Клише реченици кои сите ги мразиме

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.033
Секој втор деснак што го имам сретнато во животов:
Левак си?!! КАКО БЕ ПИШУВАШ СО ЛЕВА РАКА?:facepalm:
Добро, јас ве прашувам ли вас како пишувате со десна рака?:cautious:
Како пишувам... со рака пишувам е*ате, не сум од Марс падната. o_O
story of my life,ко лепрозен да сум
 

Флојдерка

Together we stand, Divided we fall..
Член од
7 април 2012
Мислења
336
Поени од реакции
340
Читав и се изнасмеав...
Еве ги тие што јас ги мразам:

1. после 6 пати поставено прашање од некоја другарка “ти шо си прајш?“ ете ја пак “и, шо си прајш ти??“ - Ти кажав сто пати бре девојко, не знам веќе што да измислам!!

2. “То е, шо да прајш, таков е животот.. Биди силна!“ - Ти биди силен/на при вакво нешто (не дај Боже да ти се случи)!!!

3. Иначе, старо ново??

4. - Зошто?
- Така!

5. Дома шо прајте, поздрави ја мајка ти многу, повелете дојдете на кафе.. (а знаеш дека ни ќе појдеш, ни ќе дојдат)

6. Роднина те сретнува после сто години, да те види сам нема да те познае туку оти со твоите си нормално ќе знае дека си ти и ти вели “ааа, многу ви се лутам тебе и на брат ти/сестра ти, ич не идите, цела година Битола/Скопје си и немаш дојдено“ - (јас изгорев да идам кај вас, а не ве ни познавам, па и на вас до мене ви е дојдено!)

7. И најново што имам слушнато: “Е, ко ќе го постигни тој и тој, то и то, нека ми титни, јас ќе му се јавам!!!!!“

8. "I don't want to live on this planet anymore" - Често го среќавам при коментирање на туѓ гаф или нешто слично, па “паметниве“ не им се живее тука, оти нели, они се совршени. Па ако не сакаш, оди на друго место јеботе!!!! на Марс оди!!

Прашањата и изреките на мајка ми:

-Кога си дојде сношти? Кај бевте? Шо праевте? - како да и кажам шо праев сношти??
-Уште колку испити имаш од втора? А од трета? - Уште многу имам, не би била задоволна ако ти кажам! Затоа одговорот е “уште еден“ и “нема резултати“
-Беше денеска на факултет? Како помина? На полагање шо напрај?
-Ќеркоооо, ко ќе се омажиш кај свекрва ти така ќе прајш?
-Чекај, чекај, ќе видиш како е ко ќе се омажиш... - е аман, дај да не се мажам ко е таква работава, една позитивна ствар не ми кажа за бракот!!



.....ту би континјуед!!!
 
M

Moon Child

Гостин
story of my life,ко лепрозен да сум
Јас на таквите им одговарам:
-Исто како што ти пишуваш со десна, така јас со лева рака.
Како го доживуваат тоа, како светско чудо да е :cautious: Или пак ќе ти даде пенкало и ќе те тера со десна рака да пишеш нешто:rolleyes:
 
O

onlya

Гостин
Во село кога ќе ве сретне некоја постара личност: Ти чупе чиво си? На комшиите.
Пак во село но во продавница. Ти не си од тука. Замисли А од каде си? Скопје. Кога ќе им кажам Скопје ме гледаат како од Марс да сум паднала, а после неколку секунди следи прашањето или прашањата: И како таму. Што има ново таму, како животот таму? Ја Скопје под лупа го имам па се знам што се случива во него.

Комшиите, кога ќе се погодиме заедно во лифт по неколку пати во денот: Каде си тргнала? Мислев до Марс да отидам но ми се погоди пензионерски ден па само до продавница ќе одам. Мајка ти како е или што прави? Па добро е од кујната се префрли во дневната. Поздрави ја. Нема проблем цел пат тоа ќе го мислам. На факултет како? Па исто како пред два саати.

Родителите кога се ближи колоквиумска (за студенти/ки):
Рано наутро таман сум станала татко ми: Земи учи. Јас: Добро. После неполни 5 минути мајка ми: Земи учи. Јас: Сега. Цел ден на секој 5 минути: Родителите: Земи учи дете пак ќе паднеш, абе земи учи, учи бре, фати ја книгата малку, разлистај ја, учи ќе паднеш, не ме слушаш мене но јас се знам, знам дека ќе паднеш, УЧИ. Аман и како да учам после кога нон-стоп ми зборат, ја нив да ги слушам или да учам. :)
Недај боже во тој период да седнете на компјутер и неколку секунди потоа да ве затекнат родителите: Ти пак цел ден на компјутерот си ништо не учиш пак ќе паднеш, остај го компјутерот земи учи, некоја болест ќе добиеш од компјутеров учи, само на компјутер да се седело а книга никако да се фати, ГАСИ КОМПЈУТЕРОТ И ЗЕМАЈ ДА УЧИШ!

Кога треба да се оди до продавница:
-Сакаш да одиш до продавница? -Не -Добро треба да купиш...
-Ај оди до продавница. -Не можам -Како не можеш, се на готово чекаш, мрза невидена си станала, (а се мене ме праќа) до продавница да не можам да те пратам, а ако те викне некој одма ќе трчаш... -Добро бе добро ај ќе одам. -Што сакаш прави.
:cautious:

И уште ова.
Те прашуваат нешто ти им одговараш но тие не те слушаат, пак им одговараш и пак не те слушаат, по трет пат им одговараш и пак исто, четвртиот пат малку повишуваш тон и им одговараш повторно, а тие ти викаат: Што се дереш бе не знаеш ли нормално да збориш! :facepalm:

И ова.
Си легнуваш, се превртуваш пола саат - саат во креветот никако дремка да те фати и таман кога ќе те фати, влегува татко ти или мајка ти: -Сине, сине Ти со сонлив глас и пола отворено око му одговараш -Кажи? -Спиеш? -Да. (но не за долгу.) -А извини тогаш ај утре ќе збориме. И си оди.
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Шопрајш? - Оро играм
Добро утро! - Што е добро ова утро жити се?:tapp:
Лееееееееелллллеееее ноктот ми се скрши!!!! ( на скопски) - Кога и да го слушнам ова мракој ми паѓаат на очи!o_O
Незнам! Зависи - Поглуп одговор амин! Кажи бе говедо да или не?!!!!
Имаш дечко - Не, само швалери........(за инат му викам вака буахаха да се нервираат бабиве :drk: )
Ајде кога ќе те мажиме? ( ова веќе почна да ме нервира, не се подносни овие дома, на секои 5 мин едно та исто)
Ајде годините ти се мажење!
Аааа, што ти текна да се запишиш овде? - тебе сигурно нема да ти кажам бе...аман
Моментално не ми текнува, кога ќе ми текне ќе пишам!
И то!
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Да се надополнам :

ШЦшц.....
На второто, на второто што заокружи на второто????......:ROFLMAO:
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Немам време, поголема лага од ова нема.
Или ги мрзи или им е напињање да се видат со тебе, али поголема еројатност е мрзата.
Ама ебаго барем каете дека ве мрзи, така многу повеќе се разбира...
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Ова повеќе му доаѓа како клише муабет од некој филм, ама може да има и баксузи од реалниот живот кои го слушнале.
Обично се изговара кога некој ќе биде фатен од партнерот (брачен, предбрачен wathever) во крајно компромитирачка поза со познато или непознато трето лице и гласи: Чекај! Да ти објаснам! Не е тоа што мислиш!

 
Член од
27 мај 2012
Мислења
186
Поени од реакции
112
Највеќе ме нервираат реченициве од типот:
1.Кај си бе брат?
2.Шо прајш бе пеер / Абе пеер...
И највеќе што мразам е кога станувам од спиење и ми поставуваат прашање, а знаат дека кога станувам од спиење ме мрзи да живеам не па да зборам: Оооо! Се наспа ли? :facepalm::facepalm::facepalm:
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
423
Поени од реакции
682
1. А бе едно е теорија, друго е пракса.
2. Дојди на мое место па да видиш како е.
3. Не се секирај, сегде е така.
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
1. „Абе не се замарај, ќе го положиш колоквиумот/испитот“ - Да бе , ти знаеш.
2. „Има многу риби во морето“ - Фала куруц ме глеаш у рибарски чизми... кретен.
3. „Шо не пиеш бе!?“ - Шо не се дрогираш? Какво глупо прашање боже.
4. „Лее јако ќе биде вечер“ - Јако брат? Стварно ? Колку јако? Може да се бори со мечка и да извади реванш?
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.816
Поени од реакции
7.128
Ќе пројде се. И во тој момент, си ја повторувам една прекрасна реченица од Меша Селимович ,,
Sve ce proci. Ali kakva je to utjeha? Proci ce radost, proci ce i ljubav, proci ce i zivot. Zar je nada u tome da sve prodje.'' и си продолжувам.
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Највеќе ме нервираат реченициве од типот:
1.Кај си бе брат?
2.Шо прајш бе пеер / Абе пеер...
И највеќе што мразам е кога станувам од спиење и ми поставуваат прашање, а знаат дека кога станувам од спиење ме мрзи да живеам не па да зборам: Оооо! Се наспа ли? :facepalm::facepalm::facepalm:

Некој да ми рече вака како има да го пернам со еден бокс, уште еднуш да не помисли да го употреби то гнасно зборче! :tapp::mad:
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Aj so mene da jadam!

Recenicava mng ja mrzam :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom