Коалиција СДСМ и НСДП, се собира старото јато?

  • Креатор на темата Креатор на темата Galactikos
  • Време на започнување Време на започнување
Одиме во коалицијата заради компромис за името
четврток, 01 мај 2008
x.gif
Почувствувавме дека таму се собира доволно политичка волја, знаење и способност кои Македонија побргу ќе ја поведат кон НАТО и Европската унија. Тоа се нашите цели што, ако сакаме да ги оствариме, треба да направиме компромис околу името на државата за меѓународна употреба, вели Петковски
tito-vo1.jpg
Влегуваме во коалицијата со СДСМ и со други партии заради постигнување компромис за името и заради спасот на демократијата, вели лидерот на НСДП Тито Петковски и не се стравува дека поради тоа ќе ја изгуби партијата.
Што беше пресудно за синоќешната одлука?
- Превагнаа аргументите во функција на влегување на НСДП во коалицијата со СДСМ и со другите партии поради тоа што почувствувавме дека таму се собира доволно политичка волја, знаење и способност кои Македонија побргу ќе ја поведат кон НАТО и Европската унија. Тоа се нашите цели што, ако сакаме да ги оствариме, треба да направиме компромис околу името на државата за меѓународна употреба. Околу тоа како став, согласни сме сите во коалицијата, наспроти ставот на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски според кој, Македонија не смее да прави никаков компромис дури и по цената да не влезе во НАТО и во ЕУ ниту во наредните 10 или 15 години.

Очекувате ли во коалицијата нешто што мислевте дека не можете да го добиете со самостоен настап на изборите?
- Ако одевме сами сигурно ќе ни се дисперзираа гласовите. Така, во 2006 година изгубивме околу 19.000 гласови во шестте изборни единици. Вака групирани, сигурно ќе добиеме повеќе мандати. Освен тоа, неможеме да го прифатиме фактот што го наметнува Груевски, парламентот да биде исклучиво под негова контрола бидејќи тој претендира на 61 глас, а со ДПА и ДУИ би го имал и двотретинското мнозинство. Тоа е опасно за демократијата.

tito-dijana.jpg
Дали ова што се случи синоќа е дефинитивен расцеп во НСДП или очекувате дека во вашиот случај ќе заживее фракционерството?
- Мислам дека е добро да се покаже дека во една политичка партија во земјава, статутарно постои можност за различни мислења. Ако некој реши да излезе нека му е со среќа. Но, ние на секого му даваме можност да остане во партијата дури и со различно мислење.

Ако Лазар Еленовски или некој друг сепак замине?
- Ако Еленовски или некој друг си оди, тоа ќе биде добро зошто така ќе дојдеме до детектирање на личните интереси со кои, всушност, цело време и се раководеле некои членови на партијата.

Стравувате ли дека НСДП ќе се втопи во коалицијата со СДСМ и по извесно време повторно ќе бидете една партија. Имате ли вие сопствена програма?
- Имаме ние наша програма како што ја имаат и другите партии во коалицијата. Посебна група ќе работи на сублимирање на сите овие програми заради заедничкиот настап. Имаме, значи, своја програма и ќе имаме и своја пратеничка група така што не постои никаква опасност дека ќе исчезнеме. Ако не се втопивме досега во ВМРО-ДПМНЕ, не гледам зошто сега би се втопиле во СДСМ. Тоа, едноставно, нема да се случи.

За потцртаниот дел..Ако Груевски би добил 61 пратеник, тој не ги украл тие гласови..Народот ќе избере дали заслужува да добие 61 пратеник, и дали ќе му ја даде довербата да има двотретинско мнозинство во Парламентот..Тоа го одлучува НАРОДОТ а не Тито Петковски, кој мислам дека не е некој фактор за да кажи што е опасно по демократијата а што не е..Значи ако Коалиција или една партија освои 61 пратеник на демократски избори, тоа е против демократија односно опасно за демократијата?
 
Брате ова ти е мижи да те лажам,ваков политичар досега немам сретнато.Толку глупав и толку наивен...
И најмногу што оди сам против себе..До некни изјавуваше дека НЕМА НИКАКВИ ШАНСИ ДА КОАЛИЦИРА СО СДСМ а тој сега пак е со нив..99 посто од членството не сака да се прај коалиција со СДСМ, а тој поважно му е да си обезбеди пратеничко место во Парламентот, ама нејсе..Ова е дефинитивен распад на НСДП...
 
Пази шо збориш. И ДПМНЕ глуми патриотизам и изјавува дека нема да коалицира со ДУИ, па после први ќе коалицира.
 
се собираат мувите околу брбушките. цели јата.
 
Пази шо збориш. И ДПМНЕ глуми патриотизам и изјавува дека нема да коалицира со ДУИ, па после први ќе коалицира.
Од каде ли дојдоа тие ДУИ , кој ги внесе во парламентот шумарите из косова ??????????
 
Од каде ли дојдоа тие ДУИ , кој ги внесе во парламентот шумарите из косова ??????????

Секоја партија зад која стои мнозинството на еден народ или нација е релевантен чинител во политичкиот живот во државата.

Како што те разбрав, Ти немаш ништо против ДПМНЕ да коалицира со ДУИ?
 
Секоја партија зад која стои мнозинството на еден народ или нација е релевантен чинител во политичкиот живот во државата.

Како што те разбрав, Ти немаш ништо против ДПМНЕ да коалицира со ДУИ?
Е не си разбрал , за мене тие што го создадоа ДУИ треба да се во затвор и да одговараат за тоа што го направија во 2001 ва .Второ , не заборавај дека еден исти таков криминалец ги внесе во парламент само да влезе на власт во „широка коалиција„
8942.jpg

ОЈ МОРЕ БРАНЕ ,АЈ ПАЉИ ,НАНЕ НЕРВОЗИ, АКО ТРЕБА ЧЕ ГО ПУКА ПАК АЉИ
 
Пази шо збориш. И ДПМНЕ глуми патриотизам и изјавува дека нема да коалицира со ДУИ, па после први ќе коалицира.
А ти на нероден Петко капа му кроиш?Прво нека коалицираат, после брбешкај..А СДСМ во 2002 коалицираа, мислиш амнестирани се од тоа?
 
тито п-"одиме во коалиција заради името"
не,друже тито ти и другите одите во коалиција за да му угодиш на зетти и на твоите сватови грци,ама овој пат ја цапна работата т.е на погрешна страна си.
катастрофална грешка направија со ова НСДП,ама сепак го избраа помалото зло оти ако одеа сами едвај 3-4 пратеника и нишо повеќе.
 
Ги погазија принципите на партијата, кој постојано ги декларираа поради пратенички места..
Која е смислата за постоење ако гледам повторно кон СДСМ...
Погледнете го видеото и се ќе се разјасни како ден...
 
Прашане за реален: Дали го погледна видеото.

Поздрав.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom