Кој и што знае да зготви?

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Знам да испржам компири, да направам пудинг, да сварам или испржам јајца, да сварам шпагети ( и макарони ) и тоа, ако ми текне уште нешто ќе пишам.
 

vaga1985

Разочарена од се
Член од
30 јули 2011
Мислења
1.564
Поени од реакции
418
Poveke znam da pravam testenini i torti i mangi znam ama ne bas gi pogoduvam.
 
I

Ivanovska

Гостин
Јајца, супа, шпагети, макарони, пржени, варени, печени компири, плескавица, стек, мусака, тавче-гравче и тоа. :D
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Кајгана, паста, салата, тост, сендвич .. тоа е тоа.
 

Belle

A Jedi
Член од
12 април 2009
Мислења
1.006
Поени од реакции
552
Тост и цедевита :vozbud:
--- надополнето: Aug 17, 2011 1:08 PM ---
Тост и цедевита :vozbud:
 
H

HITCH

Гостин
Боже, од кога не сум ја ѕирнала темава... :(

350 гр брашно, 200 гр салама, 200 гр кашкавал, 100 мл масло, неколку кисели краставички, 400 мл. јогурт, 4 јајца, малку пециво (рамна лажичка, а може и помалку од лажичка, ама нема да се расипе ниту цело пециво да ставите :pos:), сол и бибер.

Прво ја уклучувате рерната да се загрее, за да не чекате после. :noze: Ги сечете саламата и краставичките и го рендате кашкавалот.

Додека се загрева рерната, прво се мешаат јогуртот и јајцата, па им се додава брашното, кое претходно е измешано со пецивото, солта и биберот. Се меша да нема грутки и се додаваат: маслото, ситно исечената салама, ренданиот кашкавал и киселите краставички. Ова се промешува уште еднаш за да се соедини и се пече околу пола саат на 190 степени. (ќе ѕиркате во рерна, треба да фати кора одозгора и да зарумени).

Лесно е за правење и за јадење.

Со ова јадење може да се напиете што ви сака душа, иде со се`. :coffee:

П.С. Може да мешате со миксер, ама подобро ви е да си мешате со дрвена лажица. Не за друго, туку за да се чувствувате како Андријана Алачки, кога се препотува на Алфа ТВ, кога „подготвува“ некое вкусно јадење по рецептот на баба и, кое никако да испадне како што треба.:pos:

Читам вака и сфаќам дека освен да спржам јајца, да сварам макарони и такви некои работи друго ништо не знам.
Еден ден мајката на една моја другарка ни кажа да не се замараме да готвиме уште сега, зашто цел живот ќе го правиме тоа. Сега дома само тоа и го зборам на мама.


Да знаеш дека и јас така и викам на мајка ми, ама навистина е така. :pos:
 
Член од
14 август 2009
Мислења
27
Поени од реакции
13
Има ли некој убав рецепт за похуван кромид да го напише? Ако има, јас ќе допишам и сосче!
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Еве еден убав рецепт за љубителите на модар патлиџан ;)

Mусака со модар патлиџан

Потребни состојки:
- 500 гр. мелено месо
- 100 гр. ориз
- 2 главици кромид
- 1 пиперка
- малку магдонос
- 3 големи модри патлиџани
- зејтин
- сол, вегета, црвен пипер, бибер и кечап.

Подготовка:
Во тенџере со загреан зејтин ставете го исецканиот кромид да се запржи. Пред крајот на пржењето додајте ја исецканата пиперка. Ставете го меленото месо во подлабок сад и додајте 200-300 мл вода. Иситнете го да нема топчиња и сипете го во тенџерето со кромид и пиперка. Додајте бибер, 2 лажици кечап, сол и вегета и оставете да се пржи додека не му испари водата. Кога ќе испари водата, тргнете го тенџерето од рингла и додајте 1 лажица црвен пипер и исецкан магдонос. Потоа излупете ги модрите патлиџани и исецкајте ги по должина со дебелина од 5 mm. Вака исецканите патлиџани ставете ги во пластичен сад со вода и сол (за да излезе горчливиот вкус на патлиџаните :) ) и оставете ги да стојат 15 минути. Потоа ставете ги на крпа за да се исцедат и во мала количина зејтин пржете ги додека не поруменат. За тоа време вклучете ја рерната на 250 степени и оставете да се затопли. Во тенџерето со мелено месо додајте го измиениот и исчистен ориз, па
земете тава и редете од модрите патлиџани да го покриете дното. Врз редот патлиџани ставете од смесата со мелено месо и израмнете ја површината, па покријте со остатокот од модри патлиџани. Печете 30-40 минути на температура од 200 степени.
п.с.Мусакава одлично оди со салата од црвени домати :)
 
H

HITCH

Гостин
Има ли некој убав рецепт за похуван кромид да го напише? Ако има, јас ќе допишам и сосче!
Потребно: кромид, јајце, брашно и презла.

За брашно - мене мерата ми е околу 50 - 100 гр. за 3 - 4 главици кромид. Ќе го исечеш кромидот на кругови, па ќе ги разделиш на ленти. Дебелината на лентите кромид е по избор, ама подобро е потенки, ама не многу тенки за да немаш поим што јадеш. Па после ги валкаш во јајце, па во брашно, па во презла (некои ги валкаат и во пченкарно брашно, јас не, ние дома не го сакаме со пченкарно брашно), па ги пржиш круговите во загреано масло, а масло ставаш колку да ги прекрие одозгора. Задолжително „цеди“ го маслото на хартија, оти кромидот е ист како модриот патлиџан, многу впива масло. Ги пржиш додека да заруменат малку, не треба многу пржење, околу 2 минути, ама ти ќе видиш кога се готови. Мене похованиот кромид не ми е убав кога е многу пржен.

Ако е многу лут кромидот, ако се убиваш од плачење додека го спремаш :pos:, остави го да отстои околу 10 мин. во млеко, јас обично ставам 1 шоља млеко (шоља за кафе) во тањир за супа, ама зависи од кромидот, а и од вкусот. Има многу луѓе кои сакаат луто.

:noze: ЧЕКАМ СОС! :coffee:

П.С. Исто како што поховаш месо (свинско, пилешко...) за пржење, така и кромидот се похова. За презла и за брашно нема мера колку да ставиш, јас ставам од око. Пазам да не ми останува многу брашно, за да не фрлам после. :icon_lol: Обично ми се оттура малку повеќе, никако не можам да се научам со лажица да мерам. :mad:
 
Член од
12 август 2009
Мислења
32
Поени од реакции
10
Грав,Компир Манџа,Мусака,Палачинки,Шпагети ,Макарони,Полнети Пиперки,Мусака
 

Kajgana Shop

На врв Bottom