Да се навратиме на Бранко Црвенковски и неговите успеси
тој беше премиер од 92 до 98 година, шест тешки години Македонија ги преброди со Бранко Црвенковски, во неговото владеење тогаш тој направи многу грешки, но во поновава историја не е најгрешен, но да се потсетиме дека беше најмлад премиер на држава во Европа, немаше искуство, но стекна, се учеше на грешките, доби земја во своите раце која беше единствена со Словенија од поранешна Југославија што не заврши во војна, тоа е успех за него бидејќи тој беше премиер во тоа време.
Се случија многу корупциски скандали, многу пари беа украдени од државата, многу криминалци во тогашно време денес се наоѓаат на врвот на Македонската политика односно се спонзори на владеачката ДПМНЕ, можам да ги споменам Штерјо Наков и Орце Камчев.
На Бранко Црвенковски може да му го препишиме и (не)успехот што ја извади Македонија од тогашната криза кога границите беа затворени од страна на Грција со решение неповолно за нас, но сепак привремено.
Бранко Црвенковски е најзаслужен за признавањето на над 120 земји, меѓу кои САД, Русија и Кина, иако во време на ВМРО, еднаш се скаравме, подоцна по доаѓањето на власт на СДСМ повторно беа воспоставени односи со Кина.
Бранко Црвенковски е почитуван политичар, многу популарен, можеби најпопуларен во Македонската историја, контраверзен, харизматичен кој секогаш излегувал победник на сите дуели со своите политички противници.
Многу афери поврзани со него, но досега никој не докажал ништо, еве доказ за тоа се и постојаните контроли и проверки, големата истрага која што се води во ВМРО-ДПМНЕ т.е. МВР која налага проверка на сиот имот на Бранко Црвенковски, стекнувањето на истиот имот - досега не е пронајдено ништо што е незаконско.
Човекот го бива за политика и верувам дека му требаат само неколку месеци да биде претседател на СДСМ за да го порази Груевски, кој полека испукувајќи ја својата жед за да контролира се и да воведува некои нови правила на игра и покрај тоа што не му се допаѓаат на народната маса, го губи рејтингот меѓу народот. Неслучајно последниве 3-4 месеци не е објавена ни една анкета за популарноста за Груевски.
Се на се Бранко во 2002 по доаѓањето на власт повторно почна да ја гради Македонија, која беше тотално разграбана, разрушена, уништена, ја направи кандидат за членство во ЕУ, а потоа и ја донесе на прагот на НАТО. Македонската економија почна да расте, инвестициите полека се зголемуваа, сигурноста на фирмите беше поголема.
Многу голема грешка направи Бранко што кога дојде во 2002 не ја расчисти приватизацијата на ОКТА, криминалот во Македонски Телекомуникации, Исчезнувањето на 8 милиони евра од НПК и разграбувањето на повеќе од 200 компании кои преку ноќ станаа во сопственост на партијата ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Македонска Банка. Во сите овие случаеви параф ставаше тогашниот Министер за финансии, Никола Груевски.
денес во 2008 се повторува сликата од 98,99,2000 и 2001, повторно на власт е ВМРО ДПМНЕ