Ќе поскапат алкохолот и цигарите

  • Креатор на темата Креатор на темата Bateman
  • Време на започнување Време на започнување
Мислев на штетните влијанија врз здравјето на луѓето. А и тука има економски аспект бидејќи ќе се намалат трошоците за лекување на болестите поврзани со алкохолот и цигарите. Како што погоре спомна еден член добро е овие пари да се наменат во корисни цели како на пример вложување во здравството.
И стварно не ми е јасно зошто се буните кога ова поскапување е за доброто на сите.

А која е таа комисија за морал што кажува што е добро, а што лошо? Ти? :pos:
 
Заради штетните влијанија. Да е до мене би ги забранил во целост со строги казни за прекршителите, но и ова поскапување е за пофалба бидејќи е во вистинска насока.

Така е, се согласувам.

а тебе некој те тера да пушиш? што толку сте против пушачите кога не ви прават ништо лошо? и немој да ми кажуваш дека те трујат,затоа што не е така. А во врска со "трошоците" за лекување...па добро бре,кога одиш на лекар кој плаќа: државата или ти? дај не зезајте со муабети без врска...ќе се намалеле,како да не...обично ехо е 500ден,а да не правиме муабет за друго
 
Заради штетните влијанија. Да е до мене би ги забранил во целост со строги казни за прекршителите, но и ова поскапување е за пофалба бидејќи е во вистинска насока..
Многу малку објаснуваш за твоето мислење зошто би се забранило...претпоставувам заради здравствени причини (оти економските се контрадикторни). Ако е така да видиме што бидна со здравјето откако ставија забрана за алкохол по 7 саат и лиценци, откако го забранија во затворени и јавни простории како и на многу јавни места и откако ставија триста давачки за алкохолот и цигарите

Најмногу во Македонија се умира од кардиоваскуларни болести
Расте стапката на морталитет од циркулаторни болести кои се основна причина за смрт во Македонија. Во 2011 година од вкупно починати 19.465 лица, 11.526 (59,2 отсто) починале од болести на циркулаторниот систем. Процентот на починати чија смрт е поврзана со овие болести, во 2009 година изнесува 57,9 отсто.
...процентуалната застапеност на болестите на циркулаторниот систем во вкупниот број на лекувани болни во примарната здравствена заштита, е зголемен од 15,8 отсто во 2009 на 16,2 отсто во 2011 година.

Според официјалните податоци во периодот од 2009 до 2011 година бројот на лекувани од рак во болниците во Република Македонија се зголемил за 7,1 отсто, а во периодот од 2002 до 2011 година бројот е зголемен за дури 136,5 отсто

Додека од една страна цената и користењето на опијати се се повисоки и построги, од друга страна се зголемува бројот на болни од кардиоваск. болести и рак, две групи од многуте за кои се тврдеше дека главен фактор ризик е цигарата и ракијата.
Дали и покрај тоа што бројките се многу едноставни, сеуште сметаш дека е за општо добро?
 
Ова значи дека сувомеснатите производи, кафанските ручеци (како извор на кардиоваскуларните болести) треба да добијат некоја акциза.
Бидејќи за рак најголем фактор е нервозата, а таа најмногу се добива од гледање вести, треба сите телевизии што имаат вести и пренесуваат шокантни и скандалозни вести треба да имаат нова висока акциза.
Исто така воздухот што го дишеме измешан со лош бензин е предизвикувач на рак на бели дробови, што значи и Окта треба да добие акциза.
Белким некој ме чита од тие што внесуваат измени во законите, па може нешто и ќе примени
 
Така е. Од коа забранија трава да се продава по трафиките нејзината употреба е значително намалена. До ден денес немам слушнато некој да дува. Многу ми се допаѓа начинот на кој размислувате да ви грицнам од тоа мозокот.

Ќе останеш гладна :(
 
од понеделник барам да се зголеми цената на кондомите за 500%!!! ни денар поевтино...кој ќе биде фатен да продава "испод цена",нае..л! штетен е сексот по домашен буџет (децата се трошок денес),а плус и многу болести има,трошоците за лекување се големи (економски неисплатливо)...затоа к*рот во рака и НЕМА секс. е ај сега да видам некој да писне за цигарите пак :cool:
 
де објасни како е тоа подобро за сите. Ќе почекам јас.
Едноставно е. Цигарите и алкохолот се штетни. Ако станат поскапи ќе се намали консумацијата, а со тоа и штетните ефекти од овие производи. Сепак напишав погоре дека парите од даноците треба да му бида вратени на народот на пример во вид на корисни инвестиции или нешто слично.
 
Тоа е и проблемот, ниту ќе се намали употребата, ниту пак парите ќе му бидат вратени на народот. Ко што направија со најлонските кеси, пак сите ги користат само што сега продавачите ги наплаќаат.
Од ова ќе имаат корист само продавачите кои ќе си ја зголемат цената за едно 400-500% од предвиденото. Прост пример, пивото по ова треба да поскапи за 0.3, 0.5, 1.5, 2 денари (+- варијации), зависно од амбалажата. Но и да видам тешко дека ќе поверувам дека поскапело за помалку од 5-10 денари.

Sent from my Nexus
 
Зависник баш така лесно не се откажува.. Некој цел живот се бори да ги откаже цигарите или алкохолот... Ова не е баш лесна работа ако се ставиш во позиција на зависник... Така да дека побарувачката ќе се намали неверувам... Можда ама многу малку...

А за тоа дали ќе бидат добро искористени парите видовме од последниве проекти :)
 
Тоа е и проблемот, ниту ќе се намали употребата, ниту пак парите ќе му бидат вратени на народот. Ко што направија со најлонските кеси, пак сите ги користат само што сега продавачите ги наплаќаат.
Од ова ќе имаат корист само продавачите кои ќе си ја зголемат цената за едно 400-500% од предвиденото. Прост пример, пивото по ова треба да поскапи за 0.3, 0.5, 1.5, 2 денари (+- варијации), зависно од амбалажата. Но и да видам тешко дека ќе поверувам дека поскапело за помалку од 5-10 денари.

Sent from my Nexus
Прочитав на друго место тексот не бил цел поскапувањето било 1 денар по алкохолна единица/литро така да пиво од 5% алк 2 литри = 10 денари. Плус и нешто имало и кај екстрактот за пиво зголемено. Така да тоа е... ај за цигариве не ми е многу жал ама за пивото...
 
Еве кои цигари ќе поскапат

Детали
Создадено на Сабота, 01 Јуни 2013 14:21
Последно освежено на Сабота, 01 Јуни 2013 14:21
Напишано од А.Соколовски
Категорија: Македонија

cigara.jpg
Ќе поскапат само поевтините цигари, додека поскапите ќе си ја задржат цената, пишува Утрински весник.
Директорот на Тутунскиот конбинат од Прилеп, Александар Дерменџиев, за весникот вели дека со измените на законот за акцизи кои ги подготви Министерството за финансии се зголемува давачката само за поевтините брендови цигари.
За нив е очекувано, вели Дерменџиев, наскоро да има и промени во продажната цена. Што се однесува до поскапите цигари, за нив акцизата останува иста, што значи дека нивната цена нема да оди нагоре.

- Со измените, акцизата на цигарите, пурите и цигарилосите се предвидува постепено да се зголеми во наредните 10 години. Зголемувањето од оваа година, од следната година на 1 јули, па се' до 2015 година, стапките на специфичната и ми-нималната акциза на цигарите се зголемуваат за 0,15 денари по парче во секоја го-дина, од 1 јули 2016 заклучно со 1 јули 2023 година - за 0,20 денари по парче во се-која година. Од 1 јули в година, заклучно со 1 јули 2023 година, износот на акциза на тутун за пушење како фино сечкан тутун ќе се зголемува за 50 денари по килог-рам во секоја година, пишува весникот.

http://sky.mk/index.php/makedonija/18070-eve-koi-cigari-kje-poskapat
 
Oh, the irony! Диоклецијан
--- надополнето: 1 јуни 2013 во 20:58 ---
Го избриша хипокритскиот пост (y)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom