Читав и се изнасмеав...
Еве ги тие што јас ги мразам:
1. после 6 пати поставено прашање од некоја другарка “ти шо си прајш?“ ете ја пак “и, шо си прајш ти??“ - Ти кажав сто пати бре девојко, не знам веќе што да измислам!!
2. “То е, шо да прајш, таков е животот.. Биди силна!“ - Ти биди силен/на при вакво нешто (не дај Боже да ти се случи)!!!
3. Иначе, старо ново??
4. - Зошто?
- Така!
5. Дома шо прајте, поздрави ја мајка ти многу, повелете дојдете на кафе.. (а знаеш дека ни ќе појдеш, ни ќе дојдат)
6. Роднина те сретнува после сто години, да те види сам нема да те познае туку оти со твоите си нормално ќе знае дека си ти и ти вели “ааа, многу ви се лутам тебе и на брат ти/сестра ти, ич не идите, цела година Битола/Скопје си и немаш дојдено“ - (јас изгорев да идам кај вас, а не ве ни познавам, па и на вас до мене ви е дојдено!)
7. И најново што имам слушнато: “Е, ко ќе го постигни тој и тој, то и то, нека ми титни, јас ќе му се јавам!!!!!“
8. "I don't want to live on this planet anymore" - Често го среќавам при коментирање на туѓ гаф или нешто слично, па “паметниве“ не им се живее тука, оти нели, они се совршени. Па ако не сакаш, оди на друго место јеботе!!!! на Марс оди!!
Прашањата и изреките на мајка ми:
-Кога си дојде сношти? Кај бевте? Шо праевте? - како да и кажам шо праев сношти??
-Уште колку испити имаш од втора? А од трета? - Уште многу имам, не би била задоволна ако ти кажам! Затоа одговорот е “уште еден“ и “нема резултати“
-Беше денеска на факултет? Како помина? На полагање шо напрај?
-Ќеркоооо, ко ќе се омажиш кај свекрва ти така ќе прајш?
-Чекај, чекај, ќе видиш како е ко ќе се омажиш... - е аман, дај да не се мажам ко е таква работава, една позитивна ствар не ми кажа за бракот!!
.....ту би континјуед!!!