Koлку знаеме да го користиме говорот?

С

Сатори

Гостин
...

Тргнувајќи од желбата за меѓучовечко разбирање и разочараноста од сосема малиот успех да се стори истото, заклучив дека како луѓе многу малку знаеме да го користиме говорот со целата негова сила.

Многу проблеми или проблематични ситуации во нашиот живот може да се решат доколку се потрудиме повеќе околу личната умешност и уметност во користење на ова моќно средство, кое го имаме сите.

Но од некоја "чудна" причина,
не сакаме...

Што мислите: Дали и колку знаеме да го користиме говорот?
Колку и да сакаме да го користиме говорот како нешто што неминовно ќе не поврзе, претежно работите стојат малку поинаку.

Зошто јас би разговарала со некој на теми кои за него или за мене ќе бидат шпанско село, ама говорот, вистински избраните зборови ќе не поврзат?
Паааа не баш!

Проблематична ситуација не се решава само со разговор, треба многу многу повеќе, понекогаш тишината, отсуството на говор, може да ја поправи ситуацијата, да го извади надвор тоа што „говорот“ не може.

А за користење на говорот во полна сила ни требаат луѓе кои за промена ќе разбираат што им зборуваме.
 
Член од
12 ноември 2007
Мислења
18
Поени од реакции
1
Elokvencija?
Vo posledno vreme se trudam i mnogu rabotam na toa.
Napreduvam.
Samo da se pofalam.
 
U

UnholY

Гостин
Секој знае да го користи говорот онолку колку што му треба за да опстојува во заедницата....Мислам доволно колку што му е потребно....па сите биле на школо во прво одд. ако не се лажам....Сега не може секој да поседува специјализиран речник и да користи стручни термини тешко разбирливи за другите....ама главно кажано секој го знае доволно колку што му е потребно и си има свој начин на објаснување
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Сите знаеме да го користиме говорот во целата негова сила.
Неговата сила не е во сложеноста на зборовите кои ги употребуваме,ни па во должината на нашите реченици.
Некој може да дроби со саати па пак да не каже ништо посебно,а некогаш тишината кажува многу повеке од милион зборови.
Во глобала,силата на говорот се состои во усогласување на зборовите со ситуацијата.Со други зборови,ако ги кажеме вистинските зборови,во вистинско време и место,макар биле тоа и две-три кратки реченици,тогаш сме им ја дале нивната полна сила и многу е веројатно дека ке го постигнеме посакуваниот ефект.И секој го може тоа,без разлика каков човек е,сепак,се работи за волја.Ако некој има доволно желба да го направи тоа,и ако ги има вистинските причини,тогаш,неговите зборови ке продрат длабоко...

п.с има и други фактори,како на пример интонацијата,катактерот на личноста кон која се упатени зборовите,па дури и местото на кое кое се одвива сето тоа,ама тоа би било офтопик...
 
Член од
17 декември 2007
Мислења
178
Поени од реакции
7
Интересна и важна тема.Јазикот е уметност, но не мора секој да биде уметник (јазичар, книжевник, оратор) за да владее со убавото и правилно изразување. Проблемот, според мене лежи во воспитанието и образованието. Не може едно дете да научи како да се изразува ако му бараш да ја знае лекцијата наисуст, од првото зборче, па па до последното, точно така какошто пишува во учебникот, или како што мисли професорот. A исто така и од личната наобразба. Како и да е, нашиот народ не чита книги... Зошто?
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
Темава не е допрена пет ипол години :confused:
Во меѓувреме ништо не е променето на подобро. Говорот не го користиме за да се разбереме, да се здружиме и да живееме поцивилизирано, туку за да повредиме, да навредиме, да излажеме, да се отуѓиме.
Моќта на говорот е голема, но моќ без чувство на одговорност е опасна работа.
„Ме уби пресилниот збор“ рекол Б.М.
 

Идеално Лоша

(more human than human)
Член од
8 февруари 2013
Мислења
118
Поени од реакции
106
Ме потсети темава на една многу мудра мисла:

 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Темава не е допрена пет ипол години :confused:
Во меѓувреме ништо не е променето на подобро. Говорот не го користиме за да се разбереме, да се здружиме и да живееме поцивилизирано, туку за да повредиме, да навредиме, да излажеме, да се отуѓиме.
Моќта на говорот е голема, но моќ без чувство на одговорност е опасна работа.
„Ме уби пресилниот збор“ рекол Б.М.
Така е, јазикот и говорот го користиме за сето ова и многу повеќе. Роман Јакобсон ги постулира овие функции, а Мајкл Халидеј вели вака. Говорниот јазик има и прагмалингвистички фукции кои се реализираат во говорни акти.

Бранко Миљковиќ се обесил за бадијала, сиротиот. Моќта на говорот/јазикот неминовно зависи од акалот и подготвеноста на слушателот/читателот да разбере: џабе моќни зборови ако слушателите се морлоци.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom