Продадено.Продавам одлично сочуван Kindle 4та генерација (користен ~ 40-50 часа) со футрола и усб кабел за 3700 денари. Доколку има заинтересирани, за повеќе инфо (слики и сл.) пратете пп.
Дали calibre треба да се инсталира на компјутерот и на е-читачот?Да, да и да...
Првите две ДА се лесни. За детални инструкции ти препорачувам да го посетиш сајтот на софтверот Calibre, каде ќе можеш истиот да го симнеш, и да ја пролисташ неговата документиција.
http://calibre-ebook.com/
За последното ДА, ќе ти треба малку повеќе работа. Ќе ти треба скенер, и OCR софтвер кој ќе го конвертира текстот во дигирална форма. Тоа ќе има грешки кои ќе мораш рачно да ги корегираш... Изведливо, и не тешко да се научи што треба да се прави - ама си бара работа, време и упорност. На крај ќе се откажеш, ако сето тоа не ти е екстремно важно, или имаш обврска да го направиш.
Голема штета е што кај нас немаме активна сцена која го прави тоа дигиталзирање на книгите. Во соседните екс-ју држави тоа наголемо се работи и како резултат на тоа нивните читатели имаат голем избор од литература во дигитален облик. Еве погледај еден добар сајт со таква содржина:
http://www.balkandownload.org/forum/90-e-books/
1. Само на компјутерот.
2. Мммм’да...
3. Доволно е, за киндл ниту може, ниту има потреба од додатна картичка - освен ако баш не инсистираш да во читачот имаш повеќе книги, одколку што има во градската библиотека.
Има и друга опција преку сервисот на Амазон, ама тоа е троа посложено за објаснување - па ќе оставам друг да објсни (или ти малку да пребараш на нет).Да, да и да...
Првите две ДА се лесни. За детални инструкции ти препорачувам да го посетиш сајтот на софтверот Calibre, каде ќе можеш истиот да го симнеш, и да ја пролисташ неговата документиција.
http://calibre-ebook.com/
Ќе ги конвертираш во киндл формат и ќе можеш.Повторно јас... уште нешто ме интересира пред деновиве на купам киндле....дали би можела мои текстови кои ми се пишувани со кирилица во word да ги читам на него?
Во невада или на оглас ако начекаш нешто. А прашај и анхоч кога би добиле пак.Здраво!
Ме интересира дали некој продава Kindle Имав од постарите, оние со тастатура и 3G, донесен од Америка, но ми го украдоа, па сега сакам да си земам друг. Во Анхоч нема веќе на залиха ни од обичниот, ни од Paperwhite а, не знам од каде на друго место би можело да се купи кај нас.
Ќе гледам да најдам некој да ми донесе од Америка/Канада ако не донесат нови во Анхоч. Не ми се даваат 110 евра во Невада за најобичниот, кога за тие пари се зема PaperwhiteВо Невада КОЛАТ со цените. На ПП ме прашуваа пред некое време и имав прилика да ги споредам цените, по 2-3000денари разлика имаше и кај двата модела Киндл (меѓу Анхоч и Невада).
Ама ако е итно, итно е - тоа го разбирам барем.