Кој е вашиот тениски фаворит?

Кој е вашиот омилен тенисер?


  • Вкупно гласачи
    87

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.038
Поени од реакции
3.635
Често пати се прашувам чиј фанови се најбројни тука на форумов? На Надал, на Ѓоковиќ или пак на Федерер? Сега може да гласате во анкетата, сигурен сум дека сите се заинтересирани за тоа како ќе се движат резултатите.

Покрај тоа, во оваа тема би сакал да го напишете и името на вашиот тениски миленик во ново мислење и од кога навивате за него, со што Ве импресионирал на почетокот итн.

Јас лично навивам за Надал од крајот на 2005та година. Тенис гледам уште од порано, но без некој позначаен фаворит. На почетокот сум навивал за Фереро, исто така мило ми било и на победи на Хјуит, Гонзалез, Љубичич. Иначе до 2005та година повеќе следев фудбал и се "замарав" со Барса, но од крајот на 2005та година го следам скоро секој турнир, а исклучиво секој каде настапува Надал.
Мечот после кој сум фан на Надал е оној во Мадрид, финалето во кое татко ми навиваше за Љубичич. Баш се сеќавам дека Хрватот водеше 2-0 во сетови и татко ми ми вика " Еве дека победава на Ролан Гарос беше само еден добар турнир " , потоа Надал направи пресврт и го доби мечот во 5 сета, во тајбрејк во последниот сет. Од тој момент навивам за Надал и морам да признам дека едвај чекам да се врати на теренот... бидејќи тенисот не е тенис без Надал....


Очекувам и некој од вас да напише од кога навива за својот фаворит и како почнал :)
 
Навивам за Федерер од ~2007ма година, пред тоа не следев многу тенис, гледав на МТВ ко мал Агаси-Сампрас финалиња, Кафелникови, Иванишевичи и сл. но ништо посебно.
Интересното е што како формата на Федерер му стагнираше и неговата доминантност му се намалуваше, се повеќе и повеќе станував негов фан.
 
Рафаел Надал е тенисерот за кој навивам и тоа многу одамна, негде од 2005 година, од РГ негде, таму ме импресионираше и од тогаш сум негов страсен фан.
 
Кога бев мал, кога реално гледано не ни пратев тенис, бев за Родик иако не знаев ни како изгледа, таму негде од 2005/06 за Ѓоковиќ.
 
Марин Чилиќ

Да, да, добро видовте... :ROFLMAO:
 
Надал!

Првиот РГ го гледав дома и уште беше почеток на турнирот и знам вујко ми беше кај нас дома баш гледавме натпревaр кај што играше Надал и кажа, од детево се очекува многу, ептен ветува. И тогаш ме импресионираше со брзината, страста со која играше. И од тој натпревар натаму јас станав негов обожавател. На неколку места сум кажала, ја обожавам таа негова страст, човекот е вулкан од емоции. И ми фалеше многу периодов... :(

Од секогаш сум гледала и сакала тенис, ама порано повеќе имав фаворити меѓу жените - Хингис, Селеш обожавав да ги гледам и ми беа омилени, додека кај мажите немав некој посебен фаворит, го сакав Марио Анчиќ, ми се допаѓаше како играч, штета што ја заврши кариерата, и тој ветуваше, со 17 години го победи Федерер на Вимблдон и тоа мислам дека прво/второ коло некаде. И Родик ми беше ок, ама повеќе му се дивев за сервисот, ко играч нешто никад не ми бил посебно.
 
Првпат онака се заинтересирав за тенис кога многу се зборуваше за тој турнирот во кој Џокович имаше проблеми со лизгањето на патките и мислам дека поради и не ни успеа да победи (такви муабети се вртеа).
Потоа почнав да гледам само Вимблдон, победи Надал, па разбрав дека првиот Гренслем му бил на 16 год. исто на Вимблдон и почнав да навивам за него. Потоа постепено почнав да ги следам и другите турнири, се интересирав, гледав на јутуб и постари турнири, па читав на вики за тенисерите... итн.
Ги почитувам и Федерер и Џокович, исто и Родик, само Енди Мареј не можам да го сварам.
И така потоа па и добив желба за играње, па почнав да играм рекреативно, па еден другар (тренер) ме научи на основните правила, па го добив и првиот рекет.... и се така постепено...
 
Федерер, нема што да се објаснува како и зошто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom