La Española
Лекот е отров!
- Член од
- 1 февруари 2007
- Мислења
- 1.808
- Поени од реакции
- 556
Без разлика која варијанта да ја одбере човек на животен крстопат ќе промаши. Тоа е една теорија моја која не изгледа логично, но убеден сум дека е така. :mist:
Често велам дека животот се состои воглавно од лоши работи, случки и искуства, и секоја одбрана варијанта носи со себе многу лоши особини. Според тоа, и да помислиме дека сме одбрале добро всушност сме го промашиле патот како и да е. :zid:
2. Второ толкување на прашањата... луѓето уживаат во својата мизерија и особено уживаат во самосожалувањето. Очекуваат и другите да ги сожалуваат што го храни нивниот дух. А тоа е бајаги патетично. :nesum:
Мислам дека Виктор потполно ја долови смислата...

За тоа дека најчесто ја промашуваме и дека човекот ужива на некој начин во мизеријата и самосожалувањето и самоуништувањето понекогаш :jaj:
А понекогаш и бега од самата среќа од страв дека премногу „ќе летне„, премногу илузии ќе добие, премногу опушти и ќе ја напушти онаа состојба на „сигурност“ т.е. онаа златна средина и дека после среќата ќе наплати за нејзиното траење со дупло подолга несреќа
