Многу малку објаснуваш за твоето мислење зошто би се забранило...претпоставувам заради здравствени причини (оти економските се контрадикторни). Ако е така да видиме што бидна со здравјето откако ставија забрана за алкохол по 7 саат и лиценци, откако го забранија во затворени и јавни простории како и на многу јавни места и откако ставија триста давачки за алкохолот и цигарите
Најмногу во Македонија се умира од кардиоваскуларни болести
Расте стапката на морталитет од циркулаторни болести кои се основна причина за смрт во Македонија. Во 2011 година од вкупно починати 19.465 лица, 11.526 (
59,2 отсто) починале од болести на циркулаторниот систем. Процентот на починати чија смрт е поврзана со овие болести, во 2009 година изнесува
57,9 отсто.
...процентуалната застапеност на болестите на циркулаторниот систем во вкупниот број на лекувани болни во примарната здравствена заштита, е
зголемен од 15,8 отсто во 2009 на 16,2 отсто во 2011 година.
Според официјалните податоци во периодот од 2009 до 2011 година бројот на лекувани од рак во болниците во Република Македонија се зголемил за 7,1 отсто, а во периодот од 2002 до 2011 година бројот е зголемен за дури 136,5 отсто
Додека од една страна цената и користењето на опијати се се повисоки и построги, од друга страна се зголемува бројот на болни од кардиоваск. болести и рак, две групи од многуте за кои се тврдеше дека главен фактор ризик е цигарата и ракијата.
Дали и покрај тоа што бројките се многу едноставни, сеуште сметаш дека е за општо добро?