Уф некако тешка ми е темава, ама сакам да одговорам некако. Значи сум оставала и на некој начин сум била оставена. Е сега кога оставаме, зависно колку ја сакаме таа особа, зашто за некои кои не ги сакам не ми е мака ни секунда, животот продолжува на овој или оној начин. Ама оние кои ги сакаме, а пак да не сме го кажале тоа и ги оставиме пораси некои причини, ех тоа боли исто толку колку и да бидеш оставен. Подобро е да сум оставена, одколку да оставам, зашто вака боли и за двајцата. Некако темава ми буди спомени разни, лоши и тажни. Кога оставам не би знаела никогаш дали е тоа засекогаш или пак за некој период, тогаш тоа не се планира, едноставно си одиш, заминуваш, напушташ. Кога оставам патам многу, иако другиот нема никогаш да дознае, и не се надевам за подобро утре заедно. Заминувам, само поглед и продолжувам, не се свртувам, боли срцето и душата ако е некој близок, тука нема периоди и дали ќе бидеме пак заедно или дали ќе се видиме, туку моментот на заминувањето боли исто ко и оставеното срце.