Кој им е проблемот на нашите медиуми?

  • Креатор на темата Креатор на темата FilipMacedon
  • Време на започнување Време на започнување
F

FilipMacedon

Гостин
Едноставно прашање,на кој барам едноставен одговор.
Дека има проблем е повеќе од сигурно,но тој проблем го кочи слободното и правилното новинарство,и медиумот кај нас повеќе од сигурно се користи како алатка за пропаганда и копромитирање
Едноставно тој проблем мора да се реши,доколку сакаме да имаме малку поздрав психички народ
Незнам нашиве новинари дали имаат мозок,или се само марионетки кои се заробени за една плата,со надеж дека ке има една бедна кариера,но така со своето известување(пропагирање) дирекно штетат на државата,уставот,па и на рамковниот договор.

Сведоци сме на билдање на еден настан,во кој круто се обвинува само едната страна(во овој случај комитите),кој всушност таа страна е оштетена,испровоцирана и нападната,но како и да е се билда работата божем Бејрут сме станале.

И овој настан не единствен,да не заборавиме цели статии и ударни вести отстапени за "грчките" херои кои имаат жолти картони,станаа медиумски ѕвезди.
Неколку дена билдање во медиумите имаше и за 'бугарската" хероина од Гевгелија,во кој верувам никој не го болеше левиот тестис зошто е во затвор,и зошто мажот и ја оставил.

Многу слични билдања штетни на државата имаше и во подоцнежниот период,во кој од многуте "битни" настани ке ми извините ги заборавив,но како и да е со вакви медиуми не сме ништо подобри од Северна Кореја,и на ваквите злоупотреби на газдите на медиуми за своите ситни профитни интереси редно е да се прекинат.

Толку од мене со надеж за послободни и попаметни медиуми
 
“Свесни сме за билдање на еден настан“

А шо да прават...да склучат А1, Сител, Канал 5, ЕРА, скај нет, телма и ред други канали само еден да ја каже вестта, само за да не се билда внимание на неа?

Новинарите ко новинари, за различни телевизии, имаат исти вести, бидејки тоа е тоа, тоа се случувањата во македонија, неможе нешто друго да измислат некои телевизии...или пак ај да немаме Вести - Македонија, само за светот...за да не се билда репутација на некој настан..
 
Нормално е тоа бе-мислиш на друго место поинаку е?Слободно новинарство:pos2:
Секаде медиумите се користат за лоботомизирање на населението само тие го прават тоа по затскриено и со усул(по некогаш и нешто точно кажуваат)-нашиве ептен аматерски го прават тоа...
И кога веќе ја спомнуваш страната која пробува да претстави се црно спомни ги и другите што постојано не убедуваат дека ни е супер.
 
“Свесни сме за билдање на еден настан“

А шо да прават...да склучат А1, Сител, Канал 5, ЕРА, скај нет, телма и ред други канали само еден да ја каже вестта, само за да не се билда внимание на неа?

Новинарите ко новинари, за различни телевизии, имаат исти вести, бидејки тоа е тоа, тоа се случувањата во македонија, неможе нешто друго да измислат некои телевизии...или пак ај да немаме Вести - Македонија, само за светот...за да не се билда репутација на некој настан..

Неколку дена само за тоа се зборува,и многу е битен начинот на кој се презентираат вестите,скоро не убедија дека се случила Кристална ноќ во Скопје
 
Неколку дена само за тоа се зборува,и многу е битен начинот на кој се презентираат вестите,скоро не убедија дека се случила Кристална ноќ во Скопје
А требаше да го остават тоа така? Еднаш да го кажат и готово...?
Вестта за смртта на Мајкл Џексон се емитираше месец дена...значи не е само наш проблем...може не е ни проблем...
 
Проблемот е тоа што мислат дека се над народот, дека се супериорни, попаметни, поинтелигентни и затоа повеќето одат контра народот, мислат дека со тоа ќе докажат нешто, но всушност ја покажуваат својата ништножност и новинарството како професија еднаква на проституцијата.
 
А требаше да го остават тоа така? Еднаш да го кажат и готово...?
Вестта за смртта на Мајкл Џексон се емитираше месец дена...значи не е само наш проблем...може не е ни проблем...

Неможеш да споредуваш кристални ноќи со смртта на Мајкл Џексон.
Проблемот е што се билда работата не само со повеќепатно емитување на истата вест,туку и со лажирање(пропагирање)без да остават простор да се чуе другата страна.
Исто се случува и со ранзнофилски херои,ги преувелучуваат работите.
Што не прават емисии за сите затвореници и лудаци,туку само за овие
 
Неколку дена само за тоа се зборува,и многу е битен начинот на кој се презентираат вестите,скоро не убедија дека се случила Кристална ноќ во Скопје



Да точно и не само неколку дена може и цела недела да се збори..Тоа е ептен глупо јас лично кога ќе видам некоја вест два пати кажана на една иста телевизија после неколку дена едноставно ми се гади...Ама што да се прави немаме друг избор освен да ги слушаме глупостите..Едноставно нашите медиуми служаат само за пропаганда и билдање на истите..
 
Не гледајте им ги вестите јас не им ги гледам. Гледам филмови, серии, спорт понекогаш ама вестите скоро никогаш :toe:.
 
Ау големата Македонија со новости па цело време само нови информации да пласираат. Тоа е тоа. Мала земја сме па и најмалата вест ја даваат на вести. Среќа(?) што имаме проблеми со комшииве зашто ке слушавме вести во стилот - Дупната гума на Партизанска или пак Брмчењето на моторџиите оглуве на 5 минути еден пензионер. Во Кина да ги пласираа вестиве како кај нас ке траеа цел ден и само нови информции ке имаше...
 
немаат доволно програма немаат што да даваат, немаат идеи за нешто ново со ноа забеганине емисии да се јавиш и да гопогодиш зборот кој е утепаа.боли.
а за нешто ново треба финансии.
па сега па не знам што им е на мтв за радиодифузнава такса морало да се плаќа, а програма никаква се прашувам кој гледа, само народни приказни се гледа др ништо се е загреови барем да имаше нешто интересно да платиш ама овака..
 
.....проблемот им е што нема кој да им направи проблем.
 
тоа е тоа...малограѓанштина...да се перело мозоци само...нека се Е**Т сите
 
Неколку дена само за тоа се зборува,и многу е битен начинот на кој се презентираат вестите,скоро не убедија дека се случила Кристална ноќ во Скопје

Чак Норис има право, новинарството е секаде исто во светот, но исто така мора да се напомене дека сите новинари не се исти, и дека има новинари кои нивната професија ја гледаат на сосем друг начин, како средство кое им помага на луѓето да ја дознаат целата вистина во врска со некои работи кои се случиле, се ставаат во служба на народот како што војската на еден начин му служи на народот, така и тие новинари на сличен начин му служат на народот. Инаку во врска со кристалната ноќ, тоа се случува кога една работа е кажана илјада пати, ако ме разбираш што сакам да ти кажам. :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom