Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Разберете дека моралот паѓа. После понеделник на секој нареден протест ќе има се помалку луѓе мора да се мења начинот на делување. Гледам некои многу забегаа и почнаа да спомнуваат молотови коктели и грчко сценарио. Ве разбирам нервозни сте што се заебаваат со нас ама таков потег ништо нема да донесе освен апсења и високи казни. Предлогот на Кемба е екстра. Блокирање на Скопје по цели денови па тогаш да видам дали ќе не игнорираат.
 
Не ве разбирам шо е проблемот ако се полага државен испит? Што може еден студен да изгуби од тоа? Досега медицинарите и правниците полагаа па никој не умре од тоа. Еве јас сум студент и не ми јасно што можам да изгубам доколку ме тестираат на веќе научен материјал.
Проблемот е што тоа нема ништо да реши ?Јасно ти е тебе тоа ?
Зашто да правиш нешто од кое нема никаква корист ? Прави само организациски хаос, стресови за студентите и професорите и гоооолеми можности за перење на паричка.
Зашто да правам екстерно, само за да го пумпам егото на некои самобендисани фаци што немаат слух за никакво поинакво мислење ?
Да попуштам под сите притисоци што ги прават затоа што се мислат дека се они безгрешните и дека можат да прават што сакаат ? Да попуштам преку мој грб некој да лечи комплекси и да докажува дека е газда во државата и дека ќе прави што сака без разлика на тоа дали е добро или не ? Е нема бе.....мора да се повлече линија. Сега екстерно утре кој знае што дебилно ќе им текне.
Знаеш дека ова ми го сведува целото мое образование на 5 мочани прашања ? Па и да не сум фатил книга, секој професор да сум го подмачкал во 4 години.....ќе ги набубам бе тие колку и да се 100-200 можни прашања за 1 недела.
Ќе биде ова поголем fail од тој со екстерните во средно и основно кои веќе се фарса.[DOUBLEPOST=1419628967][/DOUBLEPOST]
Разберете дека моралот паѓа. После понеделник на секој нареден протест ќе има се помалку луѓе мора да се мења начинот на делување. Гледам некои многу забегаа и почнаа да спомнуваат молотови коктели и грчко сценарио. Ве разбирам нервозни сте што се заебаваат со нас ама таков потег ништо нема да донесе освен апсења и високи казни. Предлогот на Кемба е екстра. Блокирање на Скопје по цели денови па тогаш да видам дали ќе не игнорираат.
Или на Скопје или на факултетите окупација.
Нема друго.....таман една група од 200-300 души може константно да биде на кампусот и да го покрие целиот.
 
Во тој случај и да не правиш проблеми полицијата ќе те шутне како топка. Нема да дозволат Скопијето да се блокира..
 
Кога си под целосна медиумска хипноза, кога се донесува закони со сила,кога опозицијата е надвор од собранието, кога институциите се под целосна контрола на една владеачка партија,кога економијата е на дното,кога сиромаштијата расте, а да не ги набројам надворешните политички проблеми, кога си буквално под целосна контрола и диктатура ти нема шанси да победиш со политичка култура и со мека сила, односно со мирни протести, па со ова темпо Грујо ќе владее минимум уште 20-30 години, дури и шеријатски закони ќе може да донесе ако сака..
Знам дека не е дозволена политика овде ама на кратко. Не ми е гајле за опозицијата. И тие имаат дел од вината за се ова што наброја ако се вратиме наназад. Јас и ти да не одиме на работа, ќе добиеме клоца од работодавецот, за разлика од господата кои примаат плата од сите нас, не се појавуваат таму каде што треба да бидат, а имаат и одговорност према оние кои ги гласале. Пак ќе те навратам на постот на Ставрогин и Ио за радикалноста. Уште еднаш види ги говорите, соопштенијата, изјавите на пленумците и ќе сфатиш зошто овие бегаат од дебата и соочување.
 
Последно уредено:
Мој предлог, ако не го слушаат гласот на студентите, сите студенти, ама сите до еден, една недела да дојдат во дворовите на факултетите ама да не влезат на предавања.
Можда ке упали една партија "давате ли војна" да изиграат.
-Сите сме ја играле играва на физичко во 1во одделение. Едната страна од 100ина луѓе, ке биде владата, а другата исто од 100ина луѓе, студентите.
И владата прво почнува да вика: -Давате ли војнаааа?
Студентите: -Даваме.
Влада: -Ке пукаме!
Студенти : Пукајте.
Влада: -Од кого?
Студенти: Од Никола.
И тука е моментот кога Никола ке се залета и нема да го пробие живиот штит. После следува истата ситуација ама на крај Владата ке пука од Гордана и пак нема да пробие зид па од Сашо, Али, Абдулаќим, Зоран и тн. се дур не ви здосади.
Сакав оваа идеја да ја предложам пред влада да се изведеше денеска, ке ги исмеевте до максимум, ама уз хумор и јака порака ке беше пратена.
 
Или на Скопје или на факултетите окупација.
Нема друго.....таман една група од 200-300 души може константно да биде на кампусот и да го покрие целиот.
both.png

Во тој случај и да не правиш проблеми полицијата ќе те шутне како топка. Нема да дозволат Скопијето да се блокира..

Една слика се дава ако те апсат и тепаат дур ти си седиш мирно у Ганди стил, а друга ако ти прв нападнеш со молотови па те згазат од ќотек и стрпаат во затвор.
 
а таблицата множење и делење секој ден ли ја учиш пред да одиш на продавница?
Ќе ги преполагаш предметите, на истиот учен материјал. Е сега ако си мрзлив тоа е твој проблем. Еве јас по секој предмет полагам 2 колоквиуми и 1 завршен, ако за еден колоквиум се спремам за 3-4 дена (Зависи од предметот), за исто толку време се спремам за завршен, оти веќе ми е учен материјалот и само го преповторувам.

Да на правосуден испит мислев, мислев дека ќе ме сватите и не треба да ви цртам.
Како сте во штабот, каква е атмосферата?
 
Ај сеа вратете се во реалноста малку. Да се запишеле на студии во странство? Па голем дел од студентите што ги знаев по студентските домови додека студирав, поминуваа со 500 денари цела недела, зашо немаа не зашо штедеа. Знам неколкумина меѓу кои и јас, што имаат и брат и сестра и родителите земаа кредити за да можат да го дозавршат школувањето.

А во странство колку можат да идат? Има стипендии да, не можат сите да добијат стипендија, дури и да добијат за живот таму нели требаат пари?

Точно, секако дека требаат пари, но јас не зборувам за двајца или тројца или неколку десетици студенти кои ќе се отпишат и ќе заминат во странство, туку зборувам за сите студенти да се отпишат и да заминат на студирање во странство.

Две глави мислат подобро од една, нели ?

А илјадници глави заедно организирани, не можат заеднички да ги делат трошоците во странство ?

Да, тешко е за реализирање, но не и невозможно.
 
Една слика се дава ако те апсат и тепаат дур ти си седиш мирно у Ганди стил, а друга ако ти прв нападнеш со молотови па те згазат од ќотек и стрпаат во затвор.

И мирен да си пак ќе дојде полицијата и ќе те турка, тие во иднина нема да дозволат ниту мирни протести,да сме живи и здрави ќе видите..
 
Проблемот е што тоа нема ништо да реши ?Јасно ти е тебе тоа ?
Зашто да правиш нешто од кое нема никаква корист ? Прави само организациски хаос, стресови за студентите и професорите и гоооолеми можности за перење на паричка.
Зашто да правам екстерно, само за да го пумпам егото на некои самобендисани фаци што немаат слух за никакво поинакво мислење ?
Да попуштам под сите притисоци што ги прават затоа што се мислат дека се они безгрешните и дека можат да прават што сакаат ? Да попуштам преку мој грб некој да лечи комплекси и да докажува дека е газда во државата и дека ќе прави што сака без разлика на тоа дали е добро или не ?
Дека ми го сведува целото мое образование на 4 мочани прашања ? Па и да не сум фатил книга, секој професор да сум го подмачкал во 4 години.....ќе ги набубам бе тие колку и да се 100-200 можни прашања за 1 недела.
Ќе биде ова поголем fail од тој со екстерните во средно и основно кои веќе се фарса.
епакога можеш да набубиш што се буниш тогаш? ако ти е тоа алибито за протестите --можеш уште да протестираш и против хххххх работи.
газда на држава бираме ние на избори, не гледам како се докажува некој дека е газда ако промени закон, тоа им е работата.

Инаку самата замисла е ОК, ама треба да се смени начинот на кој се полага ектерно во основно и средно. Не треба да се даваат прашањата и да се кажува предметот пред полагањето. Целата оценка не треба да зависи од оценката на екстерното бидејќи професорите/наставниците не оценуваат само според знаење и на ист метод какошто се полага ектерното.
е затоа е фарса и трошење пари
 
both.png

Една слика се дава ако те апсат и тепаат дур ти си седиш мирно у Ганди стил, а друга ако ти прв нападнеш со молотови па те згазат од ќотек и стрпаат во затвор.
Имаш доволно луѓе спремни тоа да го прават секој ден ?
Јас би ја бликирал цела држава и Е-75 би го блокирал и аеродромот.......ама треба тоа огромна логистика и организација
Башка виде како пројдоа овие со шаторите што не и даваа дрвата кај стара железничка ?
За 5-6 луѓе викнаа 300 жандари да ги деложираат.
 
Кога ќе ми ги дадат ќе ти ги продадам најскапо на тебе.

Оти нашиве професори се куурви, и продаваат оценка за пари или за путка, исто како и 90% од корумпираната државна администрација, е затоа.
Не фала, не ми требат.
Со то шо се нудиш да ми ги продајш и ти излегваш курва, како и останатите.

Според тебе ако има државен испит нема да се делат така оценки ? Професорите се курви, овие шо ќе го спроведат испитот се поголеми курви од професорите.
Ама ако неможиш да сфатиш то, то е то.
 
1. Протести во сите градови и во исто време да се закажуваат и студентските и протестите на хонорарците. Освен централната да се оптерети и локалната власт. Куманово каде владее опозицијата би можел да се блокира автопатот на пример.

2. По пат на флаери и јавни повици на протестите да се повикува на бојкот на Сител, Канал5, МТВ (курир заборавете го, не заслужуваат реклама).
 
епакога можеш да набубиш што се буниш тогаш? ако ти е тоа алибито за протестите --можеш уште да протестираш и против хххххх работи.
газда на држава бираме ние на избори, не гледам како се докажува некој дека е газда ако промени закон, тоа им е работата.

Инаку самата замисла е ОК, ама треба да се смени начинот на кој се полага ектерно во основно и средно. Не треба да се даваат прашањата и да се кажува предметот пред полагањето. Целата оценка не треба да зависи од оценката на екстерното бидејќи професорите/наставниците не оценуваат само според знаење и на ист метод какошто се полага ектерното.
е затоа е фарса и трошење пари
Озбилно ?
Зашто да не се бунам против нешто што ми пречи,а нема да помогне ништо во остварувањето на некое општо добро ? Напротив.....има голем потенцијал да направи уште поголемо срање.
Зашто да морам да поминувам низ дебилна процедура која е сосема непотребна и контрапродуктивна ?

Еве бе пример, можат да донесат закон да идам да изедам 2-3 шамара еднаш на 2 години.....што е проблем да попијам 2-3 шамара од време на време ? Ништо,но зошто да да го правам тоа ?

Башка ти објаснив дека не е во прашање самото екстерно како екстерно. Мене многу повеќе ме револтираат методите на оваа власт со тоа како се справува со поинакво (во овој случај исправно) мислење.А такво нешто нема шанси да им опростам.
 
Не фала, не ми требат.
Со то шо се нудиш да ми ги продајш и ти излегваш курва, како и останатите.

Според тебе ако има државен испит нема да се делат така оценки ? Професорите се курви, овие шо ќе го спроведат испитот се поголеми курви од професорите.
Ама ако неможиш да сфатиш то, то е то.

Од каде знаеш ти како и кој ќе го спроведува испитот? Најпаметно би било да бидат рандом прашања (нешто како кога се полагаат тестови за возачка).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom