Килограмите и врската

  • Креатор на темата Креатор на темата Kallista
  • Време на започнување Време на започнување
До Сатори - ти си со некој ако ти се допаѓа она што може да ти го понуди во моентот. Моментално имам 5 евра во џебот. Дали ти се допаѓаат, курво? Ако не, ќе ја зголемиме сумата, но...ти и понатаму ќе останеш курва. Некогаш би била обележана, но денес твојот сој е мнозинство.

If i had a penny for every eunuch (in all but dick) i've met, i would have been a wealthy man. Сите ги имате истите симптоми.
Претпоставувам дека кога твоите евра би ги поделил со твојата сегашна телесна тежина, би добил бројка не помала од 30.
Опкружен сум бре со такви како вас, со пет евра во џеб и пет годишен целибат, со стомак кој им го покрива куренцето и со апетит (за женскиот род) кој одамна веќе е претворен во омраза (кон женскиот род). :)
 
Често, дамата прашува, "Ако некад се здебелам, мој Антоанито, дали сеуште ќе ме сакаш?" И јас реплицирам: "Драга моја, Аристотел ја дефинира љубовта како засновано пријателство кон убавината. Ако не постои убавина на која што би го засновал пријателството, тогаш, според Аристотел, не може да постои љубов."
И што може да ми каже на ова!
 
Нема маж кој не е attracted to згодна жена... А во секоја врска, сите жени се опуштаат, а мажот или нема срце или незгодно му е да и укаже на тоа. Со текот на времето ако не се стаи у ред тој секако дека ке ја напушти ма каква и да е таа љубов...
Перцепцијата за Убава и згодна жена е длабоко сокриена во машката потсвест и никој свесно не ја приметил. Жените и не мора да значи дека бараат згоден маж, повеќе некој за да ги заштити. Го давам мојот глас за оние кои се трудат секогаш да изгледаат убаво здраво и секси !:)
 
Не бе какво оставање, ќе го фатиме у работа повеќе, некој аир да се види од него и плус ќе се направи шланг, манекен ќе се стори ;)
 
Море колку сум само несигурен кога сум буцко.Плус не е здраво,стомакот го намалува тестостеронот кој е главниот виновник за машката самодоверба и его.
 
Ако се опуште и намава неколку кила и тоа апла се познава веднаш ќе и кажам да вежба ако треба и јас со неа ќе трчам да и кренам самодоверба.Ако не сака ќе ја оставам да размисле додека не реше да ослабе. :D
 
Јас откако сум во врска се здебелив, но тоа не се должи на врската, туку ради сосема поинаквиот живот и темпо од кога се запишав на факс. Пред тоа, имав време за качување по Водно, точаци, џогинг низ шума, и имав време да смислам што точно ќе јадам и во кој дел од денот ќе јадам. Сега, не е баш така, јадам што ќе стигнам кога ќе стигнам, трчам како блесава лево десно, немам план кога се јаде, најчесто јадам некоја глупост колку да ме засити во моменотот (чоколатце) а вистински оброк... што беше тоа? Да не зборувам дека викендите поминати во планинарење, возење точак или било каква активност се заменија со бубање, имав и навика да тркнам до теретана, е сега ни тоа се нема време.

Сепак, не е во прашање некоја нездраво голема промена, но јас на себе си ја чувствувам бидејќи мн обрнував време предходно. Кога би имала некој нормален распоред на живот - се будам во 7, од 8-4 на факс, после слободна, би било полесно. Но вака, секој ден е различен, ноќе не се спие за да се учи.направи семинарска, истражување.... итн.

Сега сум на некакво статус кво, ни премногу, ни таман. Летно време се враќам во некаква нормала, зимно, одам јабана :)
Ај се надевам кога ќе дипломирам и ќе имам нормална работа, ќе си се вратам на стар ,,режим,, :)
 
Тогаш особата има проблем сама со себе. Ако некој има вишок килограми и е незадоволен со тоа, и не прави ништо за да го поправи тоа, тогаш особата си има проблем и до неа е. Најлошо е да кукаш а не правиш ништо за да го поправиш тоа. И тогаш таа љубомора е проблем на таа особа и ако заврши врската тоа ќе биде заради комплексите на таа особа, а не заради тежината.

Јас во првиот мој пост на темава реков, не би рекла на никој да ослаби, ако е во прашање пуштање стомаче, пошто како што реков, мене лично ми се многу симпатични покрупни машки, коцки на стомак - њет. Не се замарам со килограми, ни мои, ни туѓи, едноставно тоа не е нешто што зима приоритет во мојот живот. Во првиот мој пост реков дека не ни приметувам разлика освен ако не е драстична. Немам ни вага дома. Не се замарам.
Здравствениот сегмент го спомнав во однос на претерано нагло здебелување.
Јас не сум никоја да наложувам некому да ослабе, а истото го очекувам и од партнерот.
Ако ти се свиѓам со 5 кила вишок, добро, ако не - барај си некоја што ќе ти одговара.
Тоа си е моја философија според која ја се водам, не ги темелам моите врски според бројот на килограми, едноставно не се замарам.
Ако пуштил стомак, за него си го пуштил, јас нема што да му се мешам во неговиот изглед.

Тоа бе мацо, секоја чест за болдов. И по некое килце плус ако е распоредено на право место, не прави некоја голема разлика, туку напротив е и попривлечно кај дел од машката популација.
 
Ми се нема случено нешто вакво, зашто никад не сум бил во врска. А иначе кога би бил во врска и да почне да се случува дебелењето, уште прво приметување ке ја дисциплинирам и ке ја водам со мене ако треба на тренинзи. Али до дебелеење на некоја не би дошло зашто како прво ако е со мене ке мора да ме прати у живот, што значи ке биде изложена на истоштување со денови и ке биде многу физички активна а богами и сексуално. И ке си бидеме фит цело време. :)
Ми ги зема зборовите од уста.:sneaky:
Уште би додал дебелината е болест би и помогнал да се излечи:giggle:
 
Ако јас можам да си ја одржувам линијата може и он. Доколку се случи спротивното суптилно ќе му кажам дека треба да внимава на јадењето, но никогаш не би му рекла, ако се здебелиш ќе те оставам. Сепак сум го одбрала не толку поради физичкиот изглед, туку поради она што го има во себе. Кога тогаш физичкиот изглед полека избледува, карактерот останува.
 
Дали ви се случило некогаш партнерот да ви префрли за вашата тежина?
Доколку ви префрлил каква била вашата реакција за истото?
Зошто еден од партнерите или најчесто двајцата се запустуваат во долги врски? На што се должи тоа?

Дали е во ред кога партнерот/партнерката ќе се заобли повеќе од вообичаено да биде утешуван/а со зборовите дека супер изгледа иако е свесен/а дека неговата/нејзината тежина излага од границите на нормалното?

Кога вашиот партнер би се запустил, односно не би внимавал на себе како ќе му посочите да почне повторно да се грижи за себе, како на почетокот од врската?

Јас си сакам пополнети момчиња и воопшто не ми пречи нивната тежина
 
Битно е дечкото и девојката да имаат здрав живот килограмите не се пресудни за врската тие се пресудни за Вашето здравје запамтете го тоа .Здравиот и креативен живот го продолжува Вашиот живот и го прави повесел.
 
глеам повеќето имаат проблем со вишокот килограми...кај мене е обратно,ослабев.И незнам како да качам 5 кила плус...А ми смета да сум ептен слаба
 
глеам повеќето имаат проблем со вишокот килограми...кај мене е обратно,ослабев.И незнам како да качам 5 кила плус...А ми смета да сум ептен слаба
Сите се чудат како да ослабат, ти се чудиш како да се здебелиш. М'скај хамбургери, тостови, помфрити секој ден, не мрднувај од дома, не оди на базен, едноставно треба да се храниш како свиња :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom