Ајде сега, ќе извртуваме зборови. Јас понудив повеќе од доволно. За 2 месеци можев да создадам барем 3 добри студентски гласила, да соберам 10 души да пишуваат на таа тематика наместо една фејсбук страница со 2 документа и 2 меила.
Реалноста боли знаеш зошто? Затоа што вие се чувствувате дека имате право, и по автоматизам сите треба да го слушнат гласот на студентите, затоа што 10 000 студенти се чувствувале дека биле во право? Не бе Кинг Би, шо к*р оти се чувствувате дека сте во право? АМА инцидентно и другата страна мисли дека е во право. Има сосема валидни аргументи, а богами и стапот е во нив.
Да извршната власт и ректоратот нема да ве фермаат. Се додека не станете тело со сопствени гласила, сопствени новинари, стории, и понудена алтернатива за реформите ништо нема да излезе од целата бука. Зошто еве не предложите автономен државениспит/интерно/блабла организирано од самите факултети и универзитети? Еве, ако треба да се задовли жедта на власта за реформи во образованиет, а во исто време да се зачува автономијата на универзитетите? Зошто не расчепкате за предлозите што ги имам напишано неколку страни наназад, кои по некоја случајност се земени од најдобрите практики на универзитетите во други држави.
Не драги мои, вие не сакате реформи во образованието. Вие сакате само да нема државен испит. Ништо повеќе.
За првиот пасус, што е тоа повеќе од доволно што си го понудил? Идеја или реализација? Идеи имаме веќе, се нема ресурси да се остварат. Што не создаде чим можеше? Што те спречи? Кај е остварено тоа што си го понудил, со кое толку се гордееш?
Три месеци студентите што го организираат ова имаат ставено се' останато во втор план. Не идат на факс, по 6-7 саати дневно пред маршовите трошат на состаноци за организација, секоја реплика што излегува во јавност е промислувана и склопувана до ситница за да нема место за спинови и така натака.
Да те потсетам, зборуваме за млади луѓе без никакво искуство во ова.
И не чувствуваат 10к студенти дека се во право, сите чувствуваат. Само немаат сите муда да излезат надвор.
За третиот пасус:
1. Нн можеме да станеме тело со сопствени гласила, новинари и стории меѓу другото бидејќи не сме финансирани. Моментално у буџетот имаме околу 2-3000 мислам, од донации. За денари збориме. Тоа е доволно само за хамери и платна за марш, за ништо поише. Тоа малце не спречува од најмување стручна помош, а кога станува збор за аргументација среќа шо се наоѓаат доброволци да се скубат над еден ворд документ и да собираат професори што имаат време и желба да помогнат. Тоа првите три точки ги трга од дневен ред.
2. "Зошто еве не предложите автономен државениспит/интерно/блабла организирано од самите факултети и универзитети? "
Затоа што реформи не се носат у два месеци Благоев. Не сме ние владата. Баш носењето реформи импулсивно не' има донесено до ова дереџе.
Дополнително, знаеме и сами дека не сме компетентни (во МОМЕНТОВ) да изготвиме предлог реформа. Што не значи дека не би знаеле да изанализираме некоја предложена. Сакам да кажам, кога би ни ги отвориле вратите со предлог реформи, и кога тие би биле пренесени до универзитетите и нивните студенти и професори за согласност, наместо да им бидат пренесени информативно а да се случат без разлика на мислењата на засегнатите, немаше да има никаков проблем.
Во два месеца, многу од студентите кои биле лаици по одредени прашања, се информираа. Ако ништо друго.
Јас на пример, не знаев дека државниот испит го крши уставот.
Шо е најтрагично, владава знае, ама од што е навикната на пасивност мислеше дека ќе и пројде само со трендинг хаштаг на твитер и мрчење по фб неколку дена.
Ете се најдоа луѓе на кои им засмрде целата идеја, кои одвоија време да истражат и да склопат начин на информирање, и информацијата се прошири као вирус у рекордно време за наши услови.
Знаеме сите дека ни е каша образованието веруј. Нема зашто да сме против реформи.
Она за кое се залагаме е, на универзитетот како институција му е загарантирана одредена автономија која не смее да се крши. Ја има во уставот. Нели се криминалци тие што го кршат уставот? Ако се навистина толку кадарни да одлучуваат за иднината на академската заедница, нели треба да се способни да изготват реформа која не го крши уставот а сепак делува? (Пошо ти го бараш тоа од студенти, треба да можат и надлежните.)
Понатаму, како што е замислен државниов испит, лечи последици наместо да го решава проблемот. (Ова е на памет зборење, пошо и владата/МОН си ја немаат сработено домашната да излезат со анализа ШТО ТОЧНО не чини во високото образование и КАКО баш државниот испит тоа го решава, па останува на нас да го сработиме и нашето и нивното.)
Под ова мислам, тераат политика на guilty till proven innocent, односно студентот Џабе студира, оцената на академската фела која е НАЈКОМПЕТЕНТНА да оценува знаење не вреди НИШТО, следствено и дипломата не вреди Ништо (да не речам, спречен си да дипломираш!!!!) дур не се положи испит пред владата, што е СМЕШНО. Смешно е стварно, take a moment and realize.
Значи, со мерката која не одвоија време да ја аргументираат само "лечат" последици на проблем кој не е ни стриктно лоциран во високото образование, туку влече корени и во претходните степени на образување.
И сега ти ми велиш дека ние со погорниве аргументи јавно изложени сепак се противиме на било какви реформи? Дека како дел од аргументацијата укажуваме на лошиот образовен процес, ама у штабче сме стриктно против?

Врв на лицемерие е тоа.
И повторно, не е наше да изготвуваме реформи сфаќаш. Немаме доволно знаење и предиспозиции, едноставно не сме доволно кадарни во моментов да ја сработиме работата на луѓе што се за истото устручени и ПЛАТЕНИ. Нит можеме, нит воопшто паѓа на наши плешки тој товар.
А тоа дека се земени практиките од реномирани универзитети од други држави не држи вода, пошо во тие држави и уредувањето и законите се различни, а ако се фаќаме као слеп за стап конкретнава форма шо ја налагаат ама баш Никаде ја нема.
Направивме наше истражување, контактиравме професори и студенти не само од европските држави туку и пошироко и веруј дека оваа практика Никаде ја нема.
Т.е. што има да веруваш, истражи. Не верувај на слепо, ниту на мојов збор ниту на нивниот.
ѕирни го постот над мене.