Ќе се олесни увозот на коли од САД

  • Креатор на темата Креатор на темата JeepMkd
  • Време на започнување Време на започнување
Кога сме веке кај американските возила ,најубавото би било ако може да се увезуваат олд тајмери и вакви убавици да се возат низ МК
http://www.memorycars.se/.
Ако се ускладуваат со европското законодавство тогаш не би требало да има проблем.
Инаку околу потрошувачката ,Крајслер има од 2007 ма година патентиран систем кој ја намалува потроѓувачката за 50%.
 
За сервис ако си најдеш некој мајстор кој разбира. А се наоѓа, со оглед што кај нас мајсторите се нафаќаат на се`, само да ти ги земат парите. Се` што е "ново" се наплаќа дупло, битно е да се спомне.

Шо се однесува до сервисот , ќе наведам еден пример. Мој другар, кој има џип Форд Ренџер, нешо му се заеба палењето. Проблемот беше нешто во електрониката, па не можеше да запали со клучот. И го однесе џипот на сервис да му го попрат, и мајсторот, му го напрајл да се пали џипот на тастер :icon_lol: , ко на заставите шо му клават :icon_lol::icon_lol::icon_lol:.
 
Новости околу законот

Увозот на половни американски возила ќе може да стартува уште во февруари, информираат од министерството за економија откако Алфа објави дека Владата донела одлука да се олеснат условите за увоз и регистрација на автоимобили произведени во САД. Ќе може да се увезуваат возила стари до 10 години. За да се префрлат на македонски таблички, според информациите од ресорното министерство, нема да биде потребна хомологација, туку американски сертификат дека се исполнети еколошко безбедносни стандарди ПР2 кои што важат во САД. Ваквите измени во постоечкиот правилникот за единечно одобрување на возила експресно почнале да се работат во министерството за економија.

Досега, американска марка на автомобил можеше да се регистрира во Македонија само доколку беше произведен во некоја европска земја бидејќи сите увезени возила подлежат на хомологација но според европски стандарди што не ги исполнуваат возила произведени во САД. Токму за да се избегне оваа бариера Владата ќе дозволи за пререгистрирање на американските возила наместо хомологација, да биде доволен еколошки и безбедносен сертификат од агенцијата за животна средина во САД.

И додека мерките за олеснет увоз забрзано се подготвуваат во министерството за економија, дистрибутерите на нови возила во земјава немаат информации за одлуката. Допрва ќе бараат објаснување од Владата и ќе анализираат дали ќе предизвика удар врз бизнисот.

Либерализирање на увозот на половни американски возила доаѓа неполна година откако Владата ја прогласи за успешна ланската мерка за спуштање на старосната граница и за европските возила.

Христијан Стојчевски
Алфа ТВ


Едно прашање ме мачи, а тоа е што ако се случи возилото овде да не може да се регистрира? Знам за случаи возила да бидат враќани во Германија, Бугарија. Не завлегувам во причините, може и да е до неинформираност на сопственикот. Ама да вратиш возило во САД и во Бугарија не е исто. Размислувам на глас, ама и добро е да се погледне и PR2 стандардот со кој јас засега не сум запознат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom