Кога треба да кажеме ”извини”?

  • Креатор на темата Креатор на темата schtranga
  • Време на започнување Време на започнување
сум се извинил повеќе пати во животов. тоа секогаш сум го мислел и било во вистинскиот момент
 
Секако дека не е лесно туку -така да изговорам „ИЗВИНИ“, но сепак доколку ја согледам својата грешка ќе си ја проголтам гордоста и ќе се извинам.Тоа прави да се чувствувам многу помудра.
 
Kога сме згрешиле?
Мислиш дека никогаш не си грешел/а?:helou:

сум се извинил повеќе пати во животов. тоа секогаш сум го мислел и било во вистинскиот момент
Добиваш едно браво од мене за вистинските моменти.
Мене многупати ми се има случено и после неколку саати да ми текне дека сум згрешила и дека требало да се извинам.
Но,тогаш немало резултати.:toe:
 
Извини треба да кажеме кога навистина сме згрешиле и се каеме за таа постапка ете на пример јас кажав вчера пошто стварно згрешив и затоа се надевам дека ми се прости и пак ке кажам ИЗВИНИ. :back:
 
ко че ја зезнам работата.....
 
Можеби тогаш кога навистина го мислиме тоа.. ?!?
 
Се извинувам секогаш кога знам дека сум погрешила.И тоа извини што го кажувам навистина го мислам.
И да ми значи кога некој ќе ми се извини.
 
Извини треба да кажеме кога стварно го мислиме тоа, бидејќи ако го кажеме онака колку да се смири ситуацијата нема никакво значење и за брзо време пак истата грешка ќе ја направиме.
 
Порано се извинував на многу работи и будала те прават, сеа само во фудбал се извинувам ако го превртам со топка или со нозе , и ај извини тоа ти е како ... Уби го човекот па речи му извини :)
 
И што ќе биди дека ќе му кажеш на некого извини,кога веќе си го ебал ежот во грб??
Јас се иам извинето 5-6 фати...
Иначе да ми се извини некој ништо не ми значи,извинето му е и без да ми речи извини,што ќе направи извини ако јас сум ти скршил рака итН???
 
Кога навистина сме згрешиле, особено ако на другата личност се повредени чувствата од наш збор/постапка
 
Се извинувам секогаш кога ке згрешам и искрено сум... Но според мене треба да се размисли пред да се направи грешка затоа што ако отвориш рана на нечие срце едно извини сигурно нема да ја излечи...
 
Кажувам извини кога ќе згрешам ама само ако не планирам да ја повторам грешката, во тој случај која е поентата...ако го повторувам нештото значи не го сметам за погрешно:sneaky: Истото важи и за тие што ми се извинуваат мене:).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom