Кога ве гледаат чудно

Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.217
Поени од реакции
941
Моето прашање е следново: најнормален ден, одите на училиште/факултет/работа (или било каде) и забележавте дека последните 5-торица што се разминавте ве гледаа чудно (без разлика дали се машки или женски).

Што е прво што си помислувате?
1. Леле гарант денеска сум се пицнал/а перфектно штом луѓево ме меркаат вака.
2. Леле што е финтава, кај сум се флекнал/а, патентот да не ми е откопчан, косава да не ми се раздувана...

Јас 99% второто секогаш го мислам. Колку и да сум среден од дома, пак кога ќе ме загледаат си мислам дека нешто не е во ред со мојот физички изглед. А вие?
 

Eko1

Форум Џедај
Член од
20 мај 2005
Мислења
1.579
Поени од реакции
29
Штом повеќе од еден ме гледаат чудно.... значи нешто има :toe: .... зависи од моментот на денот која од тие две наведени опции ке ги помислам прво.... но важното е тоа дека ке се оспаничам обавезно па на првиот пријател што ке види така чудно ке го прашам:"Што ме гледаш така бе?"
 

dav

Администратор по заслуга
Член од
24 јуни 2006
Мислења
577
Поени од реакции
1
ako cudno me poglednat 4-5 luge sledniot koj sto ke me pogledne taka ke go prasam sto e toa sto site me gledaat taka
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Ако приметам дека повеќе погледи паѓаат врз мене прво си помислувам дали сум облекла прекратка маичка и претесни панталони, па ми изгледа голем газот?

Шала на страна ... тоа секојдневно ми се случува и веќе навикната сум. Нема шанси од дома да излезам некако несредена (затоа секогаш и секаде каснам) затоа втората мисла никогаш не ми паѓа на памет. А првата ... па што знам, ваљда е таа кога мојот пат од дома до работа (секојдневно тоа) е преполн со мажи ... да не гледаат тие по девојка за да приметат да не се флекнала некаде или дали си ја средила косата и шминката како треба? :) :) :)
 
С

Сатори

Гостин
Поверојатна е првата варијанта пошо никогаш не излегувам од дома без да се средам, ама ако е нешо мн. чудно ме гледаат сите, може и да се подзамислам.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Kombinirano i prvata i vtorata. Se razbira ako sum picnat sekogas pomisluvam na prvata a ako ne sum na vtorata no ova se desava i ako kosta ti e zabatalena ili maickata ti e naopaku ima mnogu situacii.
 

Нате

УџУџУ
Член од
7 јуни 2006
Мислења
159
Поени од реакции
0
И јас искрено помислувам на второто, но кога ќе размислам поубаво, кој како сака нека ме гледа, секогаш изгледам онака како што јас сакам. За другите ама ич не ми е гајле.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Ма кој сака нека гледа како сака, се додека не се видам во огледало и не востановам што финтата ништо од бизнисот.
 

Devilish Angel

Лошотија по потреба
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Обично не ни приметувам дали ме гледа некој чудно или нормално, ако нешто не е во ред на мене ќе ми каже некој познат или ќе се видам во огледало ..
 

JeCILaDy

Move Away
Член од
18 април 2006
Мислења
2.350
Поени од реакции
22
Дефинитивно второто. Обавезно си носам огледалце и убо ќе се изгледам.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Коге ме гледаат чудно и јас ги гледам чудно :pos:

Шала на лева страна. Па ако 5-6 луѓе ме погледнале чудно прво помислувам дека мора да има нешто шо не е во ред.
 
D

DJ_DEXTER

Гостин
Зависи , ако се осеќам ТОП мислам дека е во позитивна смисла , ако не у негативна.
 
Член од
8 јули 2006
Мислења
173
Поени од реакции
2
Jas ke si gi pomislam i dvete pa diskretno ke opipam i razgledam se mozno sto bi mozelo da bide disfunkcionalno i ako nema nesto nevoobicaeno mirno ke si brodolcam a ako uste nekoj me pogledne cudno ke mu vratam so ista mera.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom