Кој е виновен за нашите грешки?

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување
Јас многу пати умеам да си направам филм (за сопствени потреби) во кој нормално целосна кривица паѓа на друг! И после ми е полесно. Си го чувам филмот во BrainPlayer-от се додека не ми се намали интензитетот на катастрофата.
Е, после можеби ќе размислам колку сум уствари тиква...
 
Тргнувајќи од фактот дека секој има право на сопствен избор и одлуки во животот, логично е дека и сам е виновен за сопствените грешки. Како и да е, во животот не постојат грешки, туку само ненаучени лекции! - ако е некоја поприфатлива утеха отколку да ја префрламе вината на друг.
 
Кој ќе пресече?

Сега помодерно кажано кој ќе попушти и ќе рече го рече „најтешкото“ извини. :pos:
Јас, ако сум крива, немам проблем да си признаам! Прво се извинувам, па ќе си побрборам малку за причините, поради кои сум мислела дека сум во право, арно ама не сум била, си наведнувам глава и си ќутам чекајќи го одговорот од другата страна. Најмногу го мразам делот: ти реков јас... ама ако јас сум виновна, прва викам: знам дека ти ми рече, извини ама јас не те послушав... Чудно е како цело време се сопнувам на исти грешки. Најмачно ми е кога некој знае дека не е во право и само брбори без да признае!
Вината секогаш е во двајцата!
 
Нема друго - сами сме си криви за ризиците, постапките

Дали се грешки или правилни одлуки ... времето ќе покаже

Грешки ќе бидат ако така мислиме и исто така ќе бидат оправдани постапки ако така чуствуваме

Не е убаво да се префрла бесот, лутината, комплексите и фрустрациите на другиот ... она што го мислиме за себе, поради што се каеме и сме си лути - го префрламе на другиот, на околината ... демек тие ни се криви ... тоа е сложен одбранбен психички процес ... за кој треба да сме многу свесни кога и зошто го активираме - за да можеме да го препознаеме и да не го применуваме

Најлошо е сепак сметам бесот и лутината постојано да си ја префлраме сами на себе, а не на другите ... во тој случај можеме несвесно да навлеземе во фрустрации, агресија, депресија ...

Треба да посветуваме повеќе време на себе-спознавање ... на начин својствен за нас самите ... тоа ни фали на сите денес ... во ова стресно и со брзо темпо време на живеење
 
Јас мислам дека никогаш не може еден да е виновен за некоја грешка. Ако едниот греши, другиот оставил простор за тоа или дал повод да се случи. :toe:
 
Ретко кога некој сака да си ги признае сопствените грешки.Многу е полесно да се префрли вината на другите.
Кога сум крива признавам, и знам да се извинам.
 
Се додека не учиме од нашите грешки, нон стоп ќе покажуваме со прстот.
Никој нема да биде крив доколку учиме од грешките и едноставно работите ќе си поминат така како што требало - лесно.
Ќе нема ни point the finger ниту пак превземање на вината оти нели - it wasn't ment to be.
 
Nasa greska e samo ako namerno sme zgresile no ako sme napravile sve sto e do nas sve sto e nasa mok da e ok a ispadnalo ne ok e toas kriv e Gospod!On sve prai od nego e sve taka da e on e dezurni krivac!
 
Навидум глупо прашање,кој би можел освен ние самите,но дали е така?
Разговарајќи со луѓето околу мене,доаѓам до константација дека сите бараат оправдувања за она што го погрешиле,односно се обидуваат да ја исперат својата совест префрлајќи или делејќи ја вината.
Вие што мислите?
Јас сум секогаш за се виновна, затоа што го сакам и посакувам, за тоа што ме прави среќна или несреќна, јас сум апсолутниот дежурен виновник и конечно се помирив со улогата, па решив да им верувам.
Сега во моментите на луцидност, или најверојатно затоа што сум сама, после 30.000 анализа на тоа што тргнало погрешно и зошто сум одлучила да си заминам, ми станува јасно дека биле во право, комплетно.Јас сум била таа која што трпела се што ми приредувале, таа која што оправдувала, таа која што давала премногу или премногу земала и тоа по погрешен редослед.Јас сум таа која што не знае што сака секогаш од мене се бара да знам.

Да бидам искрена, убаво ми е така, тоа секогаш ми останува за да се утешам сама себе, ако јас сум виновна, тогаш јас сум во контрола и од мене зависи до каде ќе одам или кои грешки ќе изберам да ги направам.Страшно е кога знаеш дека некој друг може да те повреди, но кога тоа си го правиш на сам себе, се оправдуваш со паролата дека тоа е за да се потсетиш дека си жив.Кога знаеш дека ќе те убие ако некој те остави, ти го оставаш прв затоа што таа болка можеш да ја преживееш.
Аналогијата и логиката можеби не се баш логични, ама и те како вреди за да се убедиш себе дека барем ти си тој кој што има избор.
 
Јас во последната врска во која бев пак, развив дијаметрално спротивна особина.. За се бев јас крива. Тој ќе се испонаша како морон - јас ќе „сфатам“ дека имам превисоки очекувања... Него не му е денот и ми го заебува и мене - јас се извинувам за тоа што сум го направила а не ми е јасно што...
На крајот дури и некое време бев убедена дека раскинувањето е поради мене, а не поради тоа што тој е разгалено дете што не знае што сака со себе...

Јас сум моментално во таква врска :) Го разбирам ова шо го имаш напишано перфектно.
Јас сум крива, секогаш. (ова за врската :) )
А инаку у глобала, ситуацијата и годинките што ни се нижат, бојата на мозокот, алкохолот во крвта хахаха и многу други фактори. Заклучок: Не сме ние криви, сплетот на околности е.
 
Прашањето гласи : - Кој е виновен за НАШИТЕ грешки ? Така да, тука не можам да ја мешам партнерката. А и онака една од најглупите работи шо можам да му речам на некој ми е - Ти Си Крив, заради тебе ! Колку само ми смрди ова. Како било... Јас, и само ЈАС, сум крив за моите грешки.
 
За моите грешки сум крива само јас, никогаш не обвинувам некој друг. Единствено нешто што ми смета е дека луѓето што ме знаат, знаат дека сум мирна и дека не сакам да се карам, па најчесто јас сум крива за нивните грешки. (n)
 
Јас самиот,мојата недоволна проценка на ситуацијата и погрешно донесената одлука.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom