KIss goodbye your pensions -Се изгореа нашите пензиски фондови

Ич не се замарај до пензија уште колку ли кризи ќе има и пропаѓања :icon_lol: Човек од вакви муабети само може да не дочека пензија :(
 
Во секој случај ќе скинеме до пензија,зошто да се замараме од сега.
 
а инаку колку што читнав се работи за инвестиција од само 3% значи безначајно ниска инвестиција... можда утнале, можда ризикувале но ете, инвестирале со бедни 3% во обврзници и тоа само со по 1% во секоја од трите наведени држави... значи не е нешто ББУУУУУУУУММММ сензационално... и ако рикне таа инвестиција ке си ги вратат средствата по некое време со мала загуба... ке беше опасно и сензационално ако се спомнеше инвестиција од 30%..... е тогаш е опасното и лошото...
--- надополнето: Jul 28, 2011 8:49 PM ---
Во секој случај ќе скинеме до пензија,зошто да се замараме од сега.
точно така.. со сегашнава старосна граница за пензионирање и сегашново темпо на работа и бог знае уште колку пати поместување на таа старосна граница до мојот момент на пензионирање, се прашувам дали ке бидам жив за да дочекам пензија... за 3-4 децении од сега гледано и влади од тип: симни се мурто качи се курто, не очекувам ништо добро... се разбира сакам и гледам оптимистички секој ден, дека можеби ке се смени нешто на подобро... барем се надевам ако не, но во овој момент и не баш оптимистички исход сега за сега...
 
Одете на овој сајт има некои информации http://www.mapas.gov.mk

Најголем проблем не се приватните пензиски фондови туку нефункционирање на регулаторна комисија која ќе ги контролира ,пошо желбата за Профит преку лешеви е преголема.

Не заборавете едно како ќе зависи вашата пензија зависи од идните генерации.

Бројот на пензионери треба да биде помал од бројот на вработени за да може да издржи системот инаку ако е односот 2 спрема 1 отиде работава у була.

Еве земете ги и приватните осигурителни компании и ќе видете како прават мучки.
 
И онака системот е намерно направен за да се сруши, така да наместо слепата верба во институција како што е НБРМ, и кои што челници порано биле организатори на пирамидални штедилници кај нас (читај Гувернер заменик гувернер), погледнете ги фактите и размислете со сопствена глава.
--- надополнето: Jul 30, 2011 12:17 PM ---
Одете на овој сајт има некои информации http://www.mapas.gov.mk

Најголем проблем не се приватните пензиски фондови туку нефункционирање на регулаторна комисија која ќе ги контролира ,пошо желбата за Профит преку лешеви е преголема.

Не заборавете едно како ќе зависи вашата пензија зависи од идните генерации.

Бројот на пензионери треба да биде помал од бројот на вработени за да може да издржи системот инаку ако е односот 2 спрема 1 отиде работава у була.

Еве земете ги и приватните осигурителни компании и ќе видете како прават мучки.

Знаеш како во Грција ги средуваа книгите, а бе тоа сметководството можи се да пише тефтерот трпи. Сега не викам дека тоа и кај нас е, ама е една од можностите.
 
Нова информација за пензиските фондови:

Пензиските фондови купија 6 милиони евра државни обврзници

Државата повторно пристапи кон издавање на долгорочни државни обврзници. Преку аукција на петгодишни државни обврзници, кои дел се со денарска и девизна клаузула, беа понудени 360.740.000 денари (околу 5,9 милиони евра) и истите беа купени од страна на пензиските фондови и осигурителни друштва. Каматната стапка изнесува 5,5%. Датум на достасување на првиот купон е 29 септември 2012 година, вториот купон на 29 септември 2013, третиот купон исто така 29-от ден од септември, но во 2014, четвртиот купон на 29.09.2015 и петтиот купон на истиот датум, само во 2016 година.
-Издавањето на долгорочните државни обврзници е со цел да се подобри понудата на пазарот на хартии од вредност. Ова е особено значајно за подобрување на портфолиото на пензиските фондови кои вчера беа и најголемите купувачи на петгодишните обврзници - велат од Министерството за финансии.
Во изминатиот период, државата стави акцент на задолжувањето на пократки рокови, најчесто преку аукции на три и шестмесечни државни записи.
(С.Бл.)

http://www.time.mk/read/513e473915/343a89b92e/index.html

Додека ние одмараме од економија и гледаме лавови, тигри и коњи, државата шитка обврзници.
Многу чудно што овие ги купиле Пензиските фондови и осигурителните компании. Што мислите што се крие зад ова?
 
Што ќе се секирам.По има шанси да ми дое попо него поштаро со пензија
 
Додека ние одмараме од економија и гледаме лавови, тигри и коњи, државата шитка обврзници.
Многу чудно што овие ги купиле Пензиските фондови и осигурителните компании. Што мислите што се крие зад ова?

Па, парите мои и твои (т.е. на народот), кои ни се чуваат за во пензија, и ги зајмиме на државата, за 5 години, (доволно време да се испокраде и да се смени власта), и наредната власт да мора да ги врати со 5% камата. Јас така го гледам ова :). А дали вредноста на тие пари ќе биде иста, по тие 5 години, тоа е знак прашалник.
 
Ова може да биде вака само во Шведска или некоја држава со нормална економија и политика. Кај нас ќе го искористат политичките партии за да се препукуваат само меѓусебе. Сега ВМРО ќе ги земат од народот (и нели наводно викаат ќе ги вратат за 5 години), СДСМ ќе го искористи тоа за следни избори, во пропагандата ќе спомнува цело време како Грујо го измамил народот и сите глупости за да стигнат на власт и кога ќе стигнат на власт ќе тврдат дека државна каса е празна, претходната власт ја потрошила и евентуално ќе вратат мал дел од парите, а цел мандат ќе се препукуваат двете политчки партии меѓу себе за кој ги украл. Народот ќе остане пак поделен меѓу себе и ќе го боли гзот од сексот што го добива цел живот, а мевовите на циганите што седат цело верме на фотељите кои ние им ги плаќаме ќе бидат полни.
Така што и да правиш, која и политичка партија да е на власт само ќе те измолзи и ќе те фрли ко курва кога ќе те исцеди до крај и на крај само ќе префрли одговорноста на другиот.

И да едно малце ме буни... Парите сега што ги даваме за пензиско нели одат кај сегашните пензионери, а парите што ќе ги даваат идните генерации ќе одат кај нас, како тогаш ќе го „позајмат“ пензискиот фонд без притоа да ги остават пензионерите сами на себе?
 
Ова е за приватните пензиски фондови, а парите во приватните фондови се за тебе. Значи, дел од парите за фонд одат во државен столб (читај сегашни пензионери), другиот дел во приватни (читај за тебе). Третиот е по избор (ретко кој уплаќа таму).

Е, купување државни обврзници е инвестирање на некој начин на парите од приватниот фонд, за да ги оплодат за 5% по пет години.

Ама види го сценариово: Се прави ребаланс на буџет, и највеќе пари добива фонд за пензиско (сегашни пензионери) - 23 милиона еури. По некое време, владата дава обврзници (долгорочни) и приватните фондови даваат 6 милиона еури, за да добијат 5% по 5 години. Ова ти е како зимање позајмица од нашите приватни фондови за сегашните пензионери да примаат пензија. А ние (кои допрва ќе се пензионираме) да се надеваме дека државата ќе ги врати тие пари по 5 години (оплодени) :)

Јас мислам дека треба да почнам да одам у црква и да палам по некоја свеќа за општо добро :)
 
Додека ние одмараме од економија и гледаме лавови, тигри и коњи, државата шитка обврзници.
Многу чудно што овие ги купиле Пензиските фондови и осигурителните компании. Што мислите што се крие зад ова?

Што се крие зад сево ова Леандра? Баш ме интересира.
 
Овие институции своите средства (97% произволно) ги вложуваат во сигурни државни обврзници на големи држави. Чим се решиле да ја финансираат владата, значи дека ризикот во Европа е пораснат до тој степен што ниту државни обврзници не им купуваат. Мене ми мириса на економска криза повторно, се натаму ми одат показателите. А владата нема кренато каматна стапка и нема издадено месечни со багателна камата како светскиот економист Трајко Славески што издаваше секоја недела.
Ако се издаде нова емисија и ако НБРМ ја крене стапката на записите очекувајте повторно затегната кредитна политика од НБРМ. Што значи ќе ја контролира инфлацијата која сега засега е под контрола.
Пензиските и осигурителните компании бараат сигурност во државата, а не настрана. Државата бара пари зошто троши како луда. И на двете страни им одговара. Ако рикнат фирмите од следна криза ќе ги врати парите кога ќе прдне Џон Ленон.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom