Kindle

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Сакам да купам одредени книги од Амазон кои не можам да ги најдам по сајтовиве. Дали ако го регистрирам Kindle-от ќе имам некаков проблем понатака со книгите што ми се ставени преку Calibre? @Vanlok имаш некакво искуство со ова?
Иам читано случаеви кај што амазон ги избришал сите книги на човек поради тоа што наводно му нашол пиратска книга, али не сум сигурен дали и колку се вистина.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Иам читано случаеви кај што амазон ги избришал сите книги на човек поради тоа што наводно му нашол пиратска книга, али не сум сигурен дали и колку се вистина.
Reddit вика дека биле фини од Амазон и не закачале по туѓи книги ама ево не знам Богами :unsure: Thread-от е од пред скоро една година па си викам да не смениле нешто во меѓувреме.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.934
Поени од реакции
30.665
@AlternativeF буквално истото ќе го напишев како и statusQuO. Со тоа што јас сум слушал приказни и за заклучени киндлови. Има лоши приказни.
Јас вториов Киндл го немам ни регистрирано, не гледам потреба.


Една идеја, мислам дека не мораш директно од Киндлот да купуваш. Регистрирај си акаунт без киндл, купи од таму, па пренеси на киндлот со Calibre (миљон гајдови има, кажи ако сакаш да постирам упатство за пренесување книги).

На крај, да нагласам дека јас никогаш не сум купил книга од Амазон. Ако сакаш 100% сигурен одговор, прашај на линкот подолу - многу добар е форумот:
http://www.mobileread.com/forums/
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Јас имам купено неколку книги и не сум имал проблем, додуша wifi вклучувам само кога сум купил книга и после гасам. Книгите обично од страната на амазон ги купувам, а после само ги превземам на киндлот.
Ако ептен си параноичен, можеш да побараш на друго место да ја најдеш, некаде каде што продаваат епуб па да немора воопшто да се замараш со Амазон.
 

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.178
Поени од реакции
2.129
Kade mozam vo Skopje da najdam Kindle paperwhite?
Za citanje knigi striktno mi treba..
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.934
Поени од реакции
30.665
Kade mozam vo Skopje da najdam Kindle paperwhite?
Za citanje knigi striktno mi treba..
^^
Анхоч.

Пред некој ден видов дека имаат и некој нови модели, ама тотално не сум во тек - ни ревјуа не сум прочитал ни ништо (буљашите не сакаа да ми отворат еден од новите модели, да го споредам приказот со постарите модел). Како и да е, пофалба до нив што држат Киндл па не мора човек да се замара со нарачки, а не е сеедно и тоа да се има локална гаранција.
 

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.178
Поени од реакции
2.129
^^
Анхоч.

Пред некој ден видов дека имаат и некој нови модели, ама тотално не сум во тек - ни ревјуа не сум прочитал ни ништо (буљашите не сакаа да ми отворат еден од новите модели, да го споредам приказот со постарите модел). Како и да е, пофалба до нив што држат Киндл па не мора човек да се замара со нарачки, а не е сеедно и тоа да се има локална гаранција.

Go imaat kindle touch a go imaat i paperwhite...
Koj bi go preporacal ti?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.934
Поени од реакции
30.665
Go imaat kindle touch a go imaat i paperwhite...
Koj bi go preporacal ti?
Пар страни поназад напишав опис токму на тие два модели Киндл читачи, пошто детално ги разгледував и размислував кој да го изберам. Да не се повторувам:

http://forum.kajgana.com/threads/kindle.56355/page-38#post-7325927
...
Еве ги моите лични заклучоци, пејпервајт наспроти обичната Kindle Touch верзија.
Најпрво ќе кажам за квалитетот на приказот на екраните на дневно светло. Пејпервајт има забележливо подобра резолуција, но мене лично не ми се допаѓа жолтакстата нијанса на позадината - нешто што не беше пресудно, колку што беше фактот дека приказот на екранот на обичната Kindle Touch верзија имаше некако подабар контраст на текстот (ова претпоставувам дека е предмет на лично мислење и преференци).

Осветлувањето на екранот што го има пејпервајт е дефинитивно предност, но сепак не носи во една, да ја наречам „оксиморон“ ситуација. Имено, позадинско светло на ебук читач за мене е суперфицијална карактеристика. Затоа што позадинско светло значи и значително зголемено замарање на очите.
Се разбира во некои специфични ситуации каде нема доволно амбиентално светло, позадинско осветлување на екранот би дошло добро - но ова зависи од потребите и преференците на читателот. Јас лично позадинското осветлување не го видов како доволно голем бенефит наспроти нешто подобриот контраст на екранот на обичната верзија (и скоро дупло помалата цена на истиот). Во услови на слабо светло (или целосен недостаток од истото) преферирам аудиокниги. Воедно ова најчесто е случај кога патувам и тогаш долготрајно читање секако ми предизвикува мачнина како од „морска болест“ (Motion sickness).

Затоа јас ја одбрав обичната Kindle Touch верзија. Начинот на кој патетично лесно напукна екранот на мојот стар Киндл од 3та генерација, со киборд, додатно ме убеди дека подобар избор е дупло поевтина вредност за уред кој во секојдневни услови (читање на добро дневно/собно осветлување) има скоро еднаков приказ на текст, како и поскапата пејпервајт верзија. Ваквите уреди се користат секојдневно, дома и надвор, на плажа како и во тоалет, па во мојот случај дури и на трпезарија (и на многу други места). Киндл ебук читачите не се многу робусни, и поевтината цена ја намалува когнитивната дисонанца од сеприсутниот ризик од оштетување на уредот.


За крај малку за самото искуство со читањето.
Помалата резолуција на екранот на обичната верзија, не го намалува квалитетот на читањето. Сепак се работи за текст, малку пикселизација (која се гледа само кога директно се споредува со пејпервајт) воопшто не смета во читањето. Дури сметам дека делумно токму на таа пикселизација се должи нешто подобриот контраст на текстот на обичната верзија, изгледа како кај пејпервајт малку да се блурирани ивиците на буквите за да се прикажат што пофини контури и и ивици на истите. Сето тоа ги прави приказите на буквите кај пејпервајт моделот, малку побледи и понеконтрастни (а не видов сетинг за подесување на ова во пејпервајт менито).
Само да напоменам дека споредувањата ги правев на иста страница од ист текст, со ист фонт и величина на истиот (и со повеќе разни фонтови).


Но сега доаѓаме и до лошите страна (на двата читачи).
Недостатокот од физички копчиња за напред назад, заглупувачки го ретардира читачкото искуство. Не се работи само за навиката, едноставно читачкото искуство е лошо со тач интерфејс. Изборот на Амазон да одат само со тач интерфејс е патетично ретардиран - иако сето тоа не е само нивна кривица туку повеќе е одраз на денешниот сеприсутен телефонски (и воопшто геџет) кичерај и неписменоста на денешната целна клиентела навикната на таблет-мобилен-има-ли-тач-тоа-чудо.

Многу, многу често се случува ненамерно да се притисне страна напред (или назад) по грешка. Потоа не може само со една рака удобно да се користи читачот.
Притискање на левата ивица од екранот предизвикува промена на страна наназад, притискање на десната ивица од екранот предизвикува промена на страна нанапред. Освен ако немате шака како банту црнец - левата рака може единствено да притисне промена на страница наназад, и десната рака може единствено да притисне промена на страница нанапред (зборуваме за користење на само една рака). Свајп потезот за менување на страница нанапред со левата рака е невозможен да се изведе само со палец, и истото важи вајс верса за менување на страница наназад со десната рака.

Недостакотот од физички копчиња за менување на страните, многу бргу станува болно видлив. Ова го кажувам по 40дневно интензивно користење (читање на малтене целиот компендум од 6те книги на Аберкромби). Едноставно не се работи за навика, туку за големи физички недостатоци на физичкиот интерфејс со читателот.

Потоа многу, многу често се случува да нешто да го допре екранот и да предизвика смена на повеќе страници напред или назад. Или да ја смени величината на фонтот (шорткат за ова изгледа е свајп нагоре/надоле.
Значи допир од прамен од коса кога задувало малку ветер, крајот од некое кесенце кое го додаваш некому на плажа - многу вакви банални моменти предизвикувааат менување на страниците и менување на разни подесувања. Ебаго дури и тие малите нежни, зелени или црнки, мушички, ги знаете де тие што не тежат ни десет илјадити дел од грам - дури и тие кога случајно ќе слетаат на екранот, менуваат странци и разни сетинзи на читачот. На неколку пати обична мала мравка, во рок од неколку секунди ми ја однесе книгата едно педестина страници напред. Со неверување ја гледав мравката како си чекори по екранот и секој еден допир од екстремитет (a копилињата имаат шест) предизвикува менување на страна нанапред. Едноставно неверојатно и ретардирано глупо решение за интерфејс на уред кој служи само и едноставно за читање на текст. :)

Патем, ако го мислите истото што јас го помислив на почетокот - намалување на осетливоста на тач интерфејсот не е решение, зошто тогаш и намерното менување страници станува прилично потешко. Тоа не е решение на проблемот со интерфејсот, освен ако од некоја причина не љубите да му мавате ластици и чврги на својот ебук ридер.


Претпоставувам дека сето ова звучи смешно, но неможноста да се исклучи тач интерфејсот (затоа што едноставно не постојат физички копчиња) прилично го намалува уживањето во користењето на читачот. Јас дури планирам наскоро да си нарачам заменски екран за стариот Киндл.
Но наспроти овие недостатоци, опцијата да се купи Киндл од домашна продавница и со целосна гаранција за истиот - во комбинација со сосема прифатлива цена, ја прави целата работа одлична можност за купување на квалитетен ебук читач за домашните љубители на читањето.
 

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.178
Поени од реакции
2.129

ErT

Console Dude
Член од
17 ноември 2007
Мислења
2.208
Поени од реакции
265
На продажба оди Kindle 4 (верзија без touch) со футрола која што има светло и кабелче за полнење батерија. Киндл-от е одлично сочуван, во футрола од прв ден.

Линк до албум.

Цена: 4000 ден
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
На продажба оди Kindle 4 (верзија без touch) со футрола која што има светло и кабелче за полнење батерија. Киндл-от е одлично сочуван, во футрола од прв ден.

Линк до албум.

Цена: 4000 ден
Не сакам да ти кршам филм, ама ценава ти е нереална за 3-4 генерации стар киндл, кога нов со тач е 4900 во анхоч, со гаранција.
 

ErT

Console Dude
Член од
17 ноември 2007
Мислења
2.208
Поени од реакции
265
Знам дека е толку. Футролата ја крева цената, иначе ќе го даев за 3500. Футролата не е од алиекспрес за 100 денари, од квалитетни материјали е.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Имало некој „критичен“ апдејт на Kindle-от кој ако не се инсталирал до 22.03.2016 немало да работи, ама на мојов Kindle не ми дава ништо кога ќе го вклучам, а ги следам тие упатства. Firmware верзијата ми е 5.4.2.1, Kinde Paperwhite втора генерација.
Има некој направено апдејт?
Edit: Го регистрирав Kindle-от и го вклучив на wifi, отидов на Settings -> Sync and Check for Items и го заклучив и самиот си симна апдејт, го инсталираше и се рестартираше.
Засега нема трагични последици по книгите што ми беа претходно ставени, го ставив на flight mode и не планирам да го пуштам онлајн наскоро па ќе видиме дали ќе се самоуништи или не :D
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.934
Поени од реакции
30.665
Ma какви трагични последици... не се секирај. :)
@AlternativeF aко не направиш апдејт до 22ри, единствено нема да можеш да се конектираш на Амазон за да купуваш книги. Јас лично не го користам нивниот сервис, всушност вториов киндл не ми е ниту регистриран... ;)

Customers using an outdated software version on Kindle e-readers require an important software update by March 22, 2016 in order to continue to download Kindle books from the Cloud, access the Kindle Store, and use other Kindle services on their device.
 

Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
832
Поени од реакции
1.457
Иам читано случаеви кај што амазон ги избришал сите книги на човек поради тоа што наводно му нашол пиратска книга, али не сум сигурен дали и колку се вистина.
Не верувам.

Ми се случи да купам книга, иако на картичката (дебитна) која ми беше додадена во Амазон сум немал доволно пари. Неколку пати се обиде да наплати во рок од неколку дена, ми стигаше порака дека е неуспешно плаќањето на мобилен и толку. Имав историја на трансакции со истата картичка. Во меѓувреме истече рокот на картичката, не знам дали се памти можеби па некогаш ќе ми наплатат за книгата.

И да, сеуште седи во киндл-от книгата, ми ја немаат избришано :D иако многу пати од тогаш се имам поврзано на интернет. Прво сакав да ја копирам на PC и да го тргнам DRM-то во случај да ја избришат ама ме мрзеше и така остана

Кога не се замраат за бришење книга која не ти ја наплатиле, не мислам дека би ги избришале некому сите книги затоа што му детектирале пиратска.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom