Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Се поправиле беПравила на Форумот
1) Регистрацијата на форумот е бесплатна! Секој има право на регистрирање и избор на корисничко име. Со самото регистрирање, членот се обврзува дека никогаш нема да го посредува своето корисничко име или својата лозинка на други членови или лица. Исто така, членот се согласува дека никогаш нема да користи две или повеќе членски имиња при пишувањето или разгледувањето на форумот. 2) RadioMk се обврзува дека ќе ја почитува приватноста и анонимноста на своите членови и гарантира дека вашите податоци нема да ги посредува на трети лица. При вашето регистрирање на форумот на RadioMk, потребни ќе ви се валидна електронска пошта и лозинка. Останатите податоци се по ваш избор.
3) RadioMk може да разоткрие нечии податоци ако се сомнева дека членот јавно ја загрозува безбедноста на податоците и на самиот форум. Со секоја ваша посета на форумот на RadioMk, вашата IP адреса се снима.
4) Членот се согласува дека нема да се служи со материјал кој е лажен, клеветнички, злоупотребен, вулгарен, полн со омраза (расна, национална, сексуална, културна или лична), вознемирувачки кон другите членови и материјал кој ја повредува приватноста на членовите.
5) Членот се согласува дека нема да нуди материјал кој е авторски заштитен или без дозвола на сопственикот на материјалот.
6) Рекламирање во сопствен интерес нема да се толерира. Секој линк кој води кон друга интернет страница и претставува тенденциозно рекламирање на истата ќе биде избришан. Ако сакате да се рекламирате на RadioMk, контактирајте со нашиот маркетинг оддел.
7) Членот се согласува дека нема да нуди линкови кои водат до страници на кои се нуди илегално симнување на софтвер, музика, филмови и други лиценцирани материјали, како и страни кои содржат вируси, тројанци и друг материјал кој може да наштети на RadioMk и членовите.
8) Модераторите и администраторите на форумот имаат целосно право (и должност) да ги избришат сите информации приложени на форумот со кои се кршат правилата. Тоа вклучува секакви содржини објавени на форумот и галеријата, информации за корисникот, аватари, потписи, па дури и целото корисничко име - доколку тие одлучат дека тоа е потребно.
9) Членот не смее да ги уништува темите на форумот со други информации кои не се поврзани со темата, лични муабети и слично. За се' што не е поврзано со темите на форумот, постојат приватните пораки.
10) Основен јазик на форумот е македонскиот, а препорачливо е користење на кирилица. Сите пораки напишани на странски јазик ќе бидат избришани, а членовите ќе бидат опоменати дека ги прекршуваат правилата.
11) Кршењето на правилата на форумот може да резултира и ќе резултира со бан, односно забранет пристап на страниците. За времетраењето на забраната одлучуваат администраторите на форумот, а членот ќе биде известен за причината и рокот на истекување.
12) Банираните членови, односно членовите со забранет пристап на форумот (привремено или трајно) не смеат да отворат ново членство. Доколку тоа се случи, тие ќе бидат трајно банирани или избришани.
13) Ако при кршењето на правилата се повредени законите на Република Македонија или некоја друга држава, доколку е потребно, администраторите може да соработуваат со сите домашни и странски правни институции, откривајќи ги сите потребни информации на прекршителот (IP адреса, e-mail...).
14) Сите мислења (и информации) објавени од членовите претставуваат лични ставови на членовите, а не на сопствениците на форумот.
15) Сите прашања во врска со RadioMk, форумот, правилата, ваши предлози, критики и сугестии може да ги објавите во форумот RadioMk каде ќе добиете одговор во најскоро можно време. Не "трчајте" по администраторите и модераторите насекаде на форумот, за прашања обратете се во форумот наменет за тоа.
16) RadioMk го задржува правото на промена на правилата, но се обврзува дека тие ќе бидат соопштени во најбрз можен рок.