Кога треба да кажеме ”извини”?

  • Креатор на темата Креатор на темата schtranga
  • Време на започнување Време на започнување
Зависи од целокупната ситуација, значи според мене не е се во едно зборче, некогаш е потребно објаснување со отворени карти прво пред самите себе а потоа со особата со која сме навлегле во дуел. Јас така играм кога гледам дека нешто не се одвива како што треба, кога доаѓа до меѓусебно недоразбирање. Не е работата само човек да клекне на коленици, туку јас мислам дека со искрениот муабет секогаш се наоѓа некакво решение (доколку ние реално сакаме да го согледаме). И секако дека, доколку сфатам дека сум навистина виновна умеам да се извинам и се обидувам да одржам здрав однос со личноста со која сме ја разнишале таа врска.
 
Кога одиме против своите убедувања за правилност и му го правиме на другиот она што не сакаме да ни го прават нас. Кога сме нереални, намерно предизвикуваме болка онаму каде нема основа за тоа, односно тогаш кога повредуваме од куртоазија. Иако некого го чини многу, кажувањето на оваа би рекла во денешно време ,,фраза"(со загубено значење) примањето на извинувањето и простувањето воедно се тешките нешта...
 
Во суштина сум многу внимателен и за најмала ситница ако сум свесен дека сум направил грешка ќе се извинам без разлика на кого односно дали е некој постар или помлад од мене...
 
Izvini kako zbor ubavo e da se slusne,sepak nekogas i me nervira,koga veke ja napravil/a greskata da misli deka so edno izvini se ke se vrati vo normala...:icon_mad: ...inace go izgovaram koga stvarno sum zgrsila nekomu...(iako znam deka nema mn da smeni)

И јас исто така... многу се нервирам кога упорно се обидуваат да поправат некоја грешка само со извини... Сепак кажувам извини само кога мислам дека стварно било моја грешка...
 
Кога личноста од спортива ќе се осети навредено поради мојата груба реченица.
 
Често пати се случува да не кажеме извини тогаш кога треба, заради тоа што не сме процениле дека всушност сме направиле нешто погрешно за кое треба да се извиниме. Како резултат на тоа настанува една ситуација на привидна нормала на нештата, но со чуден тек. Во тој период на привидна нормала ситуацијата станува напната, но немаме претстава зошто тоа е така. Оној момент кога ќе откриеме дека таквата ситуација е како резултат на нашето не извинување во потребниот момент, тогаш всушност и треба да кажеме извини за да продолжат работите и се вратат кон вистинската нормала.
 
лично кажувам извини кога навистина го мислам тоа...
најчесто е кога ќе сфатам дека сум згрешил.
кога ќе сфатам дека сум ја повредила личноста што ми значи...
никогаш не кажувам извини ради реда само за да се чуствува подобро личноста..
 
Не ми е тешко да кажам извини кога знам дека навистина сум згрешил и дека тој збор мора да излезе од мојата уста.
Со извинувањето, барем јас се обидувам да и' укажам на другата страна дека навистина ми е жал поради некое х недоразбирање.
Во случаи кога и двете страни се виновни за тоа недоразбирање, кажувам извини од култура, без некое посебно значење.

Инаку за тоа дали ми значи кога некој ќе ми се извини, ми значи, ама само ако некој ми го каже искрено, а не по инерција.
 
Се извинувам само кога сум свесна дека сум згрешила или дека сум повредила некој без причина а инаку за се и сешто не кажувам извини и мислам дека ако постојано го користиме тоа нема некогаш сериозно да не сфатат:toe:
А ми значи коа некој ке ме повреди и коа ке ми каже извини али само ако личноста ми е битна а од некоја друга личност па и не ми е битно толку...
 
Секогаш кога ќе почувствуваме дека другата страна се навредила, треба да кажеме извини.
 
Извини треба да кажеш кога стварно ќе почувствуваш дека си згрешил и кога стварно мислиш дека има потреба за извини!а за да ја поправиш грешката не е битно само да се извиниш,туку и да докажеш дека си сфатил што си напраил и да се потрудиш да си ја вратиш довербата кај другарите/другарките!
 
Па ако личноста ми значи ке се извинам од срце и ке правам се за да се поправам и да не ја направам истата грешка.Мн ретко се извинувам од култура јас сум човек од збор.
 
најчесто се извинувам кога некој несакајќе сум го навредил ударил или нешто друго
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom