Кога ве гледаат чудно

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Моето прашање е следново: најнормален ден, одите на училиште/факултет/работа (или било каде) и забележавте дека последните 5-торица што се разминавте ве гледаа чудно (без разлика дали се машки или женски).

Што е прво што си помислувате?
1. Леле гарант денеска сум се пицнал/а перфектно штом луѓево ме меркаат вака.
2. Леле што е финтава, кај сум се флекнал/а, патентот да не ми е откопчан, косава да не ми се раздувана...

Јас 99% второто секогаш го мислам. Колку и да сум среден од дома, пак кога ќе ме загледаат си мислам дека нешто не е во ред со мојот физички изглед. А вие?
Сеуште не сум отрезнат од синоќа затоа мислам, дека сите луѓе ме гледаат чудно.
 
Едно време беше ме гледаја поради физичкиот изглед, многу сум бил нападен, после тоа поради облеката и стилот на облекување, сега веќе прекинаја.
 
ко ке се слечам гол :pos2::pos2::pos2:
се зафркавам
Па чудно ме гледаат ко ке му е нешто криво, на пример да дам неколку гола во фудбал и сите ке ме гледаат чудно незнам зш
 
Баш пред некој ден така се прејадов немав цигари искочив да купам набрзина, одам у дуќан таа ќурката ме блене некако матно, после едни девојчиња исто.Проѓам покрај една кола оно шо да видиш, муцката цела ајвар напраена.

Дакле...ако ве гледаат чудно да знаете дека нешто чудно и сте напраиле :) ха!!
 
се чудам дали сум се исфлекал негде, а за патент.....3-4 дена одев со откопчан патент...и не сум забележал :pos2:
 
Ги погледнуваме дупло почудно, а во зависност од ситуацијата можен е и semi-ретардиран осмех во придружба на еден убав, фин “Повелете?“ поглед. Така да, ако некогаш си помислите дека сте ме виделе низ град по сокаци, гледнете ме чудно и ако погледот вратен од главниот лик се совпаѓа со горенаведените карактеристиќи, донча вори, ја сум.
 
Втората варијанта :jaj:
- Но до душа не се грижим што мисли околината за мене, а и не гледам окулу мене многу за да приметим како ме гледаа луѓето, но кога ќе забележим сакајчи или несакајчи дека некој ме гледа чудно тогаш помисљуам на втората вариајнта дека нешто е во ред со мојот изглед.
 
Абе ме гледаат чудно кога не шмекам. Онака...чуден сум им бил. Сеа јесте шмекот преовладува кај мене. Ама ете бе некад не ми се шмека...мозокот на пасење и крај или пак си мислам нешо за глобалното затоплување. Еден форумџија неодамна се запознавме...како што праи муабет со мене ми вика...абе зашо не шмекаш наоколу. ЧУДЕН СИ. Не си како од форум. Ја го гледам...му викам...дечко добро бе не шмекам јас постојано ко сељачаана некоја бе. Шо треба да намигнувам сеа на се што има дупка меѓу нозе?...Ми вика: Па добро...ти си Шмекерот затоа...Викам добро бе дечко...Ако ти го видиш Тоби Мегваер (глумецот на спајдермен) на улица...шо ќе му речеш?...ај те молам пушти пајажина...мислам...дај немој вакви анти-шмек муабети
 
па, гледаат чудно засто не ги научиле на културно однесување...и само блеат ко телиља:pos2:
 
...Викам добро бе дечко...Ако ти го видиш Тоби Мегваер (глумецот на спајдермен) на улица...шо ќе му речеш?...ај те молам пушти пајажина...мислам...дај немој вакви анти-шмек муабети
:pos:Еми ме насмеа де..

Туку он..
Абре јас мислам дека најчесто знам зошто ме ѕверат околните минувачи!
Си признавам знам да бидам смотана!:icon_eek:
натегнувам блузи и џемпери наопаку и си се шетам по друмови! Белите патики и кремовите старки одамна ја изгубија својата природна боја а со чичко детергент и тетка машина се дружеа само кога мајчичка ќе ми ги начекаше! И како некоја фуфица на семафор со штикла 20 сантима да не ме измерка мене вака тип топ скоцкана!:pipi:Ретки се ваквите денови де, ама постојат мајку му!
Е сега во деновите кога се погледнувам во огледало пред да излезам и си се смешкам така задоволно од тоа што го гледам, не ми пречат погледи од страна освен ако не сум заакала на Бит Пазар или тука во некој мексикански кварт, зашто тогаш знам дека сум објект на набљудување само затоа то поседувам пар дојки и задник под грпчево!

Нејсе, не возвраќам на погледите скоро никогаш!
Се смешкам на слатки батковци, и упатувам хау ју дуин погледи на хел јеа згодни, слатки улични фотографи кои деновиве посебно милуваат да ме заробуваат во своите урбани фотографии!
Зошто?
:icon_eek:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom