Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Одиме во коалицијата заради компромис за името
четврток, 01 мај 2008Почувствувавме дека таму се собира доволно политичка волја, знаење и способност кои Македонија побргу ќе ја поведат кон НАТО и Европската унија. Тоа се нашите цели што, ако сакаме да ги оствариме, треба да направиме компромис околу името на државата за меѓународна употреба, вели Петковски![]()
Влегуваме во коалицијата со СДСМ и со други партии заради постигнување компромис за името и заради спасот на демократијата, вели лидерот на НСДП Тито Петковски и не се стравува дека поради тоа ќе ја изгуби партијата.
Што беше пресудно за синоќешната одлука?
- Превагнаа аргументите во функција на влегување на НСДП во коалицијата со СДСМ и со другите партии поради тоа што почувствувавме дека таму се собира доволно политичка волја, знаење и способност кои Македонија побргу ќе ја поведат кон НАТО и Европската унија. Тоа се нашите цели што, ако сакаме да ги оствариме, треба да направиме компромис околу името на државата за меѓународна употреба. Околу тоа како став, согласни сме сите во коалицијата, наспроти ставот на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски според кој, Македонија не смее да прави никаков компромис дури и по цената да не влезе во НАТО и во ЕУ ниту во наредните 10 или 15 години.
Очекувате ли во коалицијата нешто што мислевте дека не можете да го добиете со самостоен настап на изборите?
- Ако одевме сами сигурно ќе ни се дисперзираа гласовите. Така, во 2006 година изгубивме околу 19.000 гласови во шестте изборни единици. Вака групирани, сигурно ќе добиеме повеќе мандати. Освен тоа, неможеме да го прифатиме фактот што го наметнува Груевски, парламентот да биде исклучиво под негова контрола бидејќи тој претендира на 61 глас, а со ДПА и ДУИ би го имал и двотретинското мнозинство. Тоа е опасно за демократијата.
Дали ова што се случи синоќа е дефинитивен расцеп во НСДП или очекувате дека во вашиот случај ќе заживее фракционерството?![]()
- Мислам дека е добро да се покаже дека во една политичка партија во земјава, статутарно постои можност за различни мислења. Ако некој реши да излезе нека му е со среќа. Но, ние на секого му даваме можност да остане во партијата дури и со различно мислење.
Ако Лазар Еленовски или некој друг сепак замине?
- Ако Еленовски или некој друг си оди, тоа ќе биде добро зошто така ќе дојдеме до детектирање на личните интереси со кои, всушност, цело време и се раководеле некои членови на партијата.
Стравувате ли дека НСДП ќе се втопи во коалицијата со СДСМ и по извесно време повторно ќе бидете една партија. Имате ли вие сопствена програма?
- Имаме ние наша програма како што ја имаат и другите партии во коалицијата. Посебна група ќе работи на сублимирање на сите овие програми заради заедничкиот настап. Имаме, значи, своја програма и ќе имаме и своја пратеничка група така што не постои никаква опасност дека ќе исчезнеме. Ако не се втопивме досега во ВМРО-ДПМНЕ, не гледам зошто сега би се втопиле во СДСМ. Тоа, едноставно, нема да се случи.
Брате ова ти е мижи да те лажам,ваков политичар досега немам сретнато.Толку глупав и толку наивен...
И најмногу што оди сам против себе..До некни изјавуваше дека НЕМА НИКАКВИ ШАНСИ ДА КОАЛИЦИРА СО СДСМ а тој сега пак е со нив..99 посто од членството не сака да се прај коалиција со СДСМ, а тој поважно му е да си обезбеди пратеничко место во Парламентот, ама нејсе..Ова е дефинитивен распад на НСДП...Брате ова ти е мижи да те лажам,ваков политичар досега немам сретнато.Толку глупав и толку наивен...
И најмногу што оди сам против себе..До некни изјавуваше дека НЕМА НИКАКВИ ШАНСИ ДА КОАЛИЦИРА СО СДСМ а тој сега пак е со нив..99 посто од членството не сака да се прај коалиција со СДСМ, а тој поважно му е да си обезбеди пратеничко место во Парламентот, ама нејсе..Ова е дефинитивен распад на НСДП...
Од каде ли дојдоа тие ДУИ , кој ги внесе во парламентот шумарите из косова ??????????Пази шо збориш. И ДПМНЕ глуми патриотизам и изјавува дека нема да коалицира со ДУИ, па после први ќе коалицира.
Од каде ли дојдоа тие ДУИ , кој ги внесе во парламентот шумарите из косова ??????????
Е не си разбрал , за мене тие што го создадоа ДУИ треба да се во затвор и да одговараат за тоа што го направија во 2001 ва .Второ , не заборавај дека еден исти таков криминалец ги внесе во парламент само да влезе на власт во „широка коалиција„Секоја партија зад која стои мнозинството на еден народ или нација е релевантен чинител во политичкиот живот во државата.
Како што те разбрав, Ти немаш ништо против ДПМНЕ да коалицира со ДУИ?
А ти на нероден Петко капа му кроиш?Прво нека коалицираат, после брбешкај..А СДСМ во 2002 коалицираа, мислиш амнестирани се од тоа?Пази шо збориш. И ДПМНЕ глуми патриотизам и изјавува дека нема да коалицира со ДУИ, па после први ќе коалицира.
Ги погазија принципите на партијата, кој постојано ги декларираа поради пратенички места..тито п-"одиме во коалиција заради името"
не,друже тито ти и другите одите во коалиција за да му угодиш на зетти и на твоите сватови грци,ама овој пат ја цапна работата т.е на погрешна страна си.
катастрофална грешка направија со ова НСДП,ама сепак го избраа помалото зло оти ако одеа сами едвај 3-4 пратеника и нишо повеќе.
Прашане за реален: Дали го погледна видеото.
Поздрав.