Kindle

  • Креатор на темата Креатор на темата Srcee
  • Време на започнување Време на започнување
Штета што и поевтиниот модел е touch, веднаш ќе купев.
Многу педерска одлука им е на Амазон, да ги исфрлат физичките копчиња за напред - назад (за смена на страниците).
 
Заборавете на Calibre, онлајн конвертери и сл, верувам дека убедливо најимпресивни резултати за конверзија во формат погоден за електронски читач се прави преку ABBY Fine Reader (12, 11).

Со ABBY Fine Reader не се прави директно екстрактирање на текстот од содржината, туку оптичко анализирање и читање на содржината при што знае да препознае и:
  • header / footer (речиси секогаш успешно ги отстранува)
  • табели со наслов и содржина во нив (прилично импресивно)
  • слики (најчесто успешно)
  • текст (накосен, подреден, ротиран, во колони, наслови и тн.)
Доколку не сте задоволни од анализата можете да го прегледате резултатот и страниците од кои не сте задоволни како се конвертирале мануелно да ги подесите преку редефинирање на препознаената област (area) која може да бидат текст, табела, слика, позадинска слика и тн. во соодветниот тип. Добро би било да ги ревидирате страниците кои може да се покомплексни за анализа алгоритамски, како делови каде се комбинираат или преклопуваат текст, слики, табели и сл.

Исто така можете да го едитирате текстот на одредени места, а можете и да ја проверите проценката на успешност на препознавање на карактерите и да извршите верификација. Бидејќи е оптичко препознавањето, за добра конверзија потребно е да го подесите јазикот или јазиците на кои документот e напишан. Програмата на screenshot успешно препознава и македонски текст се дури нема нападна позадина каква што не би требало да се најде во текст. Дополнително, можете да додадете и речник на зборови од одреден јазик.

Програмата понекогаш математичките формули и слики со координатни системи ќе ги препознае како слика, но за конверзија на такви делови, би ви препорачал рачно да го одредите типот на конверзијата во слика. За подобро препознавање на хемиски формули или програмски јазици додадете ги во јазици за распознавање од Formal Languages, иако ни тоа не ви гарантира 100%-на успешност на такви содржини.

Имате директна опција за конверзија од PDF/Image во EPUB при што лесно може фајлот подоцна преку Kindle Previewer (или Calibre) да го конвертирате во MOBI. Можете и директно да го пратите документот до Kindle преку корисничкиот мејл, но од одредени причини и забранив на програмата да има пристап до интернет преку firewall-от и сметам не ми е потребна таа опција :)

Од условно нетивните страни, ABBY Fine Reader потфрла во креирање релевантна табела на содржина (TOC, Table of Content), но тоа може да го направите многу поуспешно со Sigil со уредување на креираниот EPUB фајл преку опцијата Generate TOC, пред да направите конверзија во MOBI. Втора негативност е што повеќе ќе чекате од обична конверзија што е очекувано бидејќи се врши оптичка анализа на содржината, но вреди за резултатот. (Тоа пак значи дека конверзија е можна и за скенирани материјали, при што квалитетот на конверзијата многу ќе зависи и од квалитетот на сликата, иако програмата ги има едни од најсофистицираните алгоритми за оптичко препознавање..)

И трето негативно е што програмата не е бесплатна, но верувам дека вашите вешти прсти ќе најдат некакво решение за тоа :)
 
Ја paperwhite иам, прекрасно reading искуство.
А ова горе ќе го пробам, пошо до сеа со калибре си средуев книгици
 
Планирам да си купам Kindle.
Книгите што ќе ги читам се со многу слики во боја (архитектура, дизајн, уметност)
Дали Paperwhite ги чита и прикажува добро сликите и боите?
 
Планирам да си купам Kindle.
Книгите што ќе ги читам се со многу слики во боја (архитектура, дизајн, уметност)
Дали Paperwhite ги чита и прикажува добро сликите и боите?
Црно бели се екраните, но paperwhite има поголема резолуција така да секако подобро ќе изгледаат од обичниот киндл. Но претпостаувам книгиве ти се во пдф, и сликите се важни за распознавање, а киндлот е ептен така за пдф, а поготово за пдф-и со слики. За такви работи многу повеќе работа ќе ти заврши некој таблет со хд резолуција на некои 8-10инча.
 
Последно уредено:
@green_g за твоите потреби тебе ти треба таблет, а не ебук ридер.
 
Ја има ли некој обичната Kindle Touch верзија без вградено осветлување?
Ме интересира искуството при читање во услови на вештачко осветлување (соба), дали е голем хендикеп, каква е респонзивноста (релативна на е-инк екран), резолуцијата и слично :)
 
Си го загубив киндлот :(
Кај можам во Македонија да најдам Киндле, или таблет со со е инк технологија, што ми препорачувате е најдобро?
 
Си го загубив киндлот :(
Кај можам во Македонија да најдам Киндле, или таблет со со е инк технологија, што ми препорачувате е најдобро?
Како го загуби, ц ц ц?
Имаш во анхоч, ако си во можност земи paperwhite.
http://www.anhoch.com/product/37400/tablet-pc-kindle-touch-4gb-wifi
http://www.anhoch.com/product/37401/tablet-pc-kindle-paperwhite-gen-ii-4gb-wi-fi
 
Како го загуби, ц ц ц?
Имаш во анхоч, ако си во можност земи paperwhite.
http://www.anhoch.com/product/37400/tablet-pc-kindle-touch-4gb-wifi
http://www.anhoch.com/product/37401/tablet-pc-kindle-paperwhite-gen-ii-4gb-wi-fi

Мислам дека на паркингот на аеродромот во Скопје ми паднал :( Ептен, ептен ми е криво. А што е најтрагично е тоа што и мобилниот ми испушти душа и сега сум ко отсечена од светот. Ај за мобилниот не ми е, ама киндлот како можеше да си го изгубам, не можам да си простам.
 
Мислам дека на паркингот на аеродромот во Скопје ми паднал :( Ептен, ептен ми е криво. А што е најтрагично е тоа што и мобилниот ми испушти душа и сега сум ко отсечена од светот. Ај за мобилниот не ми е, ама киндлот како можеше да си го изгубам, не можам да си простам.
Пиши импресии кога ќе земеш нов. Баш ме интересира твое мислење за тач верзијата. На мојот десното копче за следна страна е потрошено :confused: сега морам со лева рака да го држам за да мењам страни :D
 
Пиши импресии кога ќе земеш нов. Баш ме интересира твое мислење за тач верзијата. На мојот десното копче за следна страна е потрошено :confused: сега морам со лева рака да го држам за да мењам страни :D
Дедото има Paperwhite, а јас 4ка, повеќе ми се допаѓа мојот за читање затоа што има копчиња. Позадинското светло на Paperwhite-от сепак е голема предност. Сумарно, Paperwhite со копчиња е win комбинација :)
 
@Srcee ова изгледа е баксузно време за нас сопствениците на киндл ебук читачи... Јас го напукнав екранот на мојот Киндл (3та генерација, со киборд) :(
Но (не)среќата се смени кога веќе следниот ден набавив замена. Читај подолу, за искуствата со мојот нов читач.


Ја има ли некој обичната Kindle Touch верзија без вградено осветлување?
Ме интересира искуството при читање во услови на вештачко осветлување (соба), дали е голем хендикеп, каква е респонзивноста (релативна на е-инк екран), резолуцијата и слично :)
Јас го одбрав токму тој модел, кој потоа имав прилика интензивно да го користам во 30тината дена одмор од кој неодамна се вратив.

Но пред да ги пренесам искуствата со обичната Kindle Touch верзија (без вградено осветлување), најпривин сакам да им се заблагорам на вработените во Анхоч продавницата од Охрид. Не им ги знам имињата за да ги пофалам лично, но и девојката и дечкото беа многу љубезни и трпеливи кон моето (повеќе од полчасовно) споредување на пејпервајт и обичната Kindle Touch верзија. Ги споредував приказите на дневно светло, и во потемните делови од дуќанот, исти текстови со разни фонтови и величини на истите, и многу други такви моменти.


Еве ги моите лични заклучоци, пејпервајт наспроти обичната Kindle Touch верзија.
Најпрво ќе кажам за квалитетот на приказот на екраните на дневно светло. Пејпервајт има забележливо подобра резолуција, но мене лично не ми се допаѓа жолтакстата нијанса на позадината - нешто што не беше пресудно, колку што беше фактот дека приказот на екранот на обичната Kindle Touch верзија имаше некако подабар контраст на текстот (ова претпоставувам дека е предмет на лично мислење и преференци).

Осветлувањето на екранот што го има пејпервајт е дефинитивно предност, но сепак не носи во една, да ја наречам „оксиморон“ ситуација. Имено, позадинско светло на ебук читач за мене е суперфицијална карактеристика. Затоа што позадинско светло значи и значително зголемено замарање на очите.
Се разбира во некои специфични ситуации каде нема доволно амбиентално светло, позадинско осветлување на екранот би дошло добро - но ова зависи од потребите и преференците на читателот. Јас лично позадинското осветлување не го видов како доволно голем бенефит наспроти нешто подобриот контраст на екранот на обичната верзија (и скоро дупло помалата цена на истиот). Во услови на слабо светло (или целосен недостаток од истото) преферирам аудиокниги. Воедно ова најчесто е случај кога патувам и тогаш долготрајно читање секако ми предизвикува мачнина како од „морска болест“ (Motion sickness).

Затоа јас ја одбрав обичната Kindle Touch верзија. Начинот на кој патетично лесно напукна екранот на мојот стар Киндл од 3та генерација, со киборд, додатно ме убеди дека подобар избор е дупло поевтина вредност за уред кој во секојдневни услови (читање на добро дневно/собно осветлување) има скоро еднаков приказ на текст, како и поскапата пејпервајт верзија. Ваквите уреди се користат секојдневно, дома и надвор, на плажа како и во тоалет, па во мојот случај дури и на трпезарија (и на многу други места). Киндл ебук читачите не се многу робусни, и поевтината цена ја намалува когнитивната дисонанца од сеприсутниот ризик од оштетување на уредот.


За крај малку за самото искуство со читањето.
Помалата резолуција на екранот на обичната верзија, не го намалува квалитетот на читањето. Сепак се работи за текст, малку пикселизација (која се гледа само кога директно се споредува со пејпервајт) воопшто не смета во читањето. Дури сметам дека делумно токму на таа пикселизација се должи нешто подобриот контраст на текстот на обичната верзија, изгледа како кај пејпервајт малку да се блурирани ивиците на буквите за да се прикажат што пофини контури и и ивици на истите. Сето тоа ги прави приказите на буквите кај пејпервајт моделот, малку побледи и понеконтрастни (а не видов сетинг за подесување на ова во пејпервајт менито).
Само да напоменам дека споредувањата ги правев на иста страница од ист текст, со ист фонт и величина на истиот (и со повеќе разни фонтови).


Но сега доаѓаме и до лошите страна (на двата читачи).
Недостатокот од физички копчиња за напред назад, заглупувачки го ретардира читачкото искуство. Не се работи само за навиката, едноставно читачкото искуство е лошо со тач интерфејс. Изборот на Амазон да одат само со тач интерфејс е патетично ретардиран - иако сето тоа не е само нивна кривица туку повеќе е одраз на денешниот сеприсутен телефонски (и воопшто геџет) кичерај и неписменоста на денешната целна клиентела навикната на таблет-мобилен-има-ли-тач-тоа-чудо.

Многу, многу често се случува ненамерно да се притисне страна напред (или назад) по грешка. Потоа не може само со една рака удобно да се користи читачот.
Притискање на левата ивица од екранот предизвикува промена на страна наназад, притискање на десната ивица од екранот предизвикува промена на страна нанапред. Освен ако немате шака како банту црнец - левата рака може единствено да притисне промена на страница наназад, и десната рака може единствено да притисне промена на страница нанапред (зборуваме за користење на само една рака). Свајп потезот за менување на страница нанапред со левата рака е невозможен да се изведе само со палец, и истото важи вајс верса за менување на страница наназад со десната рака.

Недостакотот од физички копчиња за менување на страните, многу бргу станува болно видлив. Ова го кажувам по 40дневно интензивно користење (читање на малтене целиот компендум од 6те книги на Аберкромби). Едноставно не се работи за навика, туку за големи физички недостатоци на физичкиот интерфејс со читателот.

Потоа многу, многу често се случува да нешто да го допре екранот и да предизвика смена на повеќе страници напред или назад. Или да ја смени величината на фонтот (шорткат за ова изгледа е свајп нагоре/надоле.
Значи допир од прамен од коса кога задувало малку ветер, крајот од некое кесенце кое го додаваш некому на плажа - многу вакви банални моменти предизвикувааат менување на страниците и менување на разни подесувања. Ебаго дури и тие малите нежни, зелени или црнки, мушички, ги знаете де тие што не тежат ни десет илјадити дел од грам - дури и тие кога случајно ќе слетаат на екранот, менуваат странци и разни сетинзи на читачот. На неколку пати обична мала мравка, во рок од неколку секунди ми ја однесе книгата едно педестина страници напред. Со неверување ја гледав мравката како си чекори по екранот и секој еден допир од екстремитет (a копилињата имаат шест) предизвикува менување на страна нанапред. Едноставно неверојатно и ретардирано глупо решение за интерфејс на уред кој служи само и едноставно за читање на текст. :)

Патем, ако го мислите истото што јас го помислив на почетокот - намалување на осетливоста на тач интерфејсот не е решение, зошто тогаш и намерното менување страници станува прилично потешко. Тоа не е решение на проблемот со интерфејсот, освен ако од некоја причина не љубите да му мавате ластици и чврги на својот ебук ридер.


Претпоставувам дека сето ова звучи смешно, но неможноста да се исклучи тач интерфејсот (затоа што едноставно не постојат физички копчиња) прилично го намалува уживањето во користењето на читачот. Јас дури планирам наскоро да си нарачам заменски екран за стариот Киндл.
Но наспроти овие недостатоци, опцијата да се купи Киндл од домашна продавница и со целосна гаранција за истиот - во комбинација со сосема прифатлива цена, ја прави целата работа одлична можност за купување на квалитетен ебук читач за домашните љубители на читањето.
 
Последно уредено:
@Vanlok
Недостаток на физички копчиња и мене ме држи назад од купување нов киндл. Новиот kindle voyage е одговор на тој проблем, ама цената е доста солена 16000 е кај нас, што е многу. За среќа на мојов веќе 4та година му е и уште работи(минус десното копче), така да за сега неморам толку да размислувам за нов :D.
 
Се средува тоа со копчето. Само треба да се најде сличен компатибилен микропрекидач. И добар мајстор за лемење (зависи колку ситни се контактите од микропрекидачот, можно е и било кој да заврши работа).

И не напишав само за траењето на батеријата на обичната Kindle Touch верзија. Прилично добро, нешто подобро во однос на претходниот Киндл (со тоа што тој има 4 години експлоатација). Сосема употребливо е времетраењето на батеријата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom