Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Најдобрата студентка на факултети во Словачка и Германија: Имам позитивен став кон државниот испит

Ивана Јанковска, 23- годишната кумановска која е избрана за најдобра студентка на факултети во Словачка и Германија, како став за воведување на државниот испит во Македонија.Јанковска студирала во 5 земји- Италија, Чешка, Словачка, Германија и Холандија, но истакна дека би сакала да го инвестира своето знаење и искуство во Македонија. :pos:

Доказ дека и со 5 дипломи глупиот си останува глуп. :icon_mrgr:
 

Филозофски распалил. Проева, Ванковска, Чаусидис, Ѓуровска, Саракински, Солунчев, Миновски, Антоанела Петковска. Плус Колозова, Мухиќ и Марија Пандевска се деца на ФЗФ. А гарант има и некој што сум испуштил. Браво!
 
Најдобрата студентка на факултети во Словачка и Германија: Имам позитивен став кон државниот испит

Ивана Јанковска, 23- годишната кумановска која е избрана за најдобра студентка на факултети во Словачка и Германија, како став за воведување на државниот испит во Македонија.Јанковска студирала во 5 земји- Италија, Чешка, Словачка, Германија и Холандија, но истакна дека би сакала да го инвестира своето знаење и искуство во Македонија. :pos:

Доказ дека и со 5 дипломи глупиот си останува глуп. :icon_mrgr:

Премногу време поминала надвор од државата па изгубила осет за реалноста :)
 
Само да кажам дека најверојатно сега нема да има „прошетка“, затоа и е протест, а не марш. Еден мал спојлер, ќе има интересни настани во склоп на самиот протест, нема да биде само викање пароли, уаа и слично. :D (се надевам ќе се реализира тоа што е планирано)
 
Најдобрата студентка на факултети во Словачка и Германија: Имам позитивен став кон државниот испит

Ивана Јанковска, 23- годишната кумановска која е избрана за најдобра студентка на факултети во Словачка и Германија, како став за воведување на државниот испит во Македонија.Јанковска студирала во 5 земји- Италија, Чешка, Словачка, Германија и Холандија, но истакна дека би сакала да го инвестира своето знаење и искуство во Македонија. :pos:

Доказ дека и со 5 дипломи глупиот си останува глуп. :icon_mrgr:


Едно е сигурно - оваа мома дефинитивно не е оваа македонска лекарка во Германија, која цели 7 (СЕДУМ) години барала работа во Македонија, но не успеала да ја најде, поради што на крајот станала една од стотиците македонски лекари кои фатија џаде и кои сеуште фаќаат џаде надвор од Македонија, во потрага по работа и по подобар живот.

Бидејќи е лекарка по професија, повеќе од јасно е дека полагала и успешно положила државен испит, но ете, успешното полагање на државниот испит наместо да и обезбеди работа во Македонија, и обезбедило 7 години агонија во потрага по работа во Македонија, кои завршиле со купување на патнички билет за Германија - кој се разбира, од свој џеб го платила - од каде што не планира да се враќа во Македонија во блиска иднина, со исклучок кога доаѓа во посета на нејзиното семејство.

Па ако целта на екстерното тестирање/државниот испит е младите во уште поголеми броеви да ја напуштаат родната татковина, тоа веќе се случува и без екстерното тестирање/државниот испит. Илјадници Македонци и Македонки ја напуштаат Македонија секоја година и со и без положено екстерно тестирање/положен државен испит.

http://1mk.org/page/article/lekarsk...uvam-no-makedonija-mi-go-odzede-dostoinstvoto

ЛЕКАРСКА ИСПОВЕД ОД ГЕРМАНИЈА: Плачам додека пишувам, но Македонија ми го одзеде достоинството!

декември 23, 2014

timthumb.php


Во Македонија лекарите посесивно ги партизираат, во Германија ги ценат знаењето, вештините и односот кон клиентите. Ова е првата паралела на искуствата и медицинскиот амбиент на македонска докторката Д.А. која во последен момент побара од редкацијата на Фактор да не се објавува нејзиниот идентитет стравувајќи дека може да има одредени последици врз семејство .

Нашата соговорничка д-р Д.А. е една од 600 македонски лекари кои ја искористија шансата за професионално и работно емигрирање барајќи ја својата перспектива и професионална сатисфакција во една од германските клиники .

За Фактор, вели дека ни на крај памет не и паѓа да се врати во Скопје од каде што и потекнува. По завршувањето на студиите на Медицинскиот факултет во Скопје очекував дека ќе ми се отворат сите врати. Наместо тоа, тропав на многу врати, добивав секакви непристојни предлози во замена за решение за работа, барање пари, неизбежното зачленување во партија , но сите тие условувања за мене беа подеднакво навредливи. “ Камо порано да го учев германскиот”, ја прикажува за Фактор својата приказна д-р Д.А.

Фактор: Вие сте една од 600 лекари кои ја напуштиле Македонија во последниве две години барајќи ја својата перспектива во некои од европските и светски здравствени центри . Што за Вас беше пресудно да одлучите да заминете од земјата и веќе две години да работите како лекар-специјалист во една клиниките во Германија?

д-р Д.А
: За човек кој што е пораснат во Скопје, од каде што потекнува моето семејство и каде ми се пријателите, каде што го завршив основното, средното и високото образование, и не сум била подолго разделена отколку за еден одмор, мора да признаам дека тоа беше најтешката одлука во мојот живот. Ама јас навистина немав друг избор. По завршувањето на студиите на Медицинскиот факултет во Скопје очекував дека ќе ми се отворат сите врати, па лекар сум, треба да ја извршувам најхуманата и најценетата дејност, но не знаев дека тоа ќе биде всушност почеток на проблемите.

Следеа цели седум години обид да се вработам, конкурирав на сите можни објавени конкурси за работа, тропав на многу врати, одговорите беа различни: добивав секакви непристојни предлози во замена за решение за работа, барање пари, неизбежното зачленување во владејачката партија.

Ниту една од овие работи не ми паѓаше на крај на памет да ја направам и сите ми беа подеднакво навредливи. Во меѓувреме започнав со приватна специјализација (Приватна специјализација – значи дека сама се финансирав, а само специјализацијата чини 8000-10000 евра, плус секојдневните трошоци за храна и превоз), што уште повеќе ги отежнуваше условите за вработување, затоа што не смеете да работите како матичен лекар додека специјализирате.

Севкупниот мој живот, не само образованието, на мои 30 години со завршено високо образование, и тоа Медицински факултет, сеуште беше на грбот на моите родители. Подоцна работите се сменија, татко ми ја напушти работата, па од финанскиски аспект специјализацијата не можев да ја завршам, работа не можев да најдам, седев дома.

Фактор: Од каде стигнаа сигнали за заминување во бел свет со белиот мантил?

д-р Д.А
: Eден мој пријател ми кажа дека во Германија постои огромен дефицит на лекари, дека можам да се обидам таму, дури и ми даде контакт од еден македонски лекар кој веќе 40 години живее и работи во Германија, но со оглед на тоа дека не го знаев германскиот јазик, ама воопшто, ниту еден единствен збор, ми изгледаше како невозможна мисија. Сепак на покана на тој лекар заминав на две недели, во клиниката каде што тој работи во Германија, како хоспитант.

Откако видов како се функционира таму, колку многу лекарот е лекар и само лекар и тоа му е единствената работа во тек на денот – да лекува, е тогаш ја донесов најважната одлука дека ќе се обидам да го научам јазикот и ќе сторам се што можам да дојдам да работам во Германија. Кога се вратив започнав со изучување на германскиот јазик, најмногу учев дома сама, со стари книги и лоши речници, ама и со огромна мотивација.

Ќе бидам искрена и ќе ви кажам дека немав пари ниту за интернет, за да можам полесно да учам. Во меѓувреме, започнав да волонтирам во една од скопските болници, благодарение на добрата волја на раководството за што сум навистина благодарна. Првите три месеци добивав 4000 денари како волонтер, а потоа потпишав договор за привремено вработување, со кој добивав повисоки примања, но не бев здравствено осигурана ниту ми течеше стаж.

Фактор: Бројката на македонски лекари кои ја напуштаат земјата во континуитет расте. Според одредени информации само од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и Градската општа болница 8 Септември во последниве два месеци си заминале 20 тина лекари барајќи ја својата иднина во западноевропските земји. Зошто македонските лекари перспективата првенствено ја бараат во Германија?

д-р Д.А
: Првенствено во Германија постоеше навистина голем дефицит на лекари, што веќе не е случај. Поради тој дефицит можноста за вработување беше навистина голема, се што ви требаше е познавање на германски јазик ниво „Б2“, и толку. Нашата диплома ја нострифицираа без проблем, што е главниот фактор поради кој сите лекари работа бараат токму тука, со тоа сто дозволено ви е да работите само во клиниката која ве ангажира, не смеете да работите самостојно и мора да полагате, во догледно време, испит кој е еквивалент на нивниот државен испит со цел да добиете Апробација.

Toa e дозвола за самостојна работа на целата територија на Германија. Taa потоа станува лиценцирана и за Швајцарија и Австрија. Сега веќе условите малку се посложени.

Фактор: Неодамна бевте во Скопје со единствена цел да специјализирате. Сега иако сте веќе лекар специјалист, сепак не се одлучувате да се вратите и да ја барате својата иднина во некои од болниците во Македонија. Зошто?

д-р Д.А
: Специјалистичкиот испит го положив за лична сатисфакција, после сите перипетии, инвестирани труд, време и финансии, сакав да го завршам тоа поглавје, иако тука тоа не игра никаква улога. Можеби некогаш ќе се вратам во Македонија, не знам. Иако додека тука во Германија е така како што е и таму во Македонија е така како што е, не ми пага на крај на памет.

Единственото место каде што се кршат сите копја е семејството. Сега за сега тоа е единственото нешто што би ме вратило назад. Времето тече, не чека никого па ни мене, внуците мои растат, а јас тоа го пропуштам. Го пропуштам времето со моите родители, со сестра ми, со пријателите. Тоа ми е најголемата болка. Тоа знае да ме буди во сред нок и тогаш солзите почнуваат да течат и не престануваат. Ги бркам мислите, ама не бегаат.

Еве и сега се расплакав, па ќе завршам тука.

Фактор: Каков е односот на германските лекари кон колегите кои доаѓаат однадвор?

д-р Д.А :
Секако дека имаше сомневање на почетокот. Македонија или Пакистан нив им е сеедно, се додека тоа не е Германија или Швајцарија. Веруваат во својот квалитет, а се друго што доаѓа од страна, мора првенствено да си го заслужи договорот за работа. Во период од две години колку што сум во оваа клиника сведок сум на десетина отпуштања од работа.

Мојот најголем проблем беше германскиот јазик, работно искуство веќе имав, го стекнав дел во тек на специјализацијата, а најмногу во тек на работата на дежурната служба додека волонтирав. Со оглед на тоа дека видоа дека одлично се снаоѓам во работата со пациентите, често добивам писма или мали подароци од пациентите (дозволено е) во знак на благодарност за стручноста и љубезноста, што за народ каков што се Германците значи многу, немаше никаков проблем кога дојде до моментот да се обнови договорот за работа. Едноставно кажано, мора да си ја заработите почитта, а до тогаш ќе ве стават на многу тестови. Или ќе ви дадат отказ.

Фактор: Колку време Ви беше потребно да се адаптирате на условите и стандардите за работа?

д-р Д.А
: Во однос на работните услови, овде сигурноста на лекарот е на прво место. Целиот систем се обидува максимално да не заштити од можни грешки и пропусти. Се инвестира во нашата едукација, тоа е обврска на клиниката, тука мора да додадам без уцени, присила или потпишување договори. Се почитува работното време, а доколку се надминат законски одредените работни часови, тоа ви се компензира. Месечните примања се повеќе од доволни, со оглед на тоа дека животните трошоци се речиси исти како во Македонија. И она што е најважно, овде лекарот сеуште навистина се почитува.

Во Македонија ни го одземаа достоинството на нам лекарите, не спуштија на најниско ниво, не направија партиски марионети, криминалци и бездушници. Овде си ја работам работата која навистина ја сакам и не можам себеси да се замислам да работам било што друго во животот, работата за која цел живот учев и сеуште учам. И никој не ме потценува, уценува, навредува или казнува за тоа.

Идентитетот познат на редакцијата.

Горазд Чомовски
 
Последно уредено:

Кога го положила државниот испит сфатила дека знаењето што го стекнала вродило со плод и сфатила дека може да се потпре врз знаењто што го добила.
Пред тоа не била баш сигурна во знаењето, и не би да се потпре врз истото.
 
Последно уредено:
Се додека Љупчо Бубо Каров ги поддржува студентите, срамно е да не се излезе на протест против идиотизмите кои актуелната влада на Република Македонија ги предлага во облик на законски измени во образованието.

Иако овој видео клип е директна поддршка за вториот студентски марш, несомнено важи и за сите идни студентски протести.

http://faktor.mk/2014/12/10/video-poddrshka-za-studentite-site-do-e/

Видео поддршка за студентите: Сите до еден МАРШ надвор!

декември 10, 2014

timthumb.php


Многу јавни личности го подржаа студентскиот марш, што ќе се одржи денеска од 12 часот пред платото на УКИМ, ќе продолжи кон Собранието. па кон Владата на РМ.

Јавните личности им порачаа на студентите да останат свои, не партиски, да не обрнуваат внимание на пропагандата.

Студентите протестираат против состојбите во високото образование, а конкретен повод е воведувањето на државен, екстерен испит за проверка на знаењата.

 
Да де да, студирала НАДВОР, каде не се соочувала со понижување (со недели да дреме пред кабинети, во ходник да праша професор, тој/таа само да продолжи да оди, асистент да ја гледа како дреме пред кабинет и да се смешка иронично, да ја бркаат од кабинет и да и се дерат итн.), барање мито (суптилно/несуптилно), каде професори и викаат мора да биде напишано ко од учебник и малтене не поддржуваат критичко мислење.

Има 23 години. Да ја видам нека проба да најде работа (без играње на карта - партиска книшка), да ја видам кога ќе дознае дека не добила работа поради тоа што немала партиска книшка и дека место неа местото го добил човек што го буделе од спиење. Е кога ќе и се случи се од горенаведеното (што му се има десено на секој човек од опкружување што го познавам, а и сите други го имаат истото), па после нека излезе и да го збори истото.

Нема допирна точка со УКИМ, ама затоа ќе доаѓа и ќе соли памет по медиуми. Најјаки ми се ваквите студенти.
 
Братеу, 4500 више мавнаа на фб going без ден да пројде. Дел од нив и професори кои ги познавам. Бројкава до петок прилично убеден сум дека ќе се дуплира. Водејќи се по претходните два протести, кај што на фб беа помалце пријавени а на протест излегоа многу поише, ова би требало масовно да е ептен, не искачаат само студентите кои студираат моментално туку и многу засегнати од истото. Интересно ќе биде да се видат улициве блокирани у 4 саат у петок.
 
Кои вработени од влада, што се трипаш :pos: На претходниот марш кога требаше да се достави писмото, отидоа неколку девојки и немаше кој да ги прими, у влада било празно...

Абе добро, битно е во шпицот кога сите си одат од на работа да се закочи цел сообраќај.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom