Во село кога ќе ве сретне некоја постара личност: Ти чупе чиво си?
На комшиите.
Пак во село но во продавница. Ти не си од тука.
Замисли А од каде си?
Скопје. Кога ќе им кажам Скопје ме гледаат како од Марс да сум паднала, а после неколку секунди следи прашањето или прашањата: И како таму. Што има ново таму, како животот таму?
Ја Скопје под лупа го имам па се знам што се случива во него.
Комшиите, кога ќе се погодиме заедно во лифт по неколку пати во денот: Каде си тргнала?
Мислев до Марс да отидам но ми се погоди пензионерски ден па само до продавница ќе одам. Мајка ти како е или што прави?
Па добро е од кујната се префрли во дневната. Поздрави ја.
Нема проблем цел пат тоа ќе го мислам. На факултет како?
Па исто како пред два саати.
Родителите кога се ближи колоквиумска (за студенти/ки):
Рано наутро таман сум станала татко ми: Земи учи. Јас: Добро.
После неполни 5 минути мајка ми: Земи учи. Јас: Сега.
Цел ден на секој 5 минути: Родителите: Земи учи дете пак ќе паднеш, абе земи учи, учи бре, фати ја книгата малку, разлистај ја, учи ќе паднеш, не ме слушаш мене но јас се знам, знам дека ќе паднеш, УЧИ.
Аман и како да учам после кога нон-стоп ми зборат, ја нив да ги слушам или да учам.
Недај боже во тој период да седнете на компјутер и неколку секунди потоа да ве затекнат родителите: Ти пак цел ден на компјутерот си ништо не учиш пак ќе паднеш, остај го компјутерот земи учи, некоја болест ќе добиеш од компјутеров учи, само на компјутер да се седело а книга никако да се фати, ГАСИ КОМПЈУТЕРОТ И ЗЕМАЈ ДА УЧИШ!
Кога треба да се оди до продавница:
-Сакаш да одиш до продавница? -Не -Добро треба да купиш...
-Ај оди до продавница. -Не можам -Како не можеш, се на готово чекаш, мрза невидена си станала,
(а се мене ме праќа) до продавница да не можам да те пратам, а ако те викне некој одма ќе трчаш... -Добро бе добро ај ќе одам. -Што сакаш прави.
И уште ова.
Те прашуваат нешто ти им одговараш но тие не те слушаат, пак им одговараш и пак не те слушаат, по трет пат им одговараш и пак исто, четвртиот пат малку повишуваш тон и им одговараш повторно, а тие ти викаат: Што се дереш бе не знаеш ли нормално да збориш!
И ова.
Си легнуваш, се превртуваш пола саат - саат во креветот никако дремка да те фати и таман кога ќе те фати, влегува татко ти или мајка ти: -Сине, сине
Ти со сонлив глас и пола отворено око му одговараш -Кажи?
-Спиеш? -Да. (
но не за долгу.) -А извини тогаш ај утре ќе збориме.
И си оди.