Кој го дели Македонецот?

Ме испревари, пред мене постираше, така што немам потреба да повторувам.

Е па, барем еднаш и јас така да ти направам тебе, пријателе!!!:baeh:
Белким за кусур нема да ми фаќаш?:pos2:


Поздрав
 
Македонецот на Македонецот му е - Македонец

Се што исковале човечките општества во текот на вековите за да ги обележат своите разлики, за да подигнат граници меѓусебе и другите, ќе трпи притисоци со стремеж да се намалат разликите и да се избришат границите, вели Амин Малуф, современ француски писател од либанско потекло, во својата книга „Погубни идентитети“. Книгата на авторот што го носи идентитетот на својата родна земја, но и идентитетот на Франција, земјата што го прифатила, прави преглед на комплексниот феномен на идентитетот, со кој се занимавале филозофите од Сократ до Фројд. И кој се уште го скокотка интересот на модерните мислители.

Глобализацијата или мондијализацијата, двата назива за истата појава на унифицирањето на светот, отвора нови простори за мислење на идентитетот во времето кога сите сакаат да станат исти, останувајќи притоа различни. Можно ли е тоа?

Зошто да не, вели Малуф. Повеќе од кое и да е време во историјата, светот им припаѓа на сите оние што сакаат да си најдат место во него. Но, треба ли да потсетам, прашува тој, дека не сме во ерата на масите, туку, и покрај извесни п(р)ојави, во ерата на индивидуите.

Дали е навистина така? Какво место си бара Македонија во светот што се глобализира? Каде сме ние во сите овие превирања? Кои сме и какви сме?

Кога Македонецот се заложува за себе - националист е

1 Колкава е улогата на системот, на општественото уредување во градењето и одбраната на националниот идентитет?

- Организираниот систем е одраз на општественото уредување и само литературна форма е дека тој би застанал зад поединецот. Мислам дека и кога застанува зад поединецот, тоа го прави за да се одбрани себеси, ако смета дека нападот врз единката може скапо да го чини, т.е. ако смета дека би го загрозил системот. Поинтелигентните системи изградиле стратегија со која се штитат себе, но оставаат впечаток на грижа за единките. Нашиов општествен систем се гледа дека е во предадолесценција бидејќи се грижи само за себе.

2 Имаме ли ние проблем со идентитетот?

- Имаме. Пред се, историски, прашањето на македонската нација беше само работа на институциите и на разни научни трудови, а љубовта кон државата и нацијата, во периодот од 1945 до 1992 година, се манифестира низ љубовта кон Тито и СФРЈ. Оваа шизофрена активност придонесе чувството кон македонското да е на ниво на „хоби“ или да е тајно, но тајно на историчен начин, за нешто што било порано, или љубовта кон Македонија да им биде препуштена на нашите „малцинства“ во другите држави. Во овој период се што било за Македонија, како да било против СФРЈ. Величењето на Македонецот, од тој период, се демонстрирало низ историски факти за страдање, порази и неуспеси - Карпошово востание, „Бегалка“ од Васил Иљоски, Ваташа, Февруарскиот поход, цар Самуил и др. Се сами порази и трагедии.

3 Но, се случувало национално да не мобилизираат атаците и негирањата. Може ли да се сакаме без да го мразиме другиот?

- Всушност, Јас + Ти + е една од основните тези на Ерик Берн и на трансакционата анализа, со која не се промовира алтруизам или некојси нереален однос на човекољубие до ниво на сопствено жртвување, туку спознавање на себеси и на другите и почитување на себе и на другиот. Кај нас е вкоренето, би било интересно и како тема за социолошко и антрополошко истражување, дека ако си го сакаш својот народ тогаш си националист. Така имаме секојдневно илустрација на два различни третмана на сопствената нација во Македонија. На пример, кога Албанците во парламентот или во медиумите говорат и се заложуваат за својот народ, тоа е за очекување бидејќи тие си го сакаат својот народ. Од друга страна, кога Македонецот се заложува за својот народ, тогаш е националист или романтична „будала“.

Така, вистински личен пораст и развој би значело созревање, што подразбира дека доколку се сакам себеси и своите од сопствената нација тоа не е на сметка на другите.

4 Влијаат ли и оспорувањата на сето тоа? Дали и тие можат да мобилизираат или единствено создаваат доза на одбивност кон негаторите?

- Оспорувањата го јакнат чувството, но на бунтовен, адолесцентен начин. По мене припадноста на една нација историски оди и низ преоден НАЦИОНАЛИЗАМ, кој кај нас беше од минорно долг период (гледано од историски аспект) и непостоење на организации што би ги „казнувале“ оние што не се патриоти или што работат против својот народ. Најпосле, дел од чувството кон својот народ и почитувањето за него, како што гледаме низ историјата, оди и низ стравот од тоа да не те казни сопствениот народ или да те отфрли, но низ активноста на разни организации. Инаку, чисто метафизичка е реченицата „да те отфрли или казни народот“, бидејќи од аспект на реалност, нема казна од народ, тоа го прават поединци, систем или организација.

Реликтите на граѓанското општество се уште виреат кај нас

Македонија, како и поголем број земји во светот, ја карактеризира етничка хетерогеност во чија основа лежат разликите во однос на религиозните чувства, јазикот, начинот на живеење на сопствената културна традиција и погледот на живот. Вака опишаниот културен амбиент во Македонија, посматран од аспект на неговата мултинационална основа, сам по себе, не може да се определи како декохезионен фактор во однос на глобалната интеграција на поширокиот општествен систем.

Во најголем број случаи ваквата издиференцирана конфигурација (втемелена врз постојните културни разлики), резултира со широк спектар интеракции, кои нудат богатство од животни содржини во сите сфери на дадениот социокултурен реалитет. Овие сознанија само до пред неколку години беа конкретни животни искуства. Етноприпаѓањето, во меѓувреме, се повеќе станува заштитен знак за сопствена самоидентификација. Фундаменталните човекови социопсихолошки потреби за сопствен идентитет, за сигурност и за заедништво, во најголема мера, се реализираат во рамките на етничката група на којашто се припаѓа, а се помалку во однос на глобалниот општествен амбиент. Личните ставови се повеќе им го отстапуваат своето место на општоприфатените ставови, најчесто наметнати од политичките водачи на постојниот етникум.

Стравот и недовербата, којашто во последно време се повеќе се интензивира во меѓусебната (не)комуникација, одат во прилог на создавањето негативни чувства спрема претставниците од другите етногрупи. Се потврдуваат веќе присутните етнички стереотипи, а се губи чувството за човечност, блискост, пријателство и соживот.

Но, треба да се избегне мистифицирањето на проблемот. Подвоеноста на македонското општествено и на политичкото ткиво не е исклучиво резултат на хетерогената етноконфесионална структура на овдешниот културен амбиент. Различни етнокултурни обележја на овие простори постоеле од дамнешни времиња, а сепак се живеело во мир и толеранција. Актуелните конфликти се, во голема мера, лоцирани во политичката сфера. Додека етноприпадноста (во нејзината радикална верзија именувана како етнонационализам) претставува реликт кога е во прашање современото граѓанско општество, таа на овие наши балкански простори се уште е присутна како стварност од прв ред, односно претставува механизам за остварување одредени политички интереси и цели.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1016&ArticleID=66900
 
kilo EU=1,25 identiteta, 1 Parce NATO=0,75 identiteta,za vlez,od sekoj covek u drzavata.Od koga ke vlezeme ,imas zagarantirano dozivotno ebenje.Ova bilo specialna cena so 30% popust,samo za nas.Ova vi e informacija od prva raka.Ke zaboraev,pocnale grcite da im se lutat na Francuzite.Pariz bilo anticko ime.Abe skroz poulavele site.:drk:
 
Пред да се конституриме како држава во склоп на бившата федерација, бевме разни -фили и -мани.
За време на таа федерација пак, бевме некои таканаречени "југословени" версус Македонци. Истото продолжи и во почетокот на нашата државна независност.

Денес, веќе немаме оправдување за таа поделеност. Нема повеќе соседни држави кои присилно асимилираат, нема федерации кои сакаат да создадат вештачки идентитет...нема надворешен насилник кој наметнува делење.

Денеска сета одговорност е наша, и е ситуација на Македонец против Македонец, во буквална смисла. И истото е особено трагично. Многу потрагично од поделбите во минатото. Затоа што причините за сегашнава делба веќе не можат да се припишат на никој однадвор, односно ги создаваме сами.

Имавме сосема доволно време да креираме унифициран идентитет и заедничка национална свест. Но, тоа не го направивме.

Сега имаме "антички" македонци, наречени и националисти, фашисти, изолационисти и што уште не, наспрам македонци словени, кои се "проевропски" и "космополитски" ориентирани.

Да биде уште потажно, таа поделба се наметнува од страна на разни политиканти, кои се користат со квази-историски факти, без притоа да имаат никакви познавања од историјата. Сето нивно познавање на таа наука се базира врз учебниците по историја за основно и средно образование со екс сфрј редактура.

Иако не сакам да споменувам имиња на политиканти во темава, не можам, а да не посочам на Фрчковски кој ја започна својата кампања со најотворено залагање за таква поделба.
Имено, "експертот" бомбардира со лаги, создавајќи страв кај луѓето, преку тоа што неосновано им тврди дека преку поврзувањето со античкото минато, ние се откажуваме од словеноството, Кирил и Методиј, јазикот и сл.

Притоа, овој кандидат за претседател, или не знае, или намерно премолчува, дека преку оправдано и научно поткрепено признавање на античкото минато, ние на НИКАКОВ НАЧИН НЕ се откажуваме од словеноството, јазикот итн.
Напротив, истите ги гледаме во поинакво светло, кое го нудат новите научни и арехолошки откритија.

Се на се, античкото минато ни дава корен кој овозможува докажување на вистински Македонски континуитет.

Понатаму, тука е и залагањето за влез во ЕУ и НАТО по цена на идентитет, и постоењето надвор од тие организации, но со засилен идентет и национална свесност.

И пак се наметнува Фрчковски како пример на некој што лаже (и пострашно, ги засилува делбите) сеејќи апокалиптични сценарија дека без име се може, а без ЕУ и НАТО не се може, притоа нарекувајќи ја желбата за национално достоинство изолационизам и фашизам.

А, како уште еден пример за поделба е и поимот "провокација" кон Грција. Она што за едни не е никаква провокација, туку полноправно бранење и афирмација на сопствениот идентитет и историја, за други е хистеричен национализам и лутење на моќната Грција.

И сево ова се изведува на ниво на политички играрии и препукувања. Обичниот народ се наоѓа фатен помеѓу ваквите вештачки поделби, и затоа што одбива сам, критички да пресуди, се приклонува махинално, по инерција до страната која му ја диктира политичката партија за која навива.

Кај народот не постои идеа за единствена национална припадност и интереси.
Тој својата припадност ја одредува одредува врз основ на политичката структура која ја симпатизира. Затоа и толку лесно се дели преку манипулациите извршени од политичките партии.

И по не знам кој пат ќе повторам, не постои Македонско јадро.
Нема заедничка свест за припадност кон Македонија, ниту определба Македонец.
Не постои точка која ќе биде обединител.
И токму тоа е проблемот. Оттаму делењата.

Кога кај сите во свеста би се втиснало дека врховната и заедничка цел е Македонија, и дека единствената важна определба е Македонец, тогаш вакви поделби едноставно не би биле можни. Барем не во волкав размер.
 
Денес сме независна држава меѓутоа влијанието на пропагандите на соседните држави оставило длабоки траги кои ги чувствуваме и денес:toe:
 
Aда,потполно се согласувам со твојот пост,и би додал само уште нешто во врска со Македонија и нејзината култура,нација,идентитет на нашиот народ...

Крај на краиштата,мене и не ми е толку битно какво потекло имал Александар,какво цар Самоил,какво Гоце Делчев,какво гемиџиите итн...


Важното е што сите гореспоменати се бореле за единство и слобода на македонската земја.

И го молам Господ да се најде некој македонски политичар,кој јасно и гласно ќе излезе пред јавноста со ставот:
,,Ова е наша земја и не била на никого друг,,
,,Нас не не интересира на кого припаѓало минатото,нас не интересира единствено што имаме своја сопствена држава и се што е пронајдено и се случувало на нејзина територија,ние имаме потполно право да го сметаме за свое!!!,,


Баш ваков став би требало да крепат нашите политичари и дај Боже да се најде барем еден асолен,кој ќе го изјави болдираното.
 
Dobro kako anticki narod sme imale i monetaren sistem i svasta...zarem ne e logicno
da dojdat nepismeni pleminja(SLOVENITE)da ograbuvaat i napagaat a posle da gi asimiliraat makedoncite koi veke bile CIVILIZIRANI ili potocno kako moze nepismen da cita vesnik jas mislam deka SLOVENITE SE MAKEDONIZIRALE pa i se vikale makedonski slavjani:smir:
 
Значи владата и групи национално освестени Македонци прават обиди за зацврстување на националниот дух и националниот идентитет.
Преку разни кампањи,градење споменици на личности од нашата историја,пропаганда на интернет,вистинско толкување на нашата историја итн.
Е опозит на тоа имаш една багра самопрогласени "експерти" кои цело време без никакви аргументи се трудат да ја омаловажат и исмејат работата на овие групи и поединци...нарекувајки ги националисти,фашисти,расисти итн..
Јас мислам дека кај обичниот Македонец барем оваква поделба на антички и Словени не постои.
Фактот што овие "експерти" така остро укажуваат на поделба е најголем доказ дека таа не постои.
 
Mislam deka greskata se sluci vo jugoslavija..NELI BRATSTVO-EDINSTVO(vidovme kakvo bese)togas trebase istoricarite da recat STOP nie sme anticki makedonci i NEMA OTSTAPKI...e sega poradi taa greska nie ke se delime koj bil anticki koj ne...:pos2:
 
Mislam deka greskata se sluci vo jugoslavija..NELI BRATSTVO-EDINSTVO(vidovme kakvo bese)togas trebase istoricarite da recat STOP nie sme anticki makedonci i NEMA OTSTAPKI...e sega poradi taa greska nie ke se delime koj bil anticki koj ne...:pos2:
Ама во тој случај Југославија(федерација на јужно словенските народи)би немала смисла....затоа се си мислам дека тој што ќе се осмелел да каже СТОП ќе кцал камен на голи оток.
 
Mislam deka greskata se sluci vo jugoslavija..NELI BRATSTVO-EDINSTVO(vidovme kakvo bese)togas trebase istoricarite da recat STOP nie sme anticki makedonci i NEMA OTSTAPKI...e sega poradi taa greska nie ke se delime koj bil anticki koj ne...:pos2:

Па,еден од условите да опстанеме во пештерата на Али-Баба,наречена Југославија,беше да се сметаме(поточно да не сметаат) за Славјани,а Антиката неправедно им беше поклонета на Грците.

И ние си останавме со прстот в уста и си ја свиркавме ,,Хеј Словени,,

Последиците од таа Југославија ги гледаме токму во ова денешно време,каде и сме сведоци на разни неправдини.

Но,сепак животот не се мери според лошите,ами според добрите работи...така да ајде да го гледаме животот оптимистички.

Нештата во Македонија и не се така црни како што некои однадвор(па и одвнатре) ги доживуваат.
 
Македонецот на Македонецот му е - Македонец
Kвотираната реченица е погрешна како наслов за колумната бидејки таа поседува позитивна конотација или можеби станува збор за обид да се извалка и терминот „македонец“ поради сета позитивност која ја носи.
Како и да е, треба да се каже на овој начин:
Македончето на Македонецот му е - Македонче

Доколку во предвид го земеме кажаното:
„Тој што работи за грчки, српски и бугарски интереси не може да се нарече добар македонец. Тој е добар грк, србин или бугарин.“
Ќе добиеме потврда за позитивноста на квотираната фраза и сомнеж дека е обид за втемелување на поинаква конотација на зборот „македонец“.
Исто така, негативната конотација која ја поседува зборот „македонче“ се потврдува со сета своја негативност и си ја добива својата вистинска форма.

Е се`а, за да се зголеми бројот на тие кои се национално свесни потребно е да се воведе обратна или контра активност на таа која врз македонците е вршена за време на СФРЈ. Да! Таква активност постоеше и тоа со документи и се состоеше во создавање на чувство на одбивност кон нашите корени и создавање на чувство на дефетизам и апатија кај македонците, односно секој обид за унапредување на сопственото општеството беше пресретнато со вештачки потешкотии кои не ги чувствуваа другите народи.
Покрај селското население ние имавме и градско, но секогаш се покажувале селските средини и манири, а се криеле манирите на тие кои беа населени во урбаните средини. Патриотската мисла беше насочувана кон предавниците и нашата наводна предавничка природа наместо безбројните херои и нивните дела.
Спомнатите примери се мал дел од општествениот иженеринг кој бил вршен врз македонското население како договор меѓу СФРЈ и Грција за мир во соседството, односно да се искорени секакво национално чувство врзано за сопственото потекло и да се замени со некаква задкарпатска словенштина.

Значи активно се работело на отстранување на националната гордост на македонецот и во времето кога сме биле наводно слободни. Разликата помеѓу патриотизмот и националната гордост е во тоа што патриотизмот е чувство кое може да се потикне или спласне. За разлика од националната гордост која е заснована врз познавање на постоечките создадени вредности во минатото или во современието на својот народ. Со здраво чувство на национална гордост не може лесно да се манипулира преку пропагандни активности како со патриотското чувство. Сепак секоја национално горда личност е патриот на својот народ и всушност затоа е патриот. Национално горда личност не е врзана за политчка партија за сопствениот опстанок, ниту пак може лесно да се убеди дека мора да се проституира за некаков, несигурен, иден напредок. Таква личност се врзува за припадници на сопствениот народ преку здрави односи, односно преку меѓусебна почит, разбирање, помош и остварување на заеднички интереси.
Би требало да е јасно преку штурово објаснување да увидите зошто врз нас, во минатото, се вршени активности за отстранување на причините за создавање на национална гордост кај македонците. Денес причините се малку поразлични, но ефектот е ист. Национално горди личности се пред се` личности, а за колективистички уредени општества постоење на личности е непожелно.

Јас поседувам силна национална гордост. Не само затоа што во минатото нашите претци правеле вака или онака. Национално сум горд бидејки ваков каков што сме народ и тоа опкружени со, благо речено, недобронамерни соседи успеавме да си го оствариме нашиот вековен идеал, самостојна држава!!! И тоа без никаква помош, со многу пречки, сепак успеавме!!!:je:
Не постои друг народ на планетава кој може да се пофали со ваков успех!!!:aplauz::je:

Ако ова не е доволно добра причина да се биде горд да си македонец не знам што е!!!
Постојат многу причини македонецот да биде национално горд. Кога ова ќе стане очигледно и за слепците во нашето општество обиди за делби ќе нема бидејки заеднички ќе им ги ископаме очите на тие кои ќе се обидат да не делат.


Поздрав:helou:
 
Денес сме независна држава меѓутоа влијанието на пропагандите на соседните држави оставило длабоки траги кои ги чувствуваме и денес:toe:
Во претходниот мој пост (јес да беше километарски) кажав дека неможе повеќе да бараме оправдување во пропагандите и влијанијата на соседните држави.

Помина сосема доволно време за да се "имунизираме" од истите.

Пример, Хрватска...Не гледам дека денес има особена делба на хрвати кои се осеќаат ко австро-унаграци, хрвати-југословени и само хрвати.
Денеска тие се сите Хрвати, во Хрватска, која им е врховен интерес.

Нас сега не делат политиканти, злоупотребувајќи ја историјата и патриотизмот, за да ќарат политички поени.

Но, главната кривица е кај народот. Народот кој НЕ е освестен национално, кој нема заедничко Македонско јадро.
Кога би го имал, ни една политичка партија не би можела да го поколеба неговиот историски континуитет и национален идентитет и достоинство.
 
Доколку во предвид го земеме кажаното:
„Тој што работи за грчки, српски и бугарски интереси не може да се нарече добар македонец. Тој е добар грк, србин или бугарин.“

protivpropaganda, мислиш на зборовите на Гоце Делчев?Ако е така, дали си свесен дека шириш пропаганда?

Во оригиналот нема никаде Срби.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom