Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
10888541_645125928946508_4803430785809792116_n.jpg

А где је печат?
Само подршка од ректорот :facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:

Имаш доволно луѓе спремни тоа да го прават секој ден ?
Јас би ја бликирал цела држава и Е-75 би го блокирал и аеродромот.......ама треба тоа огромна логистика и организација
Башка виде како пројдоа овие со шаторите што не и даваа дрвата кај стара железничка ?
За 5-6 луѓе викнаа 300 жандари да ги деложираат.

Бројот на студенти на протестите и вкупниот број припадници на МВР е скоро идентичен.

а таблицата множење и делење секој ден ли ја учиш пред да одиш на продавница?
Ќе ги преполагаш предметите, на истиот учен материјал. Е сега ако си мрзлив тоа е твој проблем. Еве јас по секој предмет полагам 2 колоквиуми и 1 завршен, ако за еден колоквиум се спремам за 3-4 дена (Зависи од предметот), за исто толку време се спремам за завршен, оти веќе ми е учен материјалот и само го преповторувам.

Да на правосуден испит мислев, мислев дека ќе ме сватите и не треба да ви цртам.
Те молам, биди љубезен.Нацртај.Да сФатиме.
 
Последно уредено:
Озбилно ?
Зашто да не се бунам против нешто што ми пречи,а нема да помогне ништо во остварувањето на некое општо добро ? Напротив.....има голем потенцијал да направи уште поголемо срање.
Зашто да морам да поминувам низ дебилна процедура која е сосема непотребна и контрапродуктивна ?

Еве бе пример, можат да донесат закон да идам да изедам 2-3 шамара еднаш на 2 години.....што е проблем да попијам 2-3 шамара од време на време ? Ништо,но зошто да да го правам тоа ?

Башка ти објаснив дека не е во прашање самото екстерно како екстерно. Мене многу повеќе ме револтираат методите на оваа власт со тоа како се справува со поинакво (во овој случај исправно) мислење.А такво нешто нема шанси да им опростам.
За тебе ако е исправно, за мене не е. Оти не протестираш пред штабот на ВМРО? Патем ова не е единствен случај. Им дадоа пензија на учките, ги изоставија со илустрацијата, потрошија милиони на споменици и на бескорисни реклами.
И ок, ќе падне оваа власт, мислиш ли дека има (и која е) подобрата опција?
 
Еден предлог:
Наместо радикални протести кои ќе донесат повеќе проблеми, да се оди со спротивното. Молитва!
Секој ден, масовен собир каде што заедно ќе се помолиме.
Ова одма ќе биде забележано од сите светски медиуми и ќе го пренесат. Замислите таа слика каде 10 000 луѓе од различни религии се молат, на свој начин за подобро утре. Христијани и муслимани заедно се молат до севишниот оти "земскиов ни наш цар" не не слуша.
Ќе се прати една многу убава порака во светот и ќе има подршка од сите страни.
Патем, секогаш автентичноста е таа која се памти. Пр. давањето на ружи на еден протест, бакнување на полицајците и слично.
 
Ако ја бутнеме оваа, ќе ги менуваме ако треба и секоја недела.
 
Од каде знаеш ти како и кој ќе го спроведува испитот? Најпаметно би било да бидат рандом прашања (нешто како кога се полагаат тестови за возачка).
Заради то шо незнам кој и како ќе го спроведи и какви прашања ќе бидат поставени (и причината дека еднаш сум го положил предметот) сум против полагањето на државен испит. Ние тука можи 1 година да пишиме шо и како е најпаметно, ама тие таму кои го гласат законот не мислат како нас.
 
Да на правосуден испит мислев, мислев дека ќе ме сватите и не треба да ви цртам.
Правосуден испит, нотарскиот испит и државниот испит кој го предлага владата се различни работи.
Правосуден испит го полага само оној кој сака да биде дел од правната професија. Да тој е државен и тука државата има механизам и контрола, но правосудниот не е задолжителен за сите, како што сега се предлага на факултетите да биде државниот.
 
И на економски да работиш било која струка (банкар,сметководител) полагаш и плаќаш лиценца од 500 евра.Реформите во образованието се катастрофа.
 
ВМРО-ДПМНЕ од секаков аспект си војува против народот, де со астрономските казни против малите бизниси,де со скандалозните закони против студентите,де против синдикалците,де против занаетчиите,де против новинарите, де против нотарите,де против докторите,де против хонорарците абе едноставно со СИТЕ, а ова година се аздисаа тотално. Вакви строги небулозни и скандалозни закони ниту во времето на комунизмот немаше..
 
Аман бе шо се замарате со момаков ?
Он уште не научил дека се пишува сФати, а вие сте тргнале да му објаснувате дека државен испит и правосуден испит се различни работи...[DOUBLEPOST=1419631624][/DOUBLEPOST]
Еден предлог:
Наместо радикални протести кои ќе донесат повеќе проблеми, да се оди со спротивното. Молитва!
Секој ден, масовен собир каде што заедно ќе се помолиме.
Ова одма ќе биде забележано од сите светски медиуми и ќе го пренесат. Замислите таа слика каде 10 000 луѓе од различни религии се молат, на свој начин за подобро утре. Христијани и муслимани заедно се молат до севишниот оти "земскиов ни наш цар" не не слуша.
Ќе се прати една многу убава порака во светот и ќе има подршка од сите страни.
Патем, секогаш автентичноста е таа која се памти. Пр. давањето на ружи на еден протест, бакнување на полицајците и слично.
Ај остави религија надвор од ова ЖИТИ СЕ !
 
Не игнорираат, и ќе продолжат да не игнорираат се додека не се радикализира целата работа.Не алудирам на насилство, тука на блокирање на клучни автопати, и раскрсници во и околу Скопје.Дали ќе бидат храбри да удрат по нас, сигурно нема да употребат било какви физички средства за да не остранат.Само на тој начин ќе седнат на маса, и ке се обидат да изнајдат консензус.
 
Еден предлог:
Наместо радикални протести кои ќе донесат повеќе проблеми, да се оди со спротивното. Молитва!
Секој ден, масовен собир каде што заедно ќе се помолиме.
Ова одма ќе биде забележано од сите светски медиуми и ќе го пренесат. Замислите таа слика каде 10 000 луѓе од различни религии се молат, на свој начин за подобро утре. Христијани и муслимани заедно се молат до севишниот оти "земскиов ни наш цар" не не слуша.
Ќе се прати една многу убава порака во светот и ќе има подршка од сите страни.
Патем, секогаш автентичноста е таа која се памти. Пр. давањето на ружи на еден протест, бакнување на полицајците и слично.

А што правиме со атеистите? Ќе се молиме на космосот?
 
Религија не, али идејата од која тргнува членот е многу интересна и треба да се размисли. Автентичноста е таа која се памти. Симболични гестови и уникатни начини на протестирање наместо скандирање од типот на „сакаме да платиме! нејќеме да учиме!“ би покренало многу повеќе внимание и надвор од Македонија.
 
За тебе ако е исправно, за мене не е. Оти не протестираш пред штабот на ВМРО? Патем ова не е единствен случај. Им дадоа пензија на учките, ги изоставија со илустрацијата, потрошија милиони на споменици и на бескорисни реклами.
И ок, ќе падне оваа власт, мислиш ли дека има (и која е) подобрата опција?
Ќе се бунам против дебилни и контрапродуктивни реформи.
Ќе се бунам против власта која што воопшто ни за најбанални прашања не прифаќа поинаков поглед на работите.
Замисли ти утре овие истиве да те праќаат во војна,а не да донесуваат закони за екстерно тестирање ?

Ако треба пред влада, ако треба на фаултет,ако треба и пред ВМРО. Само треба да се знае кон што се насочени овие протести.
Овие протести не се насочени контра ВМРО (многу нивни членови и ги поддржуваат протестите и секој што е со 2 грама памет меѓу нив барем приватно ќе ти признае дека не чини ова, ќе се изненадиш колку нивни членови на релативно високи позиции приватно имаат против вакви глупости) и нивното членство туку против владините "реформи". Затоа се протестира пред влада,а не пред ВМРО иако моментално истите фаци се и ваму и таму.

Инаку се сложувам дека ова не е единствен штетен и лош чекор што го направиле и затоа треба некаде да се повлече линија. Затоа и уствари они се толку осилени и умислени,затоа што сите тие работи им пројдоа без никаков отпор од народот,ама секогаш постои една капка што ќе ја прелие чашата.
Ако треба 100 пати ќе менуваме различни власти додека не дојде правата. Нема да се помирам дека едната била полоша,па да ги трпат исите срања од друга и да се тешам ај нема подобри од нив.
Секоаш има подобри !!!
Ќе ги менуваме една по една дур не ги најдеме.
Да не зборам за фактот дека им треба на овие едно мало казнување од народот и симнување на земја. Уствари и тоа е една од добрите страни на демократијата. Паѓаш од власт за да се научиш следен пат што не треба да правиш. Ако си константно лош ќе те стигне казна и ќе добиеш најмалку 4 години период на ладење да подразмислиш што и како понатаму. 4 години мање-више ништо не значат,па нека дојдат и полоши од нив кога ќе ги симнеме,ама мал престој во ќоше да си ја чукнат главата може на долг рок да биде многу подобро.
 
И јас самиот сум атеист, но поаѓам од тоа дека во МК, 90% од луѓето се религиозни, барем на хартија и тоа ќе прати многу јака порака која ќе наиде на огромна подршка, не само кај нас, него и во пошироки рамки, во светот.
А што да правиме ние атеистите? Може да глумиме еднаш за подобро утре.
Веруј, на таков чин никој нема да може ни да помисли на негативна критика, ни курир, ни сител, канал5, а да не збориме за тоа дека одма ќе биде пренесена на CNN, BBC и останати светски медиуми.
Ова е само како идеја, не мора сериозно да се свати и разгледува, но некој оваков автентичен чин мислам дека би бил полн погодок, за привлекување странско влијание, а тоа е тоа што ни треба, нели?!
 
Јас помислив на друго. Нешто од темната страна. Да се собереме студенти, хонорарци, стечајци, тутунари и што веќе не штрајкува, и да ги колнеме. :D Секој на свој начин. Некој ако сака и вуду кукли нека носи, некој нека му се моли на Господ да трпат за леб, некој преку универзумот нека им праќа негативна енергија. Сеедно.
Зашто тие нели се многу побожни, ќе им пофуфка малце. :angel:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom