Кесите за пуцкање

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Како ли се викаат никој не знае :toe: оние, кесички во кои се ставаат помали или поголеми апарати, а служат за нивна изолација и сигурност. Оние кеси со многу меурчиња со воздух кои што не можеме да одолееме да ги пукаме и во состојба сме да поминуваме часови пукајќи ги меурчињата.
Е тие... сега кога се разбравме, може ли некој да ми одговори...

Зошто по ѓаволите го правиме тоа со такво уживање :toe:
 
На англиски се вика bubble wrap, не знам на македонски. А зошто.. не знам, ама многу смирува.

"Те нервира некој? Си раскинал(а) со партнерот/партнерката? Треба да излезеш, а си истурил нешто на последниот пар фармерки? Пукај меурчиња" :)
 
Еј хаха..Никогаш не сум размислувала за тоа зашто ги пуцкаме тие кеси.
А баш е заразно,а ќе почнам да ги пукам,се заборавам.:pos:
 
И мене ова од никогаш не ми било јасно.Уште како дете правев глупости со тие кеси кои некогаш требаа да се чуваат...за некој апарат кој повремено се употребува и треба да се врати пак во кесата ,а јас увек ги пукав:vozbud:.
За мојата слабост кон тие кеси сестра ми беше свесна па пустата неколку години по ред ми купуваше поклони(најчесто сувенирчиња) ,само затоа што беа завиткани во таква ќеса:vozbud:. Стварно незнам што е тоа што ми претставува толкаво задоволство.
 
Има ли негде да се купуваат посебно, без да треба да купиш некој производ со нив? :)
 
Знам дека Кинезиве имаат направено привезок... со ист ефект како и меурчињата ...

Ако го најдам го пуштам
 
Леле баш се заразниии ...
Кога ќе почнам ај да те видам прекини
Интересни се
 
Оние кеси со многу меурчиња со воздух кои што не можеме да одолееме да ги пукаме и во состојба сме да поминуваме часови пукајќи ги меурчињата.

А баш е заразно,а ќе почнам да ги пукам,се заборавам.

Леле баш се заразниии ...
Кога ќе почнам ај да те видам прекини
Интересни се


Де бре...па вие колку такви меурчиња сте нашле.Најлонска лента од 1 километар или ??:vozbud:
 
Де бре...па вие колку такви меурчиња сте нашле.Најлонска лента од 1 километар или ??:vozbud:

Мора ти нешто да промрчиш значи...лелее:smir:

Ама па ставрно се зараза...и најстрашен момент-таман си се заиграл, а цела кеса е испукана веќе...АХХ ЗАШТО ЛИ ГИ ИМА ТОЛКУ МАЛКУ?!:wink:
 
Хм... може некој да каже зошто јадеме сончолед? Истото е и ова... Занимација, интересност и тоа колку повеќе иритираш некого (го гледаш дека се нервира) толку поинтересно и поинтеренсно е да пукаш.
 
Ха ха интересна зараза, ама штета што неможе да се заиграш убаво секогаш се малку, но искрено баш и не сум склон кон тоа.
 
леле дефинитивно се зараза,обожавам да пукам bubble wraps:)како помала се расправавме со сестра ми која ќе ја земе ќесата за да ја испука хаха
и сега кога ќе начекам таква ќесичка не можам да одолеам да не ја испукам:)
 
Мене па ме нервираат тие кесиња кога ги пуцкаат а уште повеќе кога ми се во раце и кога ќе ми пукне некое несакајки или сакајки
 
Хм... може некој да каже зошто јадеме сончолед? Истото е и ова... Занимација, интересност и тоа колку повеќе иритираш некого (го гледаш дека се нервира) толку поинтересно и поинтеренсно е да пукаш.

може да каже... бидејќи ни се допаѓа вкусот, и бидејќи (нагаѓам сега) се зрнцата толку мали што ни дава впечаток дека ништо не сме изеле па манијачки се обидуваме да иземе што повеќе.
Е сега ти дај ми слична ваква дефиниција за меурчињава. Инаку не ми е поинтересно (барем мене) кога некој се нервира...

Precious... mine... all mine... :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom