Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Другар и што ако го има? Сведоци сме какви кадри излегуваат. Веќе напишав за медицинарите. Значи ваквото дебилско тестирање по ниеден основ не го подобрува квалитетот кога ние имаме црни дупки во самиот процес на образование.
Јас не кажував дали треба да има или не. Туку само му ја посочував разликата на него. Тие лиценци не се дел од образованието, тоа е уредено со други прописи, пример ако не се лажам за правосудниот испит надлежно е Министерството за правда. Иначе, во некои држави има нешто што се вика државен испит, тоа е услов за работа во јавна администрација. И кај нас го има, само е навистина пресмешен. (приправнички го викаат кај нас мислам, не знам за официјалното име)
 
Афтономија не знам што е, автономија да. Романтичарски начин? Има меѓународни документи кои ја објаснуваат автономијата.

Има и кај фармацевтите, ветеринарите, нотарите, извршителите...нека ми прости ако некого изоставив. Тоа е лиценца за да работат во таа струка. Не е услов за да добијат диплома. Истиот испит се спроведува по добивањето на дипломата, односно по завршувањето на студиите. Патем кажано, не мораш да го полагаш испитот, но за да бидеш адвокат, на пример, мора да положиш правосуден испит.
Ете тука е разликата, објаснето е ова многу пати.
Ок де нека биде и така, се да се лиценцира а и шо ти смета ако има плус тестирања во текот на студирањето ?
Не се сложувам со тебе. Ние сме мал факултет кој е добро организиран. Оти да не беше овој раководен кадар, ни тоа немаше да го имаме. Се протестира против глупостите што ги бара државата, а бара нешто во што нема ништо вложено. А побарано е, немој да се секираш, се гледа колку е дадено. Или ветерината не е просперитетна и интересна за државата, па нема потреба да и се обрати внимание. Додуша за овие дудуци ништо од образованието не е интересно...
Не видов за тоа да се протестира, нити пак слушнав некој да се пожали на условите за студирање.
Впрочем ако на ветерина се толку добри нема да си купуете сами ракавици,дупките во високото образование ги прави кадарот не ги прави ниедна влада или партија.
Е сега фино лепо ќе се смени тоа, покрај не можноста да се продолжи со студирање јас предлагам тие шо ќе паднат и казни да плаѓаат како и тоа и професорите демонстраторите и асистентите да бидат казнети.
 
Ок де нека биде и така, се да се лиценцира а и шо ти смета ако има плус тестирања во текот на студирањето ?

Не видов за тоа да се протестира, нити пак слушнав некој да се пожали на условите за студирање.
Впрочем ако на ветерина се толку добри нема да си купуете сами ракавици,дупките во високото образование ги прави кадарот не ги прави ниедна влада или партија.
Е сега фино лепо ќе се смени тоа, покрај не можноста да се продолжи со студирање јас предлагам тие шо ќе паднат и казни да плаѓаат како и тоа и професорите демонстраторите и асистентите да бидат казнети.
Читај убаво што пишува. Да не се самоцитирам.
 
Не им предлагај да допунат тоа, ќе прочитаат, можда ќе сакаат да стават и парични казни, ќе ги заглавиш во :гомце: и така веќе до гуша се заглавени. Веќе кажаа дека нема да има реперкусии, освен нели тоа што студентот не може да добие диплома без да положи државен испит. И ако не го положи на крај од втора, не може да полага испити во трета. Смешно и жално е да се каже дека не станува збор за кршење на автономијата.

Не во текот на студирањето, на крајот од студирањето нека има. Веќе има за добар дел професии. Ете, нека има и за хемичарите (прво на нив ми текна), но тоа да биде како лиценца за работа, не услов за добивање диплома. Истото да биде по завршување на студирањето. Но, тоа веќе не е во сферата на високото образование.
 
Затоа што ќе си ја продадете сопствената кауза за некакви пари и власт. Тоа сакам да ви го кажам, а вие ме уверувате дека студентите имале ептен високи идеали. НЕ, немате. Имате идеали да ви е полесно, и да влезете под државна капа и да цицате како доенчиња.

Ме боли што ќе си ги предадете другарите и идеалите. Исто како шти 97ма Милошовски, Петровски и компанија си ги продадоа браќата студенти 98ма и 2001ва. Кај се сега тие што ги водеа студентите 97ма да застанат со денешните студенти?
Колапсираш другар, ајде сега ќе чекаме само прашање на време е коа ќе се деси "Големото предавство". Втора верзија од 97ма. Сите сакаат државна работа и да се цица нели под државна капа, поарно да се откаже движењево? Нема надеж, сценариото однапред се знае, така?
Сите аргументи ти пропаднаа у вода, сеа се враќаш назад на небулози. Никој не ти бара да го подржуваш движењето на студентите, туку досадни се секојдневните мрчатори кои идат контра на ретки каузи како оваа, кои идат со цел да покажат вокабулар и да си јачаат его.
Студентите биле институционално тело...:pos: Е уште ова го немав прочитано во темава.
Единствено институционално тело е СПУКМ кој е составен од студенти и кој треба као демек да ги брани правата на студентите. Во овој случај, институционалното кај СПУКМ е што е полтрон на институциите и ништо повеќе. Лидерот е апстрактен филозоф од типот на: Може бев, а може не. #длабоко
Првo беa институционално тело, па увидовме дека не се, па се префрливме на нови ставови. Биди у тек. :)))))))))
 
Читај убаво што пишува. Да не се самоцитирам.
Абе ти пишуваш ко факсон да е приватна фирма на деканот и професорите.
Јас ти повторувам дека државата има право ти викаш ништо не вложила, како бе не вложила?Изградила објекти, образовала кадри да не набројувам, сега ти велиш дека нема право и ми велиш дека сте барале, кога како ?[DOUBLEPOST=1419273992][/DOUBLEPOST]
Не им предлагај да допунат тоа, ќе прочитаат, можда ќе сакаат да стават и парични казни, ќе ги заглавиш во :гомце: и така веќе до гуша се заглавени. Веќе кажаа дека нема да има реперкусии, освен нели тоа што студентот не може да добие диплома без да положи државен испит. И ако не го положи на крај од втора, не може да полага испити во трета. Смешно и жално е да се каже дека не станува збор за кршење на автономијата.

Не во текот на студирањето, на крајот од студирањето нека има. Веќе има за добар дел професии. Ете, нека има и за хемичарите (прво на нив ми текна), но тоа да биде како лиценца за работа, не услов за добивање диплома. Истото да биде по завршување на студирањето. Но, тоа веќе не е во сферата на високото образование.
Абе не само за нив, за сите и обавезно казни да има без казни нишо не праиме.
 
Абе ти пишуваш ко факсон да е приватна фирма на деканот и професорите.
Јас ти повторувам дека државата има право ти викаш ништо не вложила, како бе не вложила?Изградила објекти, образовала кадри да не набројувам, сега ти велиш дека нема право и ми велиш дека сте барале, кога како ?[DOUBLEPOST=1419273992][/DOUBLEPOST]
Абе не само за нив, за сите и обавезно казни да има без казни нишо не праиме.
Кои кадри бе ги образувала? Ниеден од моите професори не завршил овде факултет! Се прашуваш зошто? Објекти изградила и што? Завршила работа така? Или се инатиш само за да учествуваш во дискусијава или навистина не знам која ти е поентата. Ти пишаа дека државата му должи пари на факултетот? Ги заболе државниците за условите во факултетите. Битно е „нешто да се работи„ па макар и празна слама да се млати.
 
Ти беше на протест ?
Меѓу другото шо сакаш повеќе , имаат пари за земање од државата нека си ги бараат.
Објектите ресурсите итн се државни , нек отворат приватни факултети никој нема да има право да ги контролира.
Не е само лупетање празна слама, да ти појаснам зошто имаат право да бараат ?
ЗАТОА ШТО СЕ ВИКААТ ДРЖАВНИ ете затоа, а профеортите што студирале во странство кој ги терал бе можеле и овде да студираат, плус студирале или со државни пари или во заедничката држава и пак државата им ги плаќала студиите.
 
Не студирале затоа што немало факултет. Сигурно државата им ги плаќала студиите, како што сега мене ми ги плаќа :D Ај доста беше дискусија со тебе на оваа тема :)
 
Одговори ми само дали беше на протест ? :D
 
Не колапсирам јас многу добро знам што зборувам. Ниеден аргумент не ми е пропаднал во вода, ниту пак ќе пропадне. Без разлика што мислат студентите и можат да го потат до бескрај за погрешно ставена заприка или за некој хипотетитчки случај кадешто теориите од факултет прават смисла. :)

Јас немам потреба да си го јачам егото тука. Си имам јас циганка да ме фали. :D:D:D

Инаку можеш да се зафркаваш колку сакаш со моето незнаење за конкретната дефиниција за некојси правен термин. :-)

Инаку да, се знае што ќе биде. Најголемата отстапка што извршната власт ќе ја направи е да даде универзитетите да си ги организираат испитите. Али и тоа е многу. :)
 
После овие измени, се гледа дека студентите ништо не можат да направат, освен да земат пушка во рака и да решат ситуација.
На ред е "интелектуалната елита", што треба да спроведе испитот со Монти-Пајтонски прашања, нешто како "Дали адеми знае за периодниот систем ?", Да, Не, Не повторил итн.
Па и да ги смени првата тура интелектуалци, ќе дојде втората со уште подобри прашања. Само така може да се смени нешто, кога апсурдноста ќе се доведе на ниво да и глупавиот увиде дека е апсурдно.
Ама се ми се чини дека кај нас овие интелектуалците само филозофираат во некој висок стил и не знаат да се справат се апсурдната бирократија, како демек тие им се испод ниво, проблемот е што животните прашања не си ги одредуваш самиот туку апсурдната бирократија и нема милост, додека не вратиш со мера што ќе ги освести дека се глупираат, оноа кога пијаниот играл вечерта, а утре на трезно си ја гледа снимката.
Незнам кој ќе ги составува прашањата, ама пред тоа задолжително е да изгледа барем една епизода/филм од Монти Пајтон
 
После овие измени, се гледа дека студентите ништо не можат да направат, освен да земат пушка во рака и да решат ситуација.
На ред е "интелектуалната елита", што треба да спроведе испитот со Монти-Пајтонски прашања, нешто како "Дали адеми знае за периодниот систем ?", Да, Не, Не повторил итн.
Па и да ги смени првата тура интелектуалци, ќе дојде втората со уште подобри прашања. Само така може да се смени нешто, кога апсурдноста ќе се доведе на ниво да и глупавиот увиде дека е апсурдно.
Ама се ми се чини дека кај нас овие интелектуалците само филозофираат во некој висок стил и не знаат да се справат се апсурдната бирократија, како демек тие им се испод ниво, проблемот е што животните прашања не си ги одредуваш самиот туку апсурдната бирократија и нема милост, дека не вратиш со мера што ќе ги освести дека во суштина се глупираат.
Незнам кој ќе ги составува прашањата, ама пред тоа задолжително е да изгледа барем една епизода/филм од Монти Пајтон
The Flying Circus сите сезони, има доволно и за есејски прашања
 
Ти беше на протест ?
Меѓу другото шо сакаш повеќе , имаат пари за земање од државата нека си ги бараат.
Објектите ресурсите итн се државни , нек отворат приватни факултети никој нема да има право да ги контролира.
Не е само лупетање празна слама, да ти појаснам зошто имаат право да бараат ?
ЗАТОА ШТО СЕ ВИКААТ ДРЖАВНИ ете затоа, а профеортите што студирале во странство кој ги терал бе можеле и овде да студираат, плус студирале или со државни пари или во заедничката држава и пак државата им ги плаќала студиите.

ako e taka so majka places na temata za hronorarci...nivna e drzavata oni ke stavat kolku sakaat danoci....tvoe e da si plajkas...TROLL
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom