Книги кои би ги препорачале

  • Креатор на темата Креатор на темата JeCILaDy
  • Време на започнување Време на започнување
Пред да заспијам - Стивен Вотсон

„Додека спијам, мојот ум ќе избрише буквално сѐ што правев денес. Утре ќе се разбудам исто како што се разбудив и денес. Мислејќи дека сѐ уште сум дете. Мислејќи дека сѐ уште имам цел живот на избори пред себе...“

Спомените се она што го дефинира човекот...

Па што ако ги губите своите секојпат кога ќе легнете да спиете? Вашето име, вашиот идентитет, вашето минато, дури и луѓето кои ги сакате - сите работи заборавени преку ноќ. И што ако единствената личност на која можете да се потпрете, единствената во која верувате ви кажува само половина од приказната?

Добредојдовте во животот на Кристина.
images
 
Некој да знае каде да ја најдам "Кратка историја на времето" или да ми даде .pdf ?
 
Јас би ја препорачал Osnivač jeresi i druge priče (The Heretic & Co) од Гијом Аполинер. Книгава ја прочитав пред некој месец, по сугестија. Jас ја читав на српски. Освен поезијата за којашто знам дека е преведена на македонски, други македонски преводи на Аполинер не знам дали има.

Прозното дело на Аполинер, генерално земено има три слоја: првиот -- реалистичен, со многу елементи од приватниот живот на авторот, патувања, авантури, средби итн. Мислам дека е ова стожерот на прозата на Аполинер, одовде поаѓа авторот и ја гради приказната. Вториот, којшто мене ми остави најголем впечаток е -- литерарниот; во кој авторот испреплетува историски, митски, легендарни итн. референци. Расказите се полни со хипертекстуалност. Целата книжевна ерудиција на Аполинер доаѓа до израз. И последниот каде што се испреплетуваат имагинарното и фантастичното, симболизмот и надреализмот во зародиш.
Посебно го препорачувам расказот Cox-City. You'll see why...

Ако се решите да ги купите расказиве, добро проверете дали има додатни референци, дообјаснува и белешки под текстот. Во расказите има многу метафори и алузии на историски личности и настани, упатувања на други книги, култови, божества, итн. од разни култури.
 
Последно уредено:
За сите обожаватели на криминалистички романи би им го препорачал романот „Алекс“ од Пјер Леметр. Овој роман е прогласен за интернационален трилер, а е издаден во 2011 година од една од најголемите американски издавачки куќи. Додека пак приказната во романот, постојан се преплетува и станува се повозбудлива и поинтересна. Исто так би ја препорачал и книгата „Без Збогување“ од Линвуд Баркли и „Во потрага по Ласица“ од Џејмс Патерсон.
 
Куќата на злото - Данте Алигери
Алхемичарот - Паоло Коелјо
Шепнувачот - Донато Каризи
Убиство во Ориент Експрес - Данте Алигери
 
Колку што знам од историја ,во времето на Данте Алигери немало возови.

Можда е научна фантастика.
Иво Андриќ има доста пишувано за вакви работи. 20.000 тролови под морето му е врв.

Пред неколку години на српски е објавена одлична, голема (550+) збирка раскази на Лавкрафт, предвидливо насловена „Некрономикон“. Веројатно може и да се симне однекаде. Не се работи за сите негови раскази, туку е направена внимателна селекција на она што е најпознато и на она што е најквалитетно. Во збирката има и еден есеј од авторот, како и некои солидни додатоци (предговор, поговор, библиографија и сл.). Лавкрафт е едно од најголемите имиња во хорор жанрот. Секако се вбројува, барем што се однесува до хоророт, и меѓу највлијателните и најоригинални автори. Вреди да се прочита.
И уште една препорака за есејот на Лавкрафт „Supernatural horror in literature“ во која овој се занимава со развојот на хорор жанрот. Прилично добар водич за запознавање со оваа книжевност.
Ние, за чудо :) , сме заборавиле да објавиме нешто од него. Барем јас немам видено нешто од Лавкрафт преведено на македонски.
 
Ја има само At the Mountains of Madness преведено на македонски. На купи книга ја имам видено. Јас на англиски ја читав, ептен ми се бендиса, целовреме некоја скриена тензија која постепено авторот ја истура капка по капка, онака создавајќи интерес кај читателот да продолжи да чита. Ептен на The Thing филмот ми заличи, кој пак е правен нели спрема еден друг од 50-ти.

Инаку имам нешто на српски/хрватски дали испечатено од Лавкрафт, дел имам чепнато, но си чувам за в лето навечер. На balkandownload има повеќе работи преведени на српски чинам, меѓу кои и збиркава со раскази.
 
Па добро, значи се сетиле, и „Планините на лудилото“ се нешто.
Тоа што е преведено на српски/хрватски, освен „Планините...“ и евентуално по некој есеј и расказ-два, веќе е сместено во „Некрономикон“-от. Најчесто се работи за збирки со неколку раскази кои се вртат во различни изданија.
 
Дорин Виртју Прочистување на чакрите (ја нема во македонска верзија, најблиску српска)
 
Еве нешто подобро од тоа што сум читал периодов:
-Цел серијал од „Big ideas simply explained“
Ако некој е дрво за некоја тема, а сака да има мапа од општи познавања и/или подлога за понатамошно постручно и пообемно едуцирање околу некоја област специфично, ова се книгите како добра отскочна даска. Серијалот се состои од книги кои ги опишуваат историјата и концептите кои се менувале низ времињата за економија, филозофија, психологија, наука, социологија, политика, економија итн. и нивната состојба денес како полиња на проучување и активност.

-The Transhumanist Reader: Classical and Contemporary Essays on the Science, Technology, and Philosophy of the Human Future
Напишана е во форма на есеи пишувани од различни филозофи, уметници, архитекти и футуристи кои расправаат за различни етички и научни аспекти од трансхуманизмот.

-Guyton and Hall Textbook of Medical Physiology
Добра е за почетници у хумана биологија со веќе општи знаења за биологија, физичка и органска хемија. Сите битни информации, добро срочени у 1200 страници.

-Chaos: Making a New Science - James Gleick
Супер увод во теорија на хаос како една од најновите промени на парадигмите во физиката поврзана со хаотичните системи и како функционираат. Бара основни познавања од областа на математиката и физиката, за да се разбере.

-Chemical principles - Atkins Jones
Све во хемијата, сумирано и напишано во 700 страни. Оваа до душа уште ја читам пошто книгата е таква што може секое поглавје засебно да се проучува и не бара редоследно читање. Најдобра книга за утврдување на основи во електрохемија, хемиска кинетика, термохемија, еквилибриум и одделни информации за елементите, нивни физичко-хемиски својства и нивни најпознати оксиди, бази, киселини и соли како и употреба во индустријата. За органска хемија има многу малку и не е доволна за некој којшто сака да има солидни, па дури и основни знаења за органска хемија.

Добри аудиокниги што сум ги слушал периодов:
-NeuroLogic: The Brain's Hidden Rationale Behind Our Irrational Behavior
Добро сумирање на различни опити, тези и теории во невропсихологијата. Популарна наука е и не е тешка за сфаќање дури и за луѓе што врска немаат од невропсихологија и слични теми. Забавна е и нараторот е супер.

-Серијалот „The first law“ заедно со „Best served cold“ на Аберкромби. Една од најдобрите белетристики што до сега ги имам слушано/читано. Нараторот е ненормално добар, го имитира секој лик посебно, збори многу јасно и ја доловува атмосферата на книгите. Книгата е епска фантастика, црн хумор, а сторијата е динамична. Авторот има посветено големо внимание на карактеризацијата на ликовите, секој лик има свој психолошки профил и светоглед, а поглавјата иако се зборувани во трето лице, се однесуваат на некој од ликовите и се раскажувани од негова перспектива.
 
Себастијан Фицек - "Терапија"
Се зборува за еден психолог кој има ќерка болна од необјаснива психичка болест и при посета на доктор таа мистериозно исчезнува. 4 години трага по неа но немал никакви резултати па решава да се повчеле. Одеднаш се појавува жена која тврди дека е писателка но боледува од тешка форма на шизофренија. При нејзините халуцинации психологот дознава дека таа има некаква врска со исчезнување на ќерка му. Што се случува понатаму ви оставам да откриете
 
Лажејќи на каучот - Ирвин Јалом
Јалом на безмислено суров начин ни прикажува како работи умот на психијататрот. Книга која покрева важни прашања околу кажувањето на вистината, особено во лекарска оргинација...умешност на раскажување и брилијантен заплет, пренесен преку живописни ликови.
 
негово дело е ,напишано 1934
Све тоа е точно, само авторот на делото е Агата Кристи, а на Данте Алигери. Некој би помислил дека не ја ни имаш прочитано книгава што си ја препорачал. Тоа не е толку страшно, страшно е што според ова што го кажуваш, некој и би помислил дека не знаеш која е Агата Кристи. Дури и некој би помислил дека не знаеш кој е Данте Алигери!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom