Kiss

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување
073012.jpg


Многу јак документарец, посебно со бекстејџ сцените (full edition го иам дома, некаде го има и скратен). После Детроит Рок Сити, најгледан кај мене дома. :)
 
Американскиот рок-бенд KISS ќе сними албум по десетгодишна пауза од последното издание Psycho Circus од 1998. - Сакаме да направиме винтиџ албум, кој ќе биде класичен материјал посветен на музиката што ја правевме во 70-тите години. Едноставно, ќе им се вратиме на корените, не размислувајќи за тоа што ќе следува - вели пејачот и гитарист Пол Стенли, кој ќе го продуцира албумот. Во едно неодамнешно интервју и другите членови на бендот го потврдија враќањето во студио. Во последните години, басистон Џин Симонс беше најгласен во врска со неговиот недостиг од ентузијазам за снимање нов албум, поради лошата состојба во музичкиот бизнис. - Издавачката индустрија е во тотален хаос. Ниту еден дел од мене не сака да се врати таму и да снима нова музика, зашто не гледам поента во тоа да се вложи труд во нешто што на крајот ќе биде бесплатно. Се уште не се знае како KISS ќе го дистрибуираат албумот, но најважно е тоа што Пол Стенли, Џин Симонс, Томи Тајер и Ерик Сингер здружено ќе учествуваат на материјалот. Гитаристот Ејс Фрелеј и тапанарот Питер Крис беа дел од претходниот албум, но подоцна беа заменети со Сингер и со Тајер. По својата европска турнеја со која ја прослави 35-годишнината од формирањето, KISS во 2009 ќе одржи концерти и во Северна Америка.

ПреВземено од Дневник, Четврток, 8 јануари 2009, стр. 16 (:
 
За жал, со спремањето на овој албум, а и по статијава, не ми мириса дека ќе идаат во Европа годинава... А како им се токмев. :(
 
Беа лани, ама се изнадесија еден куп работи и ги пропуштив... Првичниот план беше цела KISS Армија од МК да ојме во Белград на концерт, и цели прекрасни 30 минути ги држев картите в раце, кога ја дознав трагичната вест - концертот е откажан заради можен конфликт на Србија со Косово. Имавме многу малце време да организираме за одење во Софија (еден ден после концертот во Белград, беше во Софија, на 16ти мај) ама Енко од Југотон/Авалон шо организираше за таму, не заеба за карти и останавме така. :(

Ако дојдет пак во Европа, јас и уште двајца другари ќе организираме за карти и превоз до најблиската дестинација шо ќе е, па само се молам да дојдат. :)
 
I was made for lovin' you
Lick it up
Black Diamond
Sure Know Something
Strutter
Nothin' to lose
Rock n' roll all night
Exciter
Love gun
I stole your love
Shock me
Tomorrow and Tonight
Hotter Than Hell
God of Thunder
Shout It Out Loud
Hard Luck Woman
Killer
Psycho Circus
Detroit Rock City

тие први ми паднаа на памет.. (:
 
Преслушај ги соло албумите ако не ги имаш преслушано, четири се од 1978, и тој на Пол Стенли од 2006.
 
Ексклузивна информација од KISS Army New York: Новиот албум на KISS ќе има 13 песни, од кои девет се компонирани од Пол Стенли, три од Џин Симонс и една од Томи Тајер. Албумот ќе биде во стилот на KISS при почетоците на бендот, но не се знае точниот датум на издавање. Според Пол Стенли, албумот ќе биде „ново парче музика на стариот KISS стил, и без разлика на се’, се враќаме на корените“.
 
На денешен ден во 1952 година во Куинс, Њу Јорк, е роден Стенли Харви Еизен, попознат како Пол Стенли. Пол Стенли е основач на групата KISS и еден од двата члена (другиот е Џин Симонс) кој останал во бендот сите 35 години, веќе почна и 36тата. Стенли исто така освен во музиката, се испроба и во сликарските води, и има отворено своја галерија. Женет е со Ерин Сатон и има два сина, еден од сегашниот и еден од претходниот брак. Синот од првиот брак се вика Иван Шејн а од вториот Колин Мајкл. Пол неколкупати подлежеше на операција на колкот, и прима терапија за да се одржи во форма. Исто така, има глумено и во мјузиклот The Phantom of the Opera, глумејќи го Фантомот. Низ долгогодишната кариера Стенли искомпонира и испеа бројни хитови, и во состав на KISS и во двата соло албуми.

Среќен педесет и седми роденден Пол!

paulbirthday.jpg
 
На денешен ден во 1989 година е роден синот на Џин Симонс и Шерон Твид, Николас Адамс Твид Симонс.

Среќен 20ти роденден Ник. :smir:
 
На денешен ден во 1956 во Анахајм, Калифорнија е роден поранешниот гитарист на KISS, Марк Сент Џон. Вистинско име му е Марк Лесли Нортон, и ги изведе скоро сите водечки гитарски елементи од Анималајз (Animalize) албумот. По напуштањето на KISS го формираше бендот Уајт Тајгр (White Tiger) и сними еден албум со групата.

По долго и тешко боледување, почина на 5ти април 2007ма година, во својот дом. Марк е вториот член кој некогаш членувал во KISS, а починал. Да беше жив денес ќе наполнеше 53 години.

MARK%20JHON.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom