ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Дали тоа го правеа СДСМ или го прават ВМРО кога се на власт би сакал да продискутираме токму на ова место.Вашите ставови може слободно да ги изнесувате без страв дека ќе бидете осудени и ставени на тапет во базата.
Како прилог на темава давам само еден пример за кој вреди исто така да се продискутира:
-И Тиквеш оди во раце на странски газда. Хидроцентралата Владата ја користи како адут за поголема атрактивност кај странците за тендерот за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште.
-Во услови кога на регионот му се заканува енергетска криза,а Македонија кубури со домашно производство на струја властите ги продаваат домашните капацитети. За ТЕЦ Неготино се чека владин потпис, но се уште не се знае кој од ресорните министри ќе го стави. Оваа продажба второрангираната компанија СЕНКАП ја прогласи за нетранспарентна, а за неа се заинтересира и американскиот Стејт Департмент.
Според тендерската постапка новите газди кои треба да бидат познати до крајот на годината ќе ја добијат Тиквеш под концесија за најмногу 70 години. Но, во тендерот никаде не е прецизирано каде ќе се продава струјата што ќе ја произведе ХЕЦ Тиквеш и по кои цени. Дали Македонија ќе го има ексклузивното право или пак струјата директно ќе се нуди на берза. Од ЕЛЕМ немаат одговор. Годишното производство од Тиквеш, според процени на експертите чини над 13 милиони евра.
Во понеделник 6-те странски компании кои влегоа во трката за изградба на Чебрен и Галиште ќе го скенираат теренот и јачината на реката црна од каде ќе се влече енергетскиот потенцијал, потврдија за Канал 5 владини извори.
Капацитетите пак кои остануваат во државна сопственост се истрошени и се почесто се во дефект. Свеж пример за тоа е РЕК Битола, која во рок од 10 дена 2 пати излезе од погон.
РЕК - от повторно работи со два блока. На надлежните им требаа 3 дена да го отстранат дефектот. За тоа време потребите од струја се задоволуваа со интервентен увоз од Србија што според добрите познавачи дневно државата ја чинело околу 120 илјади евра.