Ќе погреши ли човек ако каже ТЕ САКАМ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Zverkica
  • Време на започнување Време на започнување
тоа е најголемата грешка колку сакаш биди заљубен и сето останато никогаш на жена не и кажувај те сакам бидејќи многу вешто ќе го искористи тоа
 
На женско да му кажеш те сакам во превод значи следното-game over insert coin, односно за форумските покемонци и млади бунтовници тоа ти е на флипер (пранаправа, претходник на икс боксот и сони плејстејшнот) кога ќе ги изгубиш сите животи.
 
Без разлика на ситуацијата ,ако се работи за искрени чувства, ДЕФИНИТИВНО треба да се кажат тие зборови.Да речеш те сакам значи да покажеш дека знаеш емоционално да се приврзеш кон некоја личност.За жал , се помалку се оние кои пружаат вистинска и искрена љубов и се често пати повредени.....многу повредени..стануваат депресивни.Но секогаш вреди да се проба..
 
Зборовите ништо не значат. Едно Те и едно Сакам. Побитно е тоа да го покажеш во пракса. Зборовите излагаат од устата али не мора да значат дека е тоа.
 
Зборовите ништо не значат. Едно Те и едно Сакам. Побитно е тоа да го покажеш во пракса. Зборовите излагаат од устата али не мора да значат дека е тоа.

потполно си во право..знаеме дека некои го злоупотребуваат тоа.Сепак ги земам ретките за пример, оние кои знаат да ценат љубов..за нив вреди да им покажеш што е љубов...
 
Е што значи тоа Те сакам? кој го разбрал? на кого му значи тоа? На никој?
Па да се каше Те Сакам ке мислиш ахх..зборови, овична конверзација, само звук од гласни жици. Да ти каже некој Те Сакам ке си помислиш,, Што е сега ова? мислиш дека ти верувам? па јас не се предавам јас не сум глупа, јас не сум дете да ти се препуштам на збор. Исто како и еден бакнеж или една прегратка и тоа Те сакам се само тоа , неважни работи. На кои не треба многу да се обрнува внимание доколку не се чести појави во врска. НО што е со Те Сакам , Те Сакам, Те сакам ...аман Те сакам... многу пати кажано и безброј пати помислено и гушнато исто толку бројно? Дали е тоа само збор и глумење или е потреба да се каже на некој за чувствата во нас? Оној што сака ја има таа потреба, тоа е желба да се каже, желба да се признае и никогаш не се уморува од тоа. Оној што некогаш се заљубил знае што сакам да кашам. а оној што не бил нека си мисли пак за тоа што значи Те Сакам. Некој ќе рече ЛАЖЕШ!! Глумиш лудило! Па тој што лаже би се изморил од тој збор. Јас мислам дека основна мотивација за да се каже тоа Те Сакам толку многу пати е љубовта. Ако ја нема љубовта тоа те сакам ќе се заборави да се каже.
 
Значи примеров е следен: идете со партнер кој е премногу затворен во себеси, тој покажува емоции и дека е вљубен но му е потребно многу време да се отвори и да изговори зборови со кој би ја искажал својата љубов. Дали според вас би било правилно ако на таков човек му признаете и му кажете ТЕ САКАМ? Има ли шанси да се повлече и да избега или пак ќе собере доволно храброст да го признае тоа и самиот?
Не можеш никогаш да згрешиш со зборчето ТЕ САКАМ ,но единствено треба да го упатиш кон некој што заслужува.
 
Зашто мора со зборови на некој да кажеш или не кажеш те сакам за да биде сигурен/а дека е тоа така.
Тоа можеби ја зајакнува само навидум кај едниот несигурноста па очекува дека партнерот со тоа му ја враќа довербата дали е сакан од него или не.
Се на се тоа се осеќа на секоја минута или секунда и самиот си носиш заклучоци и не ти е потребно никаква изјава да заклучиш дали си сакан или не.
Со самото тоа што ќе признаеш на некој дека го сакаш само на грб си ја превземаш одговорноста за понатамошното поиндиферентно однесување кон тебе.
Не препорачувам никој да кажува,само прерпорачувам да покажува.
Ако помислиш да му кажеш ТЕ САКАМ јави се на телефон и покани го да излезете и да си пројдете убаво и после тоа самиот партнер ќе свати дека времето потрошено на него вреди исто колку да му кажеш ТЕ САКАМ.
 
Значи примеров е следен: идете со партнер кој е премногу затворен во себеси, тој покажува емоции и дека е вљубен но му е потребно многу време да се отвори и да изговори зборови со кој би ја искажал својата љубов. Дали според вас би било правилно ако на таков човек му признаете и му кажете ТЕ САКАМ? Има ли шанси да се повлече и да избега или пак ќе собере доволно храброст да го признае тоа и самиот?

Некој си е затворена личност поради некоја причина( срамежлив,лошо искуство итн итн).За да не се повлече и да избега зашто самата кажуваш дека има некакви емоции немој да инсистираш на тие две зборчиња,остај нека помине некое време нека се опушти нека почувствува сигурност со тебе некоја па ќе си се отвори,а зашто па да биде кажано со збор може и преку дела да е тоа Те Сакам
 
Никогаш не сум бил во прилика да ги кажам тие зборови.Дури ни со своите родители,ни како мал не се употребувало многу те сакам.Прв никогаш не би го кажал тоа, никогаш..... единствено ако некој друг ми го каже би вратил со истото,ако го мислам стварно тоа.
На крају крајева ништо не ми значи тоа како збор.Многу е побитно да се покаже,него да се каже......
 
Мене сите ми кажуваат ТЕ САКАМ али никој од тие момци не направил ништо посебно да покаже на дело дека ме сака без да ми каже.
 
Мене сите ми кажуваат ТЕ САКАМ али никој од тие момци не направил ништо посебно да покаже на дело дека ме сака без да ми каже.

И јас сум за делата некако поубаво ми е на дело кога ќе почувствувам него ли тие две зборчиња.
 
So i da kazeme ke zgresime taka da kjuti i eb:drk: ...
 
Неможе да се погреши ако се каже, те сакам, се додека е тоа искрено и се додека го кажувате на некоја личност што навистина ја сакате. Иако исклучително ретко, но сепак го кажувам тоа, затоа што имам потреба да го кажувам. Тој збор за мене има големо значење, и подобро да не го употребувате воопшто отколку да го кажувате ради реда или само да дојдете до нешто.
 
На зборови многу многу не палам. Ама факт е дека кога ќе почувствуваме дека некој го имаме целосно се опуштаме и се менуваме од почетокот на врската, моментот е дали ќе се вратиме после тоа на прав пат.
малце сум строг со употреба на овие зборчиња, ама девојките на кои им било кажано тоа, веќе знаеле за истото. Ипак со дела се докажува не со зборови.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom