Кој е вашиот тениски фаворит?

Кој е вашиот омилен тенисер?


  • Вкупно гласачи
    87
1. Роже (y)
2. Ноле

х. Рафа и Енди Мари не можам да ги поднесам.
 
Џокович No.1 Го почитувам и Федерер поради одличната игра, а играта на Надал не можам да ја поднесам, казна за очи.. btw имаш напишано Тенисот не е тенис без Надал..баш спротивното, тенисот е тенис без Надал, со играње, не само со трчење :D
 
Џокович No.1 Го почитувам и Федерер поради одличната игра, а играта на Надал не можам да ја поднесам, казна за очи.. btw имаш напишано Тенисот не е тенис без Надал..баш спротивното, тенисот е тенис без Надал, со играње, не само со трчење :D

Тука си грешка, Надал значително ја подобри својата игра од 2010 па наваму. Многу е поагресивен и помалку трча.

Федерер, нема што да се објаснува како и зошто.
Се е јасно. :D
 
Тука си грешка, Надал значително ја подобри својата игра од 2010 па наваму. Многу е поагресивен и помалку трча.


Се е јасно. :D
Сите играчи се агресивни на лесни топки, пенали.. :)) А за трчењето..уште си трче и само враќа само што некогаш му се случува да нападне (релативно лесни топки) :)
 
fativ malku od YU periodot i Zivojinovic ,bash navivacki ,ama malce radosti ,ke mu dojde isto kako sega da navivash za Aston Vila...posle Sampras go simpatishev no nishto posebno ,navivav za tenisot ...se do pojavata na Novak...ponatamu ,se znae,nema shto da se objasnuva kako i zoshto...
 
обично сум против спортистите од бивша СФРЈ(не сакам да бидат повеќе од нас) ама Новак според мене е најголемиот спортист шо овие простори некогаш ги дале
посебно се изненадив кога од Србин слушнав муабет дека Ноле бил фолирант...па да не беше Новак бе милијарда луѓе помалку во светот би знаеле дека Србија постои
така да според мене Ѓоковиќ
 
534703_510132695664382_1573719320_n.png
 
Навивам за Надал од 2006/7. (y)
 
Како успеавте да расипете вака фина тема. Многу е просто, пиши за кого навиваш и зошто. Не ми лепите сликици или просто со еден збор. Тотален нон сенс за ваква тема.

Он Топик:

Тенис од кога гледам не можам да се сетам точно, ми текнува на настапите на Хјуит и Родик, Сафин кога беа во врв на игра. Значи некаде 2000/2001, така ќе му дојде. Никогаш не навивав за никого си гледав. Е за Хингис навивав богами. Човече каква тенисерка беше тоа, дури и како детиште кое многу не се разбира во потези, поени, па уште учев тениски правила ко што треба девојката ме импресионира.

Се се смени кога се појави ривалството Роџер-Рафа. Порано тенис ќе следиш, колку што даваат на ТВ. Па така што даваа на Тв, тоа си гледав и Вимблдон благодарение на Телма и МТВ го засакав до коска. Класа турнир кој го сакам најмногу од сите. Е сега, муабетот ми беше ги гледав и Роџер и Рафа, нивната игра, стилот, односот на терен. Ги почитував двајцата како играчи. Ама финалето на Вимбдлон 2008 ме направи фан на Рафа. Човекот комплетно ме импресионира. Страшен фајтер, ментално поцврст од било кој што сум го видела. Абе еднаш да го видев да фрли рекет. Шанса нема. А толку скромно човече надвор од терен, тоа чудо едно. Сите емоции ги исфрла надвор откако ќе се одигра последниот поен. Рафа веројатно ќе биде првиот и последниот тенисер за кој ќе навивам. Не верувам дека ќе се појави некогаш човек како него кој ќе ме импресионира во толкава мера како него. И страшно ми фали на терен. Едвај го чекам да заигра пак.

Rafael-Nadal-French-Open-2012-final-joy_2779253i.jpg
 
Од порано Пит Сампрас а сега Енди Мареј- Го следам уште од 2006та, милсам дека е неверојатен и може да постигне уште многу во кариерата. Потекнуда од искомплексирана тениска земја која пред секој Вимболдон има големи очекувања од него а на крајот он е соочен со критиките доколку не успее да го освои турнирот. Но најдобра работа е тоа што тој не се ни грижи за мислењето на фановите/таблоидите во Британија. Он е амбициозен и секогаш стој на земја и се обидува да се подобри во секој поглед. Не заборава колку жртвувало неговото семејство за испраќање во Барселона за конечно да се оствари неговиот сон -да стане професионален тенисер. Мислам дека е најскромниот тенисер во свототот и никогаш не сум чул да каже лоши зборови за противникот. На почетокот од кариерата немаше многу среќа,имаше повреда и противниците беа многу добри но добро е тоа што конечно дојдоа успесите и тоа ќе биде голема предност за него во иднина,очекувам во следниве неколку години да има слична сезона на онаа на Џокович од лани и Надал од предлани.

изменето од Игор Ј. 24.11.2012 (23:46)
 
Вака. Јас пратам спорт од 6 години . Почнав со фудбал нормално , па кошарка . Со тенисот се запознав еден Аустралиан Опен , далои 96та 97ма ли беше . Знам само дека мојот фаворит Бјоркман изгуби во 1/4 финалето тогаш ( беше изненадување на турнирот).
Потоа падна Бјоркман во формата , но се појави Енквист , кој стигна и до големото финале на А0 околу 97-98ма година . Изгуби од Кафелников 3-1 , се сеќавам дека станав со сестра ми во никое време да гледаме на ТВ стар од 1980 година и нечиста слика. Се тресев како лист на тој меч Дете.

Потоа повеќе немав тенисер по кој би сечел вени . Едноставно почнав да гледам од забава . Нормално со повеќе или помалку симпатии кон некои играчи . Денес , од топ4 тенисерите најомилен ми е Надал . Од следната класа Ферер. Но , како што кажав , тенисот (а и сите други спортови) ги гледам чисто за забава , едноставно само сакам да гледам чист меч , без судиски неправди . И секогаш сум против разгалени играчи , и играчи со идиотски карактер.
 
Елеганцијата секогаш ми била многу важна до сега во животот, па така неа ја барам и во спортот. А поголема елеганција во тенисот од Федерер незнам дали ќе има некогаш, неверојатни удари прави да изгледаат толку лесно и едноставно. За Федерер навивам откога пратам тенис, а тоа е некаде 2006-07 година и ми влезе подкожа брзо, тешко дека ќе имам некој друг омилен како него во иднина.
 
Ѓоковиќ, затоа што е наш, и затоа што има најдобар бекхенд, haters gonna hate.
 
Ноле прв пат кога гледав тенис не имав некој фаворит ама откако се појави Ѓоковиќ за него се тресам и сите по дома ги заразив со тенис (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom