Кој им е проблемот на нашите медиуми?

  • Креатор на темата Креатор на темата FilipMacedon
  • Време на започнување Време на започнување
Досадно им е, немаат за што да известуваат. Видете ги само А1, во секои вести има барем по една приказна за некое сиромашно семејство, некоја трагична приказна, чепкаат по приватен живот како некој уникат да се ликовите во приказната, па тупат на цела Македонија по едно 20 минути од сите вести. Дајте им интересен настан, ќе тупат за тоа, случката во Нерези колку и да не е тоа што ја направија медиумиве, на нив им дојде како прасе после пост, и што е нормално, се возбудија.
 
Имаме и медиуми ние? Деем, ама навистина многу сум испуштил во последниве години :(
 
Јас имам впечаток дека медиумите сами си креираат настани со цел да имаат што повеќе работа, да имаат за што зборуваат/пишуваат и најтрагично шпекулираат.

Секој ден се едно исто слушаш на вести и се едни работи се повторуваат.

Значи ова се топ настаните од кој во последно време ми е смачено да пуштам вести или да купам весник:


  1. Проблемот со името (само шпекулации-ништо конкретно и точно и ниту еден прилог не може да остане без изјава на т.н. „експерт„ )
  2. Европска унија и Нато (се едно исто, проклети бенчмаркови, едни критикуваат другите се утепуваат од фалење и ниту еден прилог не може да остане без изјава на т.н. „експерт„)
  3. Проблемот со соседите (овде немам коментар, секогаш на оваа тема испаѓаме најголеми лузери)
  4. ДУИ-ДПА-ВМРО ДПМНЕ-СДСМ (глупи комбинаторики и шпекулации што никогаш не се точни)
И така ова се повторува секој ден. Секој ден иста приказна. Секој ден прават некои си наводни анализи.

Што е најлошо секој медиум на свој начин си ги толкува информациите и недај боже да гледаш вести во ист ден на АЛФА и на СИТЕЛ самиот ќе мислиш дека си во тешка заблуда што ќе слушнеш сосема различни информации или во превод сосема различен начин на интерпретирање на истите дневни информации.
 
Многу ме нервира на медиумиве што филм од 2 саати со реклами ке трае 3 саати
И ај да се некои содржајни поучни реклами тие дават прашоци,влошки и шампони
И преку лето буквално никаква програма немат а во сезона ја натупуваат...5 емисии сакат за пола саат
Искрено и тука во Канада се такви...реклами леле...да забораиш до кај си стигнал со филмот
 
Кога земјоделец препродава три пати една пиперка, едноставно го прескокнуваш и бараш друг кој ти нуди свежа и поквалитетна пиперка... Кога трговец сака да ти подметне стока со изминат рок и слаб квалитет, едноставно веќе не му влегуваш во неговата продавница и бараш друг кој ќе ти понуди свежа стока... И така со многу нешта можеш да направиш избор...
Арно ама кога некој медиум не ти се допаѓа, ниту можеш да го смениш, ниту пак да го игнорираш. Моќта на манипулацијата што ја има те доведува до постојано искушение да го стискаш далечинското и да се надеваш дека следниот што ќе го одбереш ќе ти понуди квалитет. Но разочаран постепено се навикнуваш на силувањето и тоа во вистинската смисла на зборот т.е. на групното силување заради нивната самобендисаност дека тие се најдобрите е*ачи во здрав мозок. Така со текот на времето толку ни се бендисува што само со далечинското одбираме кој медиум по кој редослед да ни го „бапне“ за да кулминира нашето незадоволство во едно незаменсливо свршување и доживување на нирвана транс, притоа гласно викајќи и употребувајќи гласни воздишки од богатиот ковчег на нашиот македонски вулгарен речник.
 
Проблемот е тоа што мислат дека се над народот, дека се супериорни, попаметни, поинтелигентни и затоа повеќето одат контра народот, мислат дека со тоа ќе докажат нешто, но всушност ја покажуваат својата ништножност и новинарството како професија еднаква на проституцијата.
Добар си добар си, полека полека си го појачуваш речникот со нови зборови. Ми се допаѓа тоа, ете што прави форум искуството.
Не биди толку исфрустриран има и добри страни на тој бел свет...
И да, попаметни се од народот, од масата , од рајата
 
Анти-македонски насочени,повеќе од очигледно е.
 
проблемот е што сите се исполитизирани.....
и по тоа што се сончоглед медиуми...гледаат само пари.....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom