Ќе поскапат алкохолот и цигарите

  • Креатор на темата Креатор на темата Bateman
  • Време на започнување Време на започнување
Така е. Од коа забранија трава да се продава по трафиките нејзината употреба е значително намалена. До ден денес немам слушнато некој да дува. Многу ми се допаѓа начинот на кој размислувате да ви грицнам од тоа мозокот.
Цел свет има вакви закони и даноци, фала богу еве и ние ги воведовме. Секако дека ќе се намали употребата што е за пофалба. Ако некој нејќе да разбере од збор ќе разбере кога ќе го удрат по џебот.
 
Зошто да се намали консумација на овие производи?
 
Цел свет е многу растеглива категорија...Ако гледаш така цел свет може со една нормална плата да плати кирија, режија, прехрани и остави некоја ситна сума за црни денови и одмор, додека кај нас не може да си купи 100 метра јаже со плата.
Инаку се согласувам да има поголеми такси на цигари и жесток алкохол од причина што од една страна е лоша навика на организмот, од друга страна е нешто без кое што може секој и еден вид на луксузен производ.

Проблемот е што цел свет парите земени од акцизите на овие производи ги вложува во здравството, во клиники за одвикнување, белодробни заболување и слични болести кои ги предизвикуваат цигарите, кампања за освестување на населението или нешто продуктивно додека кај нас се земаат за смотани проекти и за ранење на администрација, така што оваа мерка нема буквално да го намали пушењето и алкохолизмот туку само ќе предизвика серија поскапување во други сектори на стопанството.

Инаку е многу парадоксално да ги субвенционираш тутунопроизводителите и винарите, а од друга страна да зголемуваш акцизи за да се намали потрошувачката на истите производи.
 
Зошто да се намали консумација на овие производи?
Заради штетните влијанија. Да е до мене би ги забранил во целост со строги казни за прекршителите, но и ова поскапување е за пофалба бидејќи е во вистинска насока.
Така е, се согласувам.
 
Инаку е многу парадоксално да ги субвенционираш тутунопроизводителите и винарите, а од друга страна да зголемуваш акцизи за да се намали потрошувачката на истите производи.

да парадоксално е ... ама така се вртат парите и некој заработува ... тутунопроизводителите и винарите на сметка на некој што е зависен од цигарите и алкохолот
 
Заради штетните влијанија. Да е до мене би ги забранил во целост со строги казни за прекршителите, но и ова поскапување е за пофалба бидејќи е во вистинска насока.

Така е, се согласувам.

А да запичиш накај Саудиска Арабија најубаво ќе ти биде
 
Диоклецијан ти ем не си во Македонија ем му се радуваш на поскапувањето. Ти ептен злобен си бил бе :icon_lol:
 
Паметни се тие таму знаат зошто ги забраниле овие девијантни појави.
Се сеќавам многу добро кога бевме во основното училиште како се спречуваше пушењето. Кого ќе го откриа дека пуши од класниот му следеше тежок ќотек. Еден го кажаа дека го виделе в град како пуши и никој друг не се осмели. Е така треба.
--- надополнето: 31 мај 2013 во 10:00 ---
Диоклецијан ти ем не си во Македонија ем му се радуваш на поскапувањето. Ти ептен злобен си бил бе :icon_lol:
Катиљ :icon_lol:
 
Заради штетните влијанија. Да е до мене би ги забранил во целост со строги казни за прекршителите, но и ова поскапување е за пофалба бидејќи е во вистинска насока.

Така е, се согласувам.

А кога ќе ги забранат јагнешкото, свинското и бургерите од Мекдоналдс?
 
Ама и платите кај нас се ниски.
Ако направиш нормализација на платите со соодносот на трошоците, верувај ќе испадне дека они живеат малку подобро од нас.
На запад, во било која кафана да влезеш 20Е е најефтината понуда, а кај нас со 20Е си крал во кафана. Мислам не е тоа тема на муабет, ама верувај дека не е се розево и таму, ама за еден добар и пристоен живот има, ама кафани, факултети, здравство и слично е изгор затоа што и тие луѓе што работат во овие институции треба да имаат плата во националниот просек, па за тоа и целата работа е поскапа.
 
Заради штетните влијанија. Да е до мене би ги забранил во целост со строги казни за прекршителите, но и ова поскапување е за пофалба бидејќи е во вистинска насока.

Така е, се согласувам.
Што е поштетно, воздухот скопски (или ете велешкиот) или цигарите, дали има некои реални испитувања?
Колку е намалено производството кај нас на цигари откако ги воведоа давачки за екологија, земјоделие и здравство. Вели за 30-40% 2006-2009. Со колкав капацитет работат тутунските комбинати (нивните работници), добавителите, дистрибутерите, трговците...
Колку изгуби државата само со мерката забрана за продажба на алкохол по 19 часот (као европска мерка), а со тоа и буџетот и трговците и колку е намалена продажбата на алкохол (а со тоа и прометот на трговијата и производителите) со лиценца за алкохол. До тие податоци е скоро неможно да се дојде.
Провери ги тие податоци зошто едни од многу профитабилните производи за нашите стопанственици и Македонија во целина ги даночат со вештачки даноци, наводно ради ЕУ ...а всушност ЕУ нема врска со ова. Парите одат којзнае каде...
Затоа и прашав зошто да се намали користењето на овие производи.
 
До питачки стап ќе не дотераат овие .Како тргнаа поскапување на све
 
Мислев на штетните влијанија врз здравјето на луѓето. А и тука има економски аспект бидејќи ќе се намалат трошоците за лекување на болестите поврзани со алкохолот и цигарите. Како што погоре спомна еден член добро е овие пари да се наменат во корисни цели како на пример вложување во здравството.
И стварно не ми е јасно зошто се буните кога ова поскапување е за доброто на сите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom