Кога требаше да бирам меѓу среќа и тага одбрав...

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Без разлика која варијанта да ја одбере човек на животен крстопат ќе промаши. Тоа е една теорија моја која не изгледа логично, но убеден сум дека е така. :mist:

Често велам дека животот се состои воглавно од лоши работи, случки и искуства, и секоја одбрана варијанта носи со себе многу лоши особини. Според тоа, и да помислиме дека сме одбрале добро всушност сме го промашиле патот како и да е. :zid:

2. Второ толкување на прашањата... луѓето уживаат во својата мизерија и особено уживаат во самосожалувањето. Очекуваат и другите да ги сожалуваат што го храни нивниот дух. А тоа е бајаги патетично. :nesum:

Мислам дека Виктор потполно ја долови смислата... :pipi:
За тоа дека најчесто ја промашуваме и дека човекот ужива на некој начин во мизеријата и самосожалувањето и самоуништувањето понекогаш :jaj:

А понекогаш и бега од самата среќа од страв дека премногу „ќе летне„, премногу илузии ќе добие, премногу опушти и ќе ја напушти онаа состојба на „сигурност“ т.е. онаа златна средина и дека после среќата ќе наплати за нејзиното траење со дупло подолга несреќа :toe:
 
„Многу луѓе би се чувствувале посигурно кога би биле кутри и натажени, отколку да ризикуваат да бидат среќни.“-Роберт Антони

И јас кога требаше да бирам меѓу тага и среќа-ја одбрав тагата.А не беше несвесно.Знаев многу добро што е тоа што ме прави среќна, а што тажна, но сепак и се препуштив на тагата, и дозволив да завладее со мене.
Ми беше страв од нов почеток, страв од нешто ново...Така се чувствував потполно сигурна.А секој ден се надевам дека наредниот-конечно ќе се разбудам и ќе ја оставам зад себе тагата, но мислам дека ја изгубив контролата и барем сега во моментов, немам друг избор.
Ми треба храброст, храброст да се соочам со се што претставувам јас и да почнам да дејствувам во сите полиња што досега ми беа непознати, во сите што досега ги игнорирав...храброст да се соочам со вистинските тешкотии во животот, храброст да ги пребродам...
Дури тогаш ќе се чувствувам среќно и задоволно.
 
Секогаш бирам тага.
 
.....тага......
ете се случува конечно да се почувствувате среќни и треба да го направите следниот чекор...во зависност каде ќе стапнете ќе бидете или задоволни или мизерни....
сум приметила дека луѓето (свесно или несвесно) кога имаат избор меѓу неколку работи кои ке ги направат среќни или тажни најчесто се определуваат за она што ќе ги направи несреќни....
дали сте се нашле во слична ситуација?
дали на луѓето им е поубаво кога се несреќни?!?
од кога луѓето уживаат во чувството на мизерија????

искуства?
Јас па мислам дека секогаш кога човек треба да избере среќа, со самото тоа треба да сноси ризик. Кога зборуваме за поголеми работи, нормално. Со самото тоа, факт е дека помалку ќе се одлучат да тагуваат, отколку да ризикуваат доста за да бидат среќни.
Исто се сложувам и со Виктор во врска со самосожалувањето ... нејасна појава ми е потребата од самосожалување, но факт е дека ја има.

Mislam deka ni samata ne se razbira:pos2::pos2::pos2:
А ти па ептен се разбра ... :nesvest:

За тие како тебе што незнам зошто не ја сфаќате темата, да дадам еден прост пример сличен на еден веќе напишан претходно.
Да кажеме двајца млади се сакаат, но девојката е многу богата, а дечкото многу сиромав. Тој несакајќи да ризикува да помине низ милион непријатни ситуации, но покрај тоа да биде среќен со неа, избира да ја остави и да биде тажен без неа.
Срни4ке златна, дали сега, ти разбра?
 
Многа добар пример. Мене не ми беше исто така јасна темава многу- многу па можеби во претходниот пост и немам одговорено баш многу во контекст на темава. Сега јасно ми е.

Значи, не мислам дека некој ја избира тагата сакајќи да тагува. Се сложувам дека човекот има потреба од самосожалување, но не е тоа она поради кое што тој избира да биде несреќен. Голем број од луѓето ја избираат тагата, но сепак се одлучуваат на тој голем чекор со причина. Мора да постоела некоја причина, без разлика дали човекот е свесен или не е свесен за тоа. Ако застане да размисли ќе ја согледа и причината. И како што веќе кажав, со избирањето на тагата човекот подсвесно се надева дека некоја доста драга и значајна личност од неговиот живот ќе направи посреќна, а со самото тоа доаѓа и позитивниот дел на тагата. Борбата за среќата на некој близок за сметка на сопствената тага не доведува и до состојбата на блаженство и на тој начин ја сфаќам ваквата тага како позитивна тага која истовремено ни дава надеж и сила да продолжиме понатаму. Да се бориме индиректно за она што го сакаме со надеж дека ќе се средат работите во иднина а патем ќе се склопат коцките на мозаикот.
 
Ј
А ти па ептен се разбра ... :nesvest:

За тие како тебе што незнам зошто не ја сфаќате темата, да дадам еден прост пример сличен на еден веќе напишан претходно.
Да кажеме двајца млади се сакаат, но девојката е многу богата, а дечкото многу сиромав. Тој несакајќи да ризикува да помине низ милион непријатни ситуации, но покрај тоа да биде среќен со неа, избира да ја остави и да биде тажен без неа.
Срни4ке златна, дали сега, ти разбра?

И да ја пропушти можеби во случајот единствената можност за љубов само за да избегне непријатни ситуации.
Сигурно дека баш таквите прости примери ја доловуваат смислата.
 
.....тага......
ете се случува конечно да се почувствувате среќни и треба да го направите следниот чекор...во зависност каде ќе стапнете ќе бидете или задоволни или мизерни....
сум приметила дека луѓето (свесно или несвесно) кога имаат избор меѓу неколку работи кои ке ги направат среќни или тажни најчесто се определуваат за она што ќе ги направи несреќни....
дали сте се нашле во слична ситуација?
дали на луѓето им е поубаво кога се несреќни?!?
од кога луѓето уживаат во чувството на мизерија????

искуства?
Како и `се останато и ова е многу релативно. Не сите луѓе се плашат од среќа и ризици. Демек многу арно не е на арно.:pos:
Кој како се навикнал. Ако си се прилагодил на тага и мизерија таа варијанта ќе ти биде поблиска, потвоја.
Незнам дали можам да генерализирам дека луѓето се нерационални кога е во прашање изборот помеѓу среќа и несреќа, ама никогаш не ги потценувам оние двата: стравот од успех и стравот од неуспех и остали стравови.
 
Мислам дека одбираат тага,бидејќи полесно се стигнува до неа.
Луѓето секогаш(добро сега не секогаш,но најчесто) се фаќаат за полесното,за полесната женска,полесниот товар,полесниот пат итн итн...
Зборот ми е,дека најчесто нема упорност во работата што ја прават и после првата пречка се откажуваат што води до разочарување,тага.Наместо да се потрудат за нештото да се оствари,тие го одбираат полесното,да се самосожалуваат гледајќи како тоа нешто им го зема некој друг,кој повеќе се трудел за да го добие,бил поупорен,и не го плашеле ни најмали ни најголеми пречки.
 
Немам некое посебно искуство, обично многу внимавам пред да направам било каков чекор за било што.
Мислам дека бидејќи сите сме различни, има луѓе кои се "хранат" со тагата и мизеријата. Убаво им е да се караат, да тагуваат и да мизеруваат без причина, без тоа не можат да живеат.
Јас не сум баш од тие луѓе, ама познавам такви, дури и мене ми се случувало да почнам кавга без причина, и ако не го направам тоа мислам дека ќе полудам, ама не сум таков човек, веројатно е тоа бидејќи ние женските си имаме такви денови. :)
Ама ова го зборувам од искуство, не лупам без врска, познавам такви луѓе и не ми изгледа ненормално бидејќи не има секакви: некои премногу позитивни, а некои имаат премногу негативна енергија која сакаат да ја шират наоколу.
 
Наместо да се потрудат за нештото да се оствари,тие го одбираат полесното,да се самосожалуваат гледајќи како тоа нешто им го зема некој друг,кој повеќе се трудел за да го добие,бил поупорен,и не го плашеле ни најмали ни најголеми пречки.
се прашував дали некој ке го каже ова...дали тоа значи дека ни е поубаво кога се самосожалуваме?дали уживаме кога некој друг не сожалува?дали тоа е причина да ја бираме тагата?
 
се прашував дали некој ке го каже ова...дали тоа значи дека ни е поубаво кога се самосожалуваме?дали уживаме кога некој друг не сожалува?дали тоа е причина да ја бираме тагата?
Не, не дека уживаме да се сожалувме ама функционираме по принципот на линија на помал отпор онака како што кажа Desire, не се мачиме да се потрудиме, ама пак и не сме секогаш психолошки спремни за секаков напор или труд. Има моменти кога мораме да искулираме што не значи дека генерално на тој начин носиме одлуки. Многу се пронајдов.:pos:

Инаку понекогаш причината може да лежи во недоволната желба или волја да стигнеме до определената цел или кога не сме сигурни дека токму тоа го сакаме.
 
Како прво, не се сложувам со класификацијата „среќа“ и „несреќа“, а уште помалку со препоставката дека постои избор помеѓу овие две. Оној кој сака да ја гледа чашата полупразна, наместо полуполна и во мед и млеко да го фрлиш, ќе вели - кисело е.
Што се однесува до изборот помеѓу два потенцијални партнера, стварно не можам да сфатам како тоа можеме да бидеме безусловно сигирни дека едниот ќе не’ направи среќни, а другиот нешто помалце среќни. А каде е нашата улога во релацијата? Или ние само чекаме да ни се посреќи? Или, независно каков е изборот, оној другиот ќе беше подобар?
 
Така е. Среќа, тага - релативни поими. Се` зависи од самиот човек. Можно е меѓу добрите и лошите околности човекот да ги одбере лошите, почесто несвесно отколку свесно, меѓутоа не и да се залажува дека го задоволуваат истите (читај:дека го задоволува тагата) и тоа само затоа што нема доволно храброст и волја да се обидува да пронајде начин лошото да го претвори во добро.
Лесно е да изиграваш баксуз, тажен, незадоволен, тешко е да се помачиш малце за она што го сакаш кое би те направило задоволен.
 
Сега на вака поставено прашање секако дека би одбрала среќа.Но познавајќи се мене и мојот нагон за правење од едноставно во комплицирано, во праксата секогаш сум го избирала потешкиот пат-тагата. Факт е дека сами си ги правиме проблемите и за многу работи и одлуки сме свесни за негативните последици, и покрај тоа го правиме грешното.Мене лично ми е проблем ако нема проблем.Неможам да седам со разбистрена глава, секогаш има нешто што ме мачи и празно ми е без тоа.Можеби затоа што сум научена од мала да се справувам со работи кои и не биле за мојата возраст,незнам.И вака кога ќе размислам си викам, со кој памет сакаш да имаш проблеми а не да си среќна и да не се грижиш за ништо? но тоа е таква сум и колку и да сакам да се променам неможам а можеби и подсвесно несакам.
 
Не верувам дека човекот намерно бира да биде несреќен,туку дека обично прави грешки,кога се определува по кој пат ќе оди.
Знаеме дека речиси целиот живот е полн со крстопати,па често,многу често самите луѓе ги комплицираме патиштата,што ни создава болка.
Но,не верувам дека има човек кој свесно би избрал тага,освен ако не е мазохист.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom