Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Груевски да попушти? Нема шанси. Попрво Адеми ќе ги научи елементите од периодниот систем одколку Груевски да попушти пред некого. Сепак, секоја чест за сите што протестираат, искрено се надевам дека ќе се исплати се на крај.
А ти зошто не се приклучиш на протестите ?
 
А ти зошто не се приклучиш на протестите ?

Далеку е Скопје, да бев од Скопје со сигурност би присуствувал на протестиве. Вака тешко.
 
Na sleden protest zadolzitelna oprema-jajca.
:)
Одличен пост, без разлика кој како го сфаќа.
Без ЈАЈЦА ништо!
нека ми простат дамите кои мислат дека постот е шовинистички :icon_lol:
 
Некој поназад праша што ќе има во иднина, денес на протестот кружеше некој муабет дека ќе се организира масовен протест во понеделник, меѓутоа мене ми е малку веројатно тоа.

И едно прашање до сите дискутанти, што мислите да се промени начинот на протестирање и да се бојкотира наставата на факултетите, како неодамна што беше во Србија? Имено кај нив, Филозофскиот факултет беше „окупиран“ (со таков назив мислам беа и протестите) околу два или три месеци, немаше настава, колоквиуми, испити, ништо. Властите таму попуштија и законот за државен испит падна.
Тоа е нема друго.
Имаа 2 марша, сега протест пред влада и жива сила не е ебат.
Осилени се до даска. Окупирај ги факултеите,кај нас 4 факултети се на исто место можеш повеќе муви со еден удар да утепаш и крај на приказната.
Искрено, уште 1 семестар имам и имам каде да идам после дипломирање одма на страна и не ми треба тоа,ама радо би потрошил неколку месеци од животот да седам во кампусот и да го држам окупиран ради копилињава само.

Па нека прават си прават екстерно тогаш без студенти.
 
Некој поназад праша што ќе има во иднина, денес на протестот кружеше некој муабет дека ќе се организира масовен протест во понеделник, меѓутоа мене ми е малку веројатно тоа.

И едно прашање до сите дискутанти, што мислите да се промени начинот на протестирање и да се бојкотира наставата на факултетите, како неодамна што беше во Србија? Имено кај нив, Филозофскиот факултет беше „окупиран“ (со таков назив мислам беа и протестите) околу два или три месеци, немаше настава, колоквиуми, испити, ништо. Властите таму попуштија и законот за државен испит падна.

Нека одлучи тоа студентскиот пленум.
 
Рики е во право, се согласувам со него.
ВМРО е на секој Македонец, ВМРО е организација која имала идеали и се борела за истите и не треба да се поистоветува со политичка партија.
Генерално историски симболи и имиња не треба да им се припишуваат на политички партии, пошто тие се на секој Македонец, а не на мајка им. Затоа сега е и проблемот со грбот, затоа што многумина лавот го мешаат со ДПМНЕ, заради знамето.
Денес, ако не грешам, има и закон за тоа, кога регистрираш политичка партија мораш да побараш согласност од судот за името и симболите. Ама на почетокот во 90тите беше каша попара, не се знаеше кој тера, кој води...
Али тоа не значи дека треба да се дозволи политичка партија да се изедначува со историска организација. По твоево значи некој од СДСМ не може да се гордее со ВМРО, затоа што ДПМНЕ (и НП) си го прибрале првиот назив.

Историја е историја, политика е политика.
Погрешно сте ме разбрале.
Сите ние викаме дека ВМРО е различно од вмро-дпмне, ама на билбордите на партијава под тоа „24 години вмро-дпмне“ со поситни букви си пишува „121 година вмро“, што значи дека иако ние си ги разликуваме овие 2 поими на сите билборни копитава не учат дека демек они имаат континуитет со ВМРО. Во таа насока и беше мојот пост, дека не требало такво нешто да се дозволи уште кога се формирала партијата зошто и они веќе отворено самите си се поврзуваат со ВМРО, што е недозволиво. Во никој случај мене не ми беше целта да правдам некого.

Не може да се разгори во тебе тој оган, ако од мал те учеле да си гледаш за себе.
Тоа е потсвесно, нешто што тешко може да се искорени.
Не би се согласил.
Еве и ја го имам поминато истото образование како и сите други, и мене ме учеле дома „ич да не ти е гајле за другите, глеј си прво за тебе“ ама ете ја знам што е солидарност.
Тоа не се учи, тоа сам треба да го стекнеш без некој друг од страна да ти вика еј вака или онака треба.
Затоа и се противев на иницијативата во Аеродром секоја работна недела да почнува со интонирање на химната со објаснување дека тоа ќе го разбудело патриотизмот во децата...
Децата на таа возраст појма немаат што е патриотизам и џабе ти им ја свириш секој понеделник химната кога од друга страна се случуваат вакви работи како на нас студентите. Патриотизам е нешто што го стекнуваш да речеме самоиницијативно, а не некој од страна да те учи на тоа. Исто е и со чувството на солидарност и општествена одговорност.
 
Може ептен екстремно размислувам, ама мислам дека бојкот на настава или окупирање на факултет(и) пак нема да предизвикаат некаков ефект.
Овие се толку забегани, не ги интересира ништо, имаат изгубено секаков контакт со демократија. Може да ги повреди и замисли само нешто што директно ги засега(пари, власт и углед ако имаат).
И да стапи во генерален штрајк високото образование(малку потешко), овие мува нема да ги лази, напротив, ќе им годи. Колку помалку образован народ, толку повеќе ќе владеат.
 
:)
Одличен пост, без разлика кој како го сфаќа.
Без ЈАЈЦА ништо!
нека ми простат дамите кои мислат дека постот е шовинистички :icon_lol:
Има жени низ историјата, па и во сегашноста кои докажале и докажуваат дека имаат поголеми јајца од некои мажи. :pipi:
 
@Рудници и, јасно ми е тоа, пишав како одат работите, како треба да биде. Но реално овие два закони можат да се изменат, нема засегната страна, не е политички случај како Струга и Кичево и нема олигарси. Студентскиот е незначаен од аспект на укинување, кој сака и кога сака може да се откаже од државен испит. За хонорарците малку потешко зошто треба да се откажат од пари.

И свесни сме дека не е толку до ‘реформата‘ колку до инаетот, егото, самобендисаноста, снобизмот, шерифување или на крај собрано - нивната малодушност.Сигурно јаделе доста ќотек во детството и не ги дружеле.(Лично познавам неколку такви примери).Најголем проблем е филмот ‘ние сме државата, се ќе е по наше‘.И најголемиот револт (ќе) е оттука.Еден професор викаше со животно не е можно да се разбираш со муабет, мораш со крици и гестикулации, на нивно ниво кога веќе така се замислиле.(штета, влезе во машината и стана дел од ‘нив‘).
 
И да стапи во генерален штрајк високото образование(малку потешко), овие мува нема да ги лази, напротив, ќе им годи. Колку помалку образован народ, толку повеќе ќе владеат.
Не е така. Ако стапи генерален штрајк во високото образование истиот ќе предизвика многу поголем хаос од протестите. Tи гарантирам со глава.

За заглупавување народ ич нема потреба од нешто ново. Сител, Канал 5, Курир и Јанко дебелиот, are just fine.
 
Може ептен екстремно размислувам, ама мислам дека бојкот на настава или окупирање на факултет(и) пак нема да предизвикаат некаков ефект.
Овие се толку забегани, не ги интересира ништо, имаат изгубено секаков контакт со демократија. Може да ги повреди и замисли само нешто што директно ги засега(пари, власт и углед ако имаат).
И да стапи во генерален штрајк високото образование(малку потешко), овие мува нема да ги лази, напротив, ќе им годи. Колку помалку образован народ, толку повеќе ќе владеат.

А можно е и да ги разрешат професорите од државните универзитети на некој начин и да се распише оглас за нови професори од Вмровскиот кадар, а околу студентите, кој што нема да пријави испит или колоквиуми ќе оди на квадрат и ќе изгуби година. Немојте да заборавите нешто,кога станува збор за Грујо се е можно..
 
Еве да речеме сите ќе го завршат овој семестар и летен нема да запишат, и кој ќе биде тука вистинскиот губитник ?
Ај ја од Скопје што сум и немам можеби некоја преголема загуба на пари, ама имам и те како загубена заработувачка башка време и труд што не може никој да ми го надокнади. Тие од страна покрај ова што како загуба го имам јас имаат плус за сместување, сметки, храна...
Од друга страна државата нема да ги земе тие 100/200 евра од семсетар ама па од друга страна она дава пари за да ми биде мене уствари партиципацијата 100/200 евра, а не како порано шо било. Шо значи државата би била во ќар уствари, а губитникот ќе бидам само јас...
Од друга страна пак поддржувам бојкот како оној во Србија...
Тешкo е да видиш што е најпаметно и најдобро во ваква ситуација.
 
Последно уредено:
А можно е и да ги разрешат професорите од државните универзитети на некој начин и да се распише оглас за нови професори од Вмровскиот кадар, а околу студентите, кој што нема да пријави испит или колоквиуми ќе оди на квадрат и ќе изгуби година. Немојте да заборавите нешто,кога станува збор за Грујо се е можно..

А, па тек тогаш ако студентите не се отпишат од прв до последен и не фатат џаде на студии во странство, тогаш нивните протести биле бесмислени.

Ако се одлучни во одбрана на црвената линија, тогаш во најлош случај треба да се отпишат и да заминат на студии во странство, бидејќи така добар дел од парите кои државата ги собира од школарините и од кириите во студентските домови, ќе ги снема, а тешко дека ќе има доволно партиски кадри за да ги заменат тие кои си заминале од студентските домови и од студентските клупи.
 
Еве да речеме сите ќе го завршат овој семестар и летен нема да запишат, и кој ќе биде тука вистинскиот губитник ?
Ај ја од Скопје што сум и немам можеби некоја преголема загуба на пари, ама имам и те како загубена заработувачка башка време и труд што не може никој да ми го надокнади. Тие од страна покрај ова што како загуба го имам јас имаат плус за сместување, сметки, храна...
Од друга страна државата нема да ги земе тие 100/200 евра од семсетар ама па од друга страна она дава пари за да ми биде мене уствари партиципацијата 100/200 евра, а не како порано шо било. Шо значи државата би била во ќар уствари, а губитникот ќе бидам само јас...
Од друга страна пак поддржувам бојкот како оној во Србија...
Тешка е да видиш што е најпаметно и најдобро во ваква ситуација.

Единствено решение е да падне ова влада, а за да падне oва диктаторска влада :? Треба да биде вака како во Грција и Турција..



 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom