Искрено мене ни од најдалеку не ми стои на тип на викендот. Катанија е катастрофа оваа сезона и има 4 победи на 33 натпревари. Важеше дека мора да победи и пред 2 недели кога играа против Торино дома, па сепак пак изгубија и тоа со пресврт. Од друга страна нема за што да игра Сампдорија, ама на Михајлович филмот му испукува кога тие губат така да не е тренер кој ќе сака да загуби од последниот на табелата, чиј шанси за опстанок се сведени на минимум. Минатото коло Самп изгуби 0-4 од Интер, ама Ханданович беше играч на натпреварот со 3 буквално спасени голови во првото полувреме.
Најдобар совет за овој натпревар би бил истиот да се избегне. Бидејќи шансите на Катанија да се спаси се еднакви на оние Рома шампион да стане.
Според мене подобра алтернатива за утре од италјаните е Киево-Сасуоло 1. И двете екипи се борат за опстанок, ама Киево е поквалитетен и на домашен терен во последните 2 месеци ги победи повеќето директни конкуренти со солидни резултати. Покрај тоа минатото коло го совладаа Ливорно со 2-4 во гости и потребна им е оваа победа за да избегат 8 бода од зоната за испаѓање па да ги остават таму четирите тима да се борат за едно место.