Немам ниту Facebook, Hi5 или whateverbook профил, и не ми ни треба.
Ниту листам повеќе профили и ме нервираат nz, mn, poz, 6, 4, $ и којзнае што уште не во имињата и коментарите кои ги пишуваат. Едноставно се погрдуваат јазикот и писмото а и не гледам поента во тоа да си го ставиш цел живот на излог.
Активен сум на неколку светски форуми (претежно за автомобилизам) и тоа ми е доволно. Тоа во заградата значи дека слики и моменти кои ми се мили од животот не планирам да ги поделам со цел свет. Тие моменти ќе си ги памтам...