^ Не заебавај пријателе, од каде кај мене пари за 3 коеф.
чорбаџија1
Ја гледав Унгарија ама не знам зошто некако не ми се допадна за игра. Некако заебани ми се естонциве, а коеф. не ми се допадна за да ризикувам.
Кртола
Искрено јас во овие натпревари сум многу убеден. Ги анализирав сите и на сите им е потребно победа и ништо друго. Доколку победи Русија ќе се израмни со изиграните натпревари на Португалија, а ќе има бод повеќе и моментален директен пласман на светско. Тоа ако не е мотив за победа не знам што е
Во врска со Шведска многу ме привлече фактот тоа што Казакстан не е последен шешир, туку претпоследен што значи дека бодовите ќе се важат и во битката да не се биде најслабо второ место, покрај тоа што ќе се важат за самата група (Австрија и Ирска зад нив играат директен дуел).
Бугарите ми се енигма и мене, ама Малта од 7 натпревари има 6 изгубено. Што значи дека губи, а на Бугарија и се клучни бодовите за второто место во групата. Сепак се сомневам малку во нашиот драг источен сосед
Е сега никој не може да гарантира дека сите ќе излезат, ама имаат силни причини за победа против објективно послаби противници.
Него мене многу ме интересира што мислите за Украина-Англија? Доколку загуби Англија шансите за директен пласман ќе им бидат минимални, а покрај тоа ќе се борат и за бараж. Стварно не смее да загуби вечер, освен ако не сака пак да не учестувава на големо натпреварување...