Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Не ми е јасно,викаат даваат оценки незаслужено,се купуваат дипломи.. ПА НЕ ЛИ Е МИНИСТЕРСТОВОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА РАБОТОДАВАЧ НА ОВИЕ ИСТИВЕ ШТО ДАВААТ ОЦЕНКИ И ДИПЛОМИ ? зошто тогаш ги вработуваат ? или мора да ги вработиме зошто се вредни партиски пиуни и според Рамковен договор,и да го покриеме тој срам,еве ви екстерно т.е Државен испит за сите факултети ?:???
 
Уште полошо, споредбата е на м-р Никола Груевски. :D :D Кај и да е, ќе почне УКИМ со Колумбија да го споредува. :D
Колумбија е гола вода спрема македонските универзитети. Ова е информација од прва рака. :icon_lol::icon_lol::icon_lol:[DOUBLEPOST=1419716732][/DOUBLEPOST]Инаку, инцидентно, говорот на Ли Болинџер (претседателот на Колумбија, или по нашки ректорот) оваа година на доделувањето на дипломите беше сврзано со општествената одговорност, протестите, слобода на говор и изразување, и задржување на автономијата на институциите. ;)
 
Последно уредено:
Што сте ми интересни што се замарате со бљувотини како Џони и остали говеда. Де бре луѓе уште никој ништо не научил очигледно па се замара со овие ликови, аналогно на тоа уште сите се надеваат дека со финоча и култура се ќе излезе во ред. :) Ајде, да не ви рушам утопија и интелект.
 
Направивме компарација со земја која е слична по големина и број на жители, а тоа е Словенија. Во Словенија во последните пет години има 50.000 труда што е повеќе од 12 пати отколку во Македонија.

Споредбата. :facepalm: Во Словенија е бесплатно образованието, алоо. Ти кажува ли тоа нешто воопшто?
 
Последно уредено:
Огромна подршка од моја страна за реформата.

„Од 2018 согласно измените на законот каде што е и државниот испит, ќе мора професорите кои ги има околу 6.000, барем два труда во пет години да издадат во списанија коишто се реномирани во светот и се дел од веб-оф-сајанс.„

Моменталната состојба е:

„- Во тие списанија ние проверивме минатата година, имаме се на се 300 труда, додека за последните пет години има 4.000 труда. Направивме компарација со земја која е слична по големина и број на жители, а тоа е Словенија. Во Словенија во последните пет години има 50.000 труда што е повеќе од 12 пати отколку во Македонија. За еден таков труд треба повеќе работа, повеќе напор, повеќе научни истражувања и посветеност на професорот на научната работа и тоа е главниот проблем. Тој заб ги боли дел од професорите, не сите, вели премиерот.„

Инаку како што истакна премиерот законот го имало и досега но:

„професорите имаат објавено мноштво трудови во списанија од Врање, Крагуевац, Битола и слично, кои не се релевантни. Од 2018 согласно измените на законот каде што е и државниот испит, ќе мора професорите кои ги има околу 6.000, барем два труда во пет години да издадат во списанија коишто се реномирани во светот и се дел од веб-оф-сајанс.„

http://vlada.mk/node/9972


Ти си од оние неписмени недоделкани религиозно домољубни овчарски фанатици кои ваквите реформи ги поддржуваат со „ако, така им треба, конечно ги стегнаа и нив, е не, ке дремат... така така, нека работат нешто...“

Малку размисли со таа празната што ја носиш на рамена бе цепеницо една ретардирана.

Словенија одвојува 70 пати повеќе пари за наука од F Y R OM.

СЛОВЕНИЈА ОДВОЈУВА 70 ПАТИ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА НАУКА ОД ОВАА РЕТАРДИРАНА ИЗМИСЛЕНА ПОЛИТИЧКА ТВОРБА

Малку треба да размислиш. Али знам дека за вмровски религиозен домољубен фанатик то е врло тешко
 
Споредбата Македонија-Словенија на пвеводбенициве на сител. Шта речи :facepalm:

Соодветен одговор
http://www.fakulteti.mk/news/14-12-...je_na_obrazovniot_sistem_na_r_makedonija.aspx

Би се надоврзал само со следново:

1. Се бара трудовите да бидат индексирани во Web of Science, a ниедна институција во Македонија нема пристап до Web of Science. Само за пристап до WoS на национално ниво Министерството за образование треба да обезбеди околу 100 илјади ЕУР годишно.

2. Во законот е покажано елементарно непознавање на поимот „импакт фактор“ со самото тоа што се еквивалентираат сите списанија. Односно се бара од „научникот“ да објави број на трудови, без да се обрне внимание на тежината на тој импакт фактор. Со други зборови, труд објавен во списание во Романија со импакт фактор 0.1, се третира исто како труд објавен во Nature со импакт фактор 42.

3. Во моменталната актуелна верзија на законот, исто така скроен од оваа Влада условот за промена на звање е 3 импакт фактор трудови или 5 меѓународни публикации. Самиот Закон еквивалентира импакт фактор со публикации од Врање, Шабац, Јагодине и сл.
 
Навреда на државното име се толерира како најнормална работа а навреда на друга основа или се цензурира или се брише дури и се банира член.
Бравос админи свака ви част (y)
 
Настрана власта и се,дај банирајте го копуков што ја вреѓа државата во секој пост.
 
Словенија одвојува 70 пати повеќе пари за наука од F Y R OM.


ЗОШТО СЕ ДОЗВОЛУВА НА ФОРУМОТ ПРОТИВ УСТАВНО ИМЕНУВАЊЕ НА ДРЖАВАТА?

Колку и да ви се дига на ваквите навреди имајте барем малку обзир кон сопствената држава. Па уште и лајкови гледам од доле.

П.С. И после сакаме други да не почитуват а немам ниту минимално самопочитување.
 
ЗОШТО СЕ ДОЗВОЛУВА НА ФОРУМОТ ПРОТИВ УСТАВНО ИМЕНУВАЊЕ НА ДРЖАВАТА?

Колку и да ви се дига на ваквите навреди имајте барем малку обзир кон сопствената држава. Па уште и лајкови гледам од доле.

П.С. И после сакаме други да не почитуват а немам ниту минимално самопочитување.

Никој не не почитува поради такви газолижачи како тебе.
 
ЗОШТО СЕ ДОЗВОЛУВА НА ФОРУМОТ ПРОТИВ УСТАВНО ИМЕНУВАЊЕ НА ДРЖАВАТА?

Колку и да ви се дига на ваквите навреди имајте барем малку обзир кон сопствената држава. Па уште и лајкови гледам од доле.

П.С. И после сакаме други да не почитуват а немам ниту минимално самопочитување.
Никој не не почитува зашто сме тешко срање од држава и истата ја водат потпросечно интелигентни и исфрустрирани луѓе.
 
Последно уредено:
ај сфаќам го цитирате Џоница оти не трпите некој да ве прави будали ама кога ќе видам дека губите време да составите аргументи... ignore, ќе му се здосади, т. е. ќе види дека пропагандата не му вродува со плод.
 
Никој не не почитува зашто сме тешко срање од државата и истата ја водат потпросечно интелигентни и исфрустрирани луѓе.
Власта перфектно си одговара со народот,во секој поглед :)
 
Од Професорскиот пленум
Во екот на масовното солидаризирање на стотици професори од сите високо - образовни установи во Република Македонија во нашиот демократски и солидарен Професорски пленум, и охрабрени од одлучноста на професорите да застанат заедно за да го спречат донесувањето на новите измени и дополнувања на Законот за високо образование, во понеделник, 29 декември 2014, со почеток во 11 часот организираме отворено заседание на Професорскиот и Студентскиот пленум пред Собранието на Република Македонија.

На заедничкото заседание ќе се дискутираат прашањата за организирање на претстојните масовни демонстрации на незадоволство и револт како и начинот на организиран отпор кон предложените штетни измени во образованието.

Професорскиот пленум ве поканува да го проследите овој настан на кој исто така на народните избраници ќе им се достават писмата на професорите од Македонија, писмото на странските професори и писмото на студентите со кои се искажуваат аргументите за нашето неприфаќање на предложените измени и дополнувања на Законот за високото образование.

Отворањето на постапката на пленарна седница на Собранието на Република Македонија во спротивност со јавно искажаниот став на најзасегнатите од овие промени, за нас е неприфатлив и недемократски чин и затоа најавуваме уште поголема мобилизација и масовно противење на ваквиот начин на носење на одлуките.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom