме да зборуваме дека сме свесни и знаеме шо се дешава околу нас ...

сите и се што познаваме е составено од атоми ... атомите се составени од електрони, неутрони, протони и 99% празен простор (ништо) ... тоа е еден атом ... тогаш и ние сме 99% ништо ... а 1% делови на атом ... и планетава е 99% ништо итн итн итн .... тоа е се што знаеме ... уствари ништо не знаеме ...
 
Добро размислување .

Имав специјални теми токму за ова отворено
(ако сакаш може и тука да ги префрлам .. ама да не ти ја какам темата )
може си имаш своја концепција како да ја водиш дикусијата

Не, немам концепција, сакав да ги поврзам науката и Бог како нешта кои треба да се надополнуваат меѓу себе, тоа е барем приближно можно со квантната наука...кога ја гледав документарната се запрепастив од изјавите, сето тоа што сум го чувствувал и среќавал кај окултните науки, многу добро е објаснето и тоа научно. Нормално дека сето тоа се претпоставки и теорија, но има некоја чудна логика.
 
Многу добро прашање како прво ,ако на ова прашење се најдува одговор сите проблеми ке се решат ,за секого поединечно.Одговорот не е во филозофијата ,не е во науката .Случајно ,имав прилика пред некој месец да ја читам книгата ‘’исповест’’ од познатиот писател Лев Николајевич Толстој и искрено ми остави многу позитивен впечаток .Секој од секоја книга ,посебно го разбира.

Најмногу впечаток ми остави ,на каков начин ги поставува прашањата, па и над ова ,начинот како ги поставува прашањата Толстој. Можеби секој и најобичниот често пати ги поставува овие прашања сам себеси но не може да ги искажува како овој.

Во првите редови на книгата Толстој ‘’исповедува’’ дека не останало ништо веке од овој свет што да добива и очекува ,и нагласува дека веке е во некаква депресија што не може да најде одговор на следните прашања: ‘’Кој сум јас?“ ,“Смисолот на животот?“ “Што и да биде целиот свет твој?“ “Што е разликата измегу сиромашниот и богатиот кога умира?“

Филозофијата посебно западната и позитивната наука на многу нешта има дадено одговор ,но не можат да даваат одговор за смисолот на животот .
И наставува :

“моето истражување беше во сите гранки на науката ,но остај што не најдов одговор ,исто како мене и другите ,никој никогаш не најде за смисолот на животот“.
‘’“што е свемирот? “Зошто постојам?“ Зошто постои галаксијата?“
Филозофијата на прашањето “јас кој сум и што е галаксијата?“ одговарат со “све и ништо“ ,а на прашањето “Зошто“ одговара со “не знам“

Поагајки на пат со паметот филозофијата, со животот на човекот,создавање и со смисол на постоењето не можел да даде одговор,има некој одговор но само еве како одговор да биде .

Интересно и ова го споменува Толстој дека прашањата кои ги поставил на верските водачи исо така не добил задоволувачки одговори ,затоа што викат имало контрадикторности измегу нивните кажувања и дела ,кој пак уште интересно ова го кажува “луге кои се филозофи и луге што многу знаат (во секоја сфера мислит) спрема степенот тие на некој начин ним повеке им наштетува ,и дека многу знаење уствари било проблем“
Спрема него најдобро ,смисолот на животот го разбрале религиозни луге ,селани,работници ,иако сиромашни ,увидел дека тие биле многу срекни,и дека вербата им давал смисол на животот.

И на крај доага до заклучок дека “Ако Бог има све има “
Муабетот ми беше ,во овој свет, човекот све имал ,во сите гранки на науката истражувал смисолот на животот,кој интересно како Толстој да го барат смисолот на животот или на милион еден излегува или не , во секој случај посебно тие што веруваат во религија треба да го читаат “исповест“ и ке дознаат какво благо имаат во себе со верувањето.

Би додал на ова прашање дека ,со векови се прашува ,и така времето одминува ,без размислување кој каков одговор дава ,уствари тој самиот избрал на што верува.

Од поодамна до денеска човекот вака го опишале;
-едните ,како створение кои се состои од,глава,раце,око,уста,црндроб,етра значи како една материја.
-другите како ,да не ги гледаат материјата на човекот го опишале како дух.

Едните пак тоа се марксистичко ленинистичка ,дарвинистичка пропагандна машинерија како: Човекот е животно кои користи алат,паметно животно,животно кое зборува,животно кое се смее,па чак и како единствено животно кое не сака да биде животно.

-исламот па и другите религии како: кое се состои од тело и дух,кое размислува,разумен,и кој поседува верба и наука .Кој е Создаден од Создателот ,кој тачно знае кој е,зошто е дојден,каде ке оди итн.
 
Е гледате...Истите прашања што јас ги поставував "Зошто постојам", "Има ли смисла животот", "И богатите ќе умрат како обични луѓе" "Депресија од нејаснотии" исто како тој шо ја пишал книгата...
Јас мислам Мусаб е во право... Гледано од верски апект има смисла за се... И за постоење и зошто умираме и кој сме ние и шо бараме на светот... За се...
 
Од чиј верски аспект?
Оти тој на будистите кажува нешто друго... И има многу различни гледишта на религиите за причината зошто, додека науката дава објаснување само како стигнал човекот тука.
 
Од чиј верски аспект?
Оти тој на будистите кажува нешто друго... И има многу различни гледишта на религиите за причината зошто, додека науката дава објаснување само како стигнал човекот тука.

Од тој верски аспект кој се проповедал со векови, а кој го проповедале Божјите пратеници...
И бидејќи секогаш доаѓало до недоразбирања и мешање на паганизам во тоа што го проповедале пратениците, настанал синџир на пратеници од кои како последен доаѓа Мухаммед...
Јас искрено сум воодушевена од тоа каква замисла имаат Муслиманите за Бог...И нивното размислување за тоа која цел ја имаат тука, зошто постојат, одговори на прашањето КОЈ СУМ ЈАС... и тн.
 
Древното прашање, големата мистерија кој сум Јас, што е тоа? Зошто е Јас, која е смислата на Јас?

Докажано е дека ние сме како роботи, нервен систем со електрични импулси. Склоп од знаења кои претходно сме ги стекнале(биле втиснати) и непрестано несвесно ги повторуваме, и во исто време се стекнуваме(ни се втиснуваат)со нови.
Но самосвесноста, мистериозното Јас е заебаната мистерија, што е таа, од каде е? Кој е тој што посматра, што е свесен...

Дали е тоа креаторот(Бог), дали сме ние креаторот(Бог), дали е тој во нас и насекаде околу нас, дали е тој ЈАС, дали тој преку нас го посматра своето дело? Или сето тоа е една научнофантастична квантно-религиска глупост?

Тоа е апсолутна вистина, малку е парадоксална, вистина е дека сме сите издвоени но исто е вистина дека пак сме сите едно. Потребна е свесност за да се сфати, не рационализирање. Свесноста за единството кај мене беше многу минлива, кога ќе сретнев било кој човек знаев дека тој е јас, само едно од многуте проекции на нашето заедничко јас. Верувам дека таа состојба (просветление, Бог) што ја постигнале многу, кога се обиделе да им ја објаснат на заспаните :), овие погрешно ја сфатиле и наместо да работат на себеси, створиле цели системи од учења, религии...
Цел? Целта е самото постоење, секогаш сега и овде, не изгубен во мислите.
 
Што сме ние? Материја? Еве мал извадок од документарецот:

Ние сме материјални суштества, се околу нас е материја а религиите ни викаат дека Бог е таму некаде надвор од нас - нематеријален. Па, што е материја?
Да го замислиме атомот како некаква цврста топка. Тогаш велиме па не баш, тоа е само оваа топчеста формаобиколена од некој вид на мек облак од електрони, кои изчезнуваат и се појавуваат. Но потоа излегува дека и тоа не е точно. Дури и нуклеусот, кој го замислуваме како толку густ, се појавува и изчезнува исто како и електроните. Најцврстото нешто што можеме да го наречеме за сета оваа материја е дека е повеќе како мисла...како концентриран дел на информации.

Но велиме тоа е цврста материја, ја чувствуваме кога ќе ја допреме!
Но тоа е само напон кои го создаваат електроните и ги туркаат другите електрони пред да се допрат, така да излегува дека никој ништо не допира(суштински).

Квантната физика ги пресметува само можностите, но ако го прифатиме тоа, тогаш веднаш доаѓа прашањето кој, што, избира помеѓу овие моѓности, да го донесе дадениот настан на искуството. Па, директно, веднаш гледаме дека СВЕСТА мора да биде замешана. Набљудувачот не смее да биде игнориран.
Се знае што прави набљудувачот од гледна точка на квантната физика, но не се знае кој или што е набљудувачот. Имало обиди да се сфати тоа. Проучени се сите ќелии во мозокот, на секакви начини да се дознае кој е набљудувачот, и донесен е заклучок дека нема никој. Нема никој во мозокот. Нема никој во кората на мозокот. Нема никој во подкората, во лимбните региони, никаде. Нема никој наречен набљудувач. Но сепак сите ние го имаме искуството дека сме нечто наречено набљудувач, го набљудуваме надворешниот свет.

Единствениот одговор би бил дека во нас постои некој или нешто наречено Дух или Душа, сместена во 4 слојно биотело. Дух во машина. Свеста го вози возилото и ја набљудува околината...

Дали е тоа Креаторот, дали неможеме да го согледаме тоа попречени од електричните бури во мозокот наречени мисли-желби, стравови, навики итн? Интересно прашање. :)
 
Кој сум јас? Одлично прашање со глупав одговор.Јас сум се и ништо.Зошто е тоа така незнам,бидејќи јас сум ништо како може да знам нешто.Одговорот е јас сум се бидејќи се е ништо и јас сум ништо.

Пред некое време имаше ваква тема на која пишував.Во реалноста просторот не постои.Сите ние кои се движиме всушност стоиме во место.Ѕвездите кои се милиони светлосни години оддалеченост се всушност тука во нашите очи.Во тоа едно место во кое се наоѓаме сите ние всуност се наоѓа едно мало снопче светлина кое се нарекува свест(универзална свест).Таа свест се движи со најголема брзина на светот и го создава светот.Но бидејќи не постои простор по кој се движи тоа мало светлинче,тоа всушност стои во место.

Сите ние не е важно дали мртви или живи,свесни или несвесни,органски или неоргански сме всушност снопче свест и што и да направиме и да бидеме богаташи и сиромави и најпросветлени и нај заборавени во мислите и чуствата секогаш ќе останеме тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom