Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Денеска имало блокади од страна на тутунарите во Битола, Прилеп и Струмица, треба да се искористи оваа ситуација од страна на студентите. Штета што се ова се случува кога се празници и сите студенти од внатрешноста се по дома. НО... тоа не треба да ги спречи студентите од внатрешноста да се активираат во своите родни места. Не мора се да се случува во врска со ова во Скопје, уште подобро би било доколку се рашири :)
 
Огромна подршка од моја страна за реформата.

„Од 2018 согласно измените на законот каде што е и државниот испит, ќе мора професорите кои ги има околу 6.000, барем два труда во пет години да издадат во списанија коишто се реномирани во светот и се дел од веб-оф-сајанс.„

Моменталната состојба е:

„- Во тие списанија ние проверивме минатата година, имаме се на се 300 труда, додека за последните пет години има 4.000 труда. Направивме компарација со земја која е слична по големина и број на жители, а тоа е Словенија. Во Словенија во последните пет години има 50.000 труда што е повеќе од 12 пати отколку во Македонија. За еден таков труд треба повеќе работа, повеќе напор, повеќе научни истражувања и посветеност на професорот на научната работа и тоа е главниот проблем. Тој заб ги боли дел од професорите, не сите, вели премиерот.„

Инаку како што истакна премиерот законот го имало и досега но:

„професорите имаат објавено мноштво трудови во списанија од Врање, Крагуевац, Битола и слично, кои не се релевантни. Од 2018 согласно измените на законот каде што е и државниот испит, ќе мора професорите кои ги има околу 6.000, барем два труда во пет години да издадат во списанија коишто се реномирани во светот и се дел од веб-оф-сајанс.„

http://vlada.mk/node/9972
 
Приметив дека од УГД и студентите и професорите не премногу тивки за оваа работа.

Тоа само потврдува некои мои ставови какви луѓе студираат и предаваат таму, без навреда кон никого.

Интересно исто така како Џони излезе со ставот дека професорите што се против државниот имаат задни намери од други причини истиот ден кога и „водачот“ ја даде истата изјава.
 
Во малите места нема шанси да се направи нешто. Затоа што таму се оние насилиниците по вмро (детонатор и слично) , така да лесно ќе ги заплашат .

Инаку фала му на Грујо што го воведе државниот и за нас што студираме.
Ова беше чиста одмазда, да одмазда чиста заради тоа што искочивме на протести. 100% сум сигурен дека намерно е тоа направено.Првично беше за моментално запишаните да не полагаат ама кога виде дека протестираме ајде одмазда. Типично за нив во последните 5-6 години.

Бонева на европски дипломирала и сега таа ќе гласа. Ѓорчев што нема дипломирано, Пишев што исто на Европски имал завршено, со средно ги имаат неколку и тие ќе гласаат за високо образование.

Законот се донесува наредната недела, шансата да дипломирам пред 15ти јануари е 0.0%, а веќе ја терам 7мата година. Кога ќе ми текне дека другарка ми која ми е генерација ја има ичистено 4та редовно на колоквиуми и 2.5 години откако го положи последниот предмет сеуште не дипломира треба да поалга државен испит. Можам да ја замислам во кој шок е после веста од денес. :facepalm:
 
Еден од пратениците споменати пагал у Средно (губел година) а другата драга пратеничка има пишувана книга во која Македонците се одродени од Бугарите. Е тие ви се пратениците кои ги гласат реформи во образование.
 
Ма тоа е само навестување на почетокот на едно убаво дружење и со оние што веќе дипломирале, магистрирале и докторирале. Барем натаму е тргнато. Нивните дипломи и уверенија ќе треба дополнително (екстерно) да бидат потврдени, на тест за кој ќе се плаќа мал финансиски надомест. Треба да се објавуваат трудови во угледни меѓународни списанија, оти во Стокхолм, во Лондон и во Париз, научната јавност едвај чека да разбере нешто (море постојано да биде информирана) за најновата македонска поезија, за тоа што му рекол Тито на Колишевски во 1951 година, за придонесот на современиве македонски филозофи во развојот на филозофската мисла и за василичарските обичаи во Горна, а богами и во Средна и посебно, во Долна Дебарца. Светски реномираните списанија, а да не зборувам за грчките, бугарските, српските и албанските научни ревии веднаш бесплатно и крајно несебично ќе ни отстапат широк простор. Само треба нашиве професори да си го спастрат газето и да напишат нешто.
Се знае како се афирмира надвор научната дејност, како истата се развива - со средства за научни проекти, со секаков вид поддршка од државата, не со дозакопување на она (она колку-толку кадарно) што остана да учи, полага и или да предава.

А да, дали се предвидени екстерни испитувања и за Теолошкиот факултет? Едвај чекам да видам што и во кои познати списанија со импакт фактор кои се занимаваат со православна тематика ќе објавуваат нашиве врвни теолози - професори.
 
Последно уредено:
Еден од пратениците споменати пагал у Средно (губел година) а другата драга пратеничка има пишувана книга во која Македонците се одродени од Бугарите. Е тие ви се пратениците кои ги гласат реформи во образование.
Momentalniov direktor za stanben i deloven prostor imat 2 pati povtorveno godina vo sredno...
 
Огромна подршка од моја страна за реформата.

„Од 2018 согласно измените на законот каде што е и државниот испит, ќе мора професорите кои ги има околу 6.000, барем два труда во пет години да издадат во списанија коишто се реномирани во светот и се дел од веб-оф-сајанс.„

Моменталната состојба е:

„- Во тие списанија ние проверивме минатата година, имаме се на се 300 труда, додека за последните пет години има 4.000 труда. Направивме компарација со земја која е слична по големина и број на жители, а тоа е Словенија. Во Словенија во последните пет години има 50.000 труда што е повеќе од 12 пати отколку во Македонија. За еден таков труд треба повеќе работа, повеќе напор, повеќе научни истражувања и посветеност на професорот на научната работа и тоа е главниот проблем. Тој заб ги боли дел од професорите, не сите, вели премиерот.„

Инаку како што истакна премиерот законот го имало и досега но:

„професорите имаат објавено мноштво трудови во списанија од Врање, Крагуевац, Битола и слично, кои не се релевантни. Од 2018 согласно измените на законот каде што е и државниот испит, ќе мора професорите кои ги има околу 6.000, барем два труда во пет години да издадат во списанија коишто се реномирани во светот и се дел од веб-оф-сајанс.„

http://vlada.mk/node/9972
Кога споредував со Словенија во темата Скопје 2014 и постирав слики од словенечки села и патишта, не требало да се споредуваме со Словенија. Требало да се рамниме со Албанија. Ех...нека се договорат веќе еднаш
 
Последно уредено:
Ај некој нека објасни или ако веќе е објаснето нека го цитира мислењето како оди процедурата за насење на законов. Голем дел од луѓево се во заблуда дека во понеделник ќе се донесе законот.
 
П.П.С. За сите кои го вреѓате мојот профил и не сте способни да врзете две реченици без да вреѓате и етикирате можам само да кажам дека не сте вие криви затоа што сте производ на еден образовен систем од кој излегуват токму такви профили кои не се способни за дискусија туку својата интелектуална немоќ секогаш ја покриват со навреди и етикети. Јас навистина немам проблем со тоа затоа што знам дека толку ви е можноста и затоа подржувам темелни реформи во образованието за да по 10 годни излезат генерации со кои ќе може да се дебатира а не се да се сведува на кој може повеќе да навреди.
Од кој образовен систем доаѓаш ти како производ па си посупериорен и елоквентен за дебата од сите овде кои коментираат на темата?
Од моето доаѓање на форумот ова е една од темите каде се води конструктивна и аргументирана дебата со дечки и девојки кои проблемот и решенијата ги имаат истражено и споредено малку подалеку од границите на Македонија.
Сите знаат дека на образованието му треба реформа. Сите знаат кои се неговите мани. Но проблемот кој е клучен во правењето на таа реформа е недостаток на дебата чија цел е да донесе различни мислења од сите кои се засегнати.
Не можеш да правиш реформа во образование, а да не ги седнеш на маса професорите и асистентите. Тие се оние кои го предаваат знаењето и материјата на студентите. Некои од нив имаат присуствувано на универзитети низ светот, акумулирале знаење, начини, методи и техники на предавања и треба да се слушне нивното мислење за да се имплементира во таа реформа.
Не можеш да правиш реформа, а да не слушнеш мислење од студентите. Тие се оние од кои во иднина ќе излезе нов професорски кадар, од она што ќе го учат од таа реформа ќе треба да го применуваат во областа која би ја работеле, која област ќе носи корист и за општеството и за развојот на земјата и доброто на сите граѓани.
Седнувањето на овие засегнати страни значи пеглање на разликите, прифаќање на разни идеи со цел градење на еден образовен систем. Ако го нема ова не може да збориме за реформа на образование која во иднина ќе донесе промена и создавање на генерации кои на пазарот на трудот ќе донесат квалитет. Ваквиот арогантен начин на водење на работите не носи промена.
 
Приметив дека од УГД и студентите и професорите не премногу тивки за оваа работа.

Тоа само потврдува некои мои ставови какви луѓе студираат и предаваат таму, без навреда кон никого.

Интересно исто така како Џони излезе со ставот дека професорите што се против државниот имаат задни намери од други причини истиот ден кога и „водачот“ ја даде истата изјава.
Студенти од УГД се редовни на протестите баш банерот за Другарите од Америка е од студенти на УГД. УГД прв ги одби реформите уште кога беа објавени.Тоа што нема протести во Штип е сосем друго прашање.
 
Споредбата Македонија-Словенија на пвеводбенициве на сител. Шта речи :facepalm:

Соодветен одговор
http://www.fakulteti.mk/news/14-12-...je_na_obrazovniot_sistem_na_r_makedonija.aspx

Факт е дека бројот на објавувени трудови во реномирани научни списанија без или со фактор на влијание (импакт фактор), кај нас е мал. Дел од одговорноста за тоа, веројатно е на совеста, вештините, знаењата, мотивацијата и интересот на универзитетскиот кадар.
Меѓутоа, за објавување на квалитетни трудови, посебно земјаќи ја во предвид нашата специфична регионално-политичка конотација како држава, потребни се значителни предуслови. Најчесто тоа е постоење на солидни меѓународни проекти со посилните универзитети или институции во странство, учество како полноправни членки во некои научни организации (за кои обично се плаќа не така мала годишна чланарина), честа посета на конференции и воспоставување на директни комуникации и соработка на нив и сл. Всушност, добрите научни трудови со висок импакт фактор, обично произлегуваат од големи национални, билатерални и мултилатерални научни проекти (заради тоа е оној додаток на секој таков труд Acknowledgment зад кој најчесто стои проектот од кој е произлезен трудот). Некои познати списанија имаат соодветна котизација од 200$ па дури до 1000$, а често единствена можност е самиот автор да ги покрие трошоците. Воедно, нашата држава, односно универзитетите не обезбедија слободно академско користење на реномирани списанија со авторизиран пристап (copyright access journals) преку кои може да се следат најновите научни достигнувања, трендови и сл.

Често, услов за објавување на квалитетен труд со импакт фактор е точно цитирањето на најновите достигнувања во областа, кои нашиот научен кадар нема како да ги следи (преземање на само еден труд од реномирано online списание чини од 20-100$).

Затоа, неспоредлив е бројот на објавени трудови со ИФ во Словенија каде за наука во 2013 година, од буџетот се потрошија извонредни 500 милиони евра, во однос на 8-12 милиони евра во Македонија
(извор), што е сооднос од околу 50 : 1!
За реална споредба на бројот на објавени трудови меѓу двете држави, освен материјалната страна треба да се согледа и бројот на вработени научни кадри во високообразовните институции во Словенија, кој е неколкукратно поголем отколку во Македонија. Според тоа, ако просечно во Македонија еден професор-научник објави еден труд годишно во реномирано светско списание, со оглед на расположивите и тоа само „директни“ финансии, во Словенија тој број на трудови треба да биде барем десетина пати поголем. Уште ако се спореди вкупниот број на универзитетски професори во Словенија и Македонија, соодносот на објавени трудови треба да биде барем 30 до 50 пати поголем (во реалноста, разликата е многу помала)!

Во смисла на претходното, неопходно е воспоставување на национална база и регистар на реномирани домашни научни списанија од страна на НУБ според дадени критериуми, бидејќи некои трудови се од таква природа што не постои речиси никаква можност за објавување во странство. Такво нешто функционира во голем број земји на Балканот, во Европа и Светот, при што секое списание, согласно домашната цитираност или значајност, носи одреден број поени.

Всушност, од 2004 до 2013 година, Словенија за наука потрошила вкупно 5 милијарди евра, Хрватска 3 милијарди евра, Србија 750 милиони евра, а Македонија околу 80 милиони евра (извор) или 60 пати помалку од Словенија!
 
Уште полошо, споредбата е на м-р Никола Груевски. :D :D Кај и да е, ќе почне УКИМ со Колумбија да го споредува. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom