Ќе дознаеме нешто ново или...?

  • Креатор на темата Креатор на темата POWER-MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Се е напишано од човечка рака со Божја промисла.
 
Бог не не убедува. Треба ние да поверуваме по наша слободна воља. Ние имаме слободна воља да веруваме или не, а не Бог нас да не убедува.

Бог дојде на земјата. Сведоштво? Господ Исус Христос. И повторно има луѓе кои не веруваат. На таквите Господ Исус Христос да им се појави пред нив тие пак нема да веруваат...

Се сложувам. Може малку го тупам но дали тоа автоматски значи и дека би му верувале ако знаеме дека тој постои? Бидејќи како што велиш имаме слободна волја а Бог и понатаму не би бил интервенционист па не би му се плашеле, барем не добар дел.
 
- соновите треба да се заборават што е можно побрзо. Пошто човековиот мозок е најопуштен во текот од спиењето, тогаш и демонското влијание врз човековиот мозок е најголемо (ова го знам и од теорија и од пракса). Демоните секогаш го „гаѓаат„ човековиот мозок, оти тој е „средна алка„ помеѓу срцето и умот човеков. Со прекинување на таа алка, човековиот ум неможе да поверува во Христа и неможе да размислува за Христа!!!

- порака во соништа испраќаат ангелите („ангел„ значи „весник„. „оној кој носи вест„) а тие вести им се испраѓаат само на достојни поединци а не на секој маалски пацер.

нејкам да те негирам, само сакам да ми објасниш како можеш да распознаеш кој сон ти е приреден од демон а кој о ангел
и ако демоните се јавуваат на сон оти тогаш сме слаби и опуштени, зошто и ангелите баш во истите моменти и на истите начини се појавуваат
и конечно зошто ангелите не се појават денски или на масовен собир, колектив и слично, па на тој начин јасно да пренесат порака, со што би нё поштедиле од лажни „сведоци“ и „сонувачи“??:smir::smir:
 
Библијата сепак ја напишал некој што бил од ретките писмени во тоа време.Што значи си пишувал како сака и што сака, а толку многу ја заплаткал, та нема крај.
ова е единствената силна причина за да не ја читам библијата повторно
и плус, низ вековите наваму сигурно е изменета, дополнета, подукрасена, преувеличена, погрешно сватена, погрешно преведена итн итн
многу работи и настани во неа се контрадикторни и нереални
сепак сум православен и верувам во Бога, но на библијата гледам како на четиво
 
Се сложувам. Може малку го тупам но дали тоа автоматски значи и дека би му верувале ако знаеме дека тој постои? Бидејќи како што велиш имаме слободна волја а Бог и понатаму не би бил интервенционист па не би му се плашеле, барем не добар дел.

Не секогаш значи дека доколку знаеме дека Бог постои и веруваме дека Бог постои, ние се плашиме од него. Нека ти бидат за пример луѓето кои се бават со магија. Тие знаат дека Бог постои, веруваат во Бога, но сепак не се плашат од Бога бидејки ги прават тие гнасни работи. Втор пример нека ти се хомосексуалците. Меѓу нив ќе најдеш и верници, но сепак тие не се плашат од Бога и од гневот Божји.

Стравот кон Бога поинаку се сваќа и разбира. Тој е во служба на зачувување на човекот од гревот. Знаејки го гневот Божји кон грешниците кои свесно грешат, треба да не држи понастрана од гревот. Ова пак претходното да не се свати дека Бог ќе ги казни со некоја казна таквите грешници. Бог сеуште ги љуби и ќе ги љуби, но кога ќе дојде судниот ден ќе постапи според напишанот, и таквите ќе бидат сместени во вечниот оган.

Мислам дека многу многу ја затеравме... да не ви претерувам :)
 
Woowww...пријателе стој...сега спомнуваш и ангели и демони, а што имаат врска демоните со сонот, дали влијаат на тоа сонот да се оствари или не? И дали воопшто соновите, (велиш треба да се заборават), се остваруваат во реланоста, во секојдневието на човекот, и дали имаат некое значење?:icon_eek::helou:

Еве, застанав.....

Православната „теорија„ остава можност за остварување на некој сон. Ако сонот се оствари (а најчесто не се остварува) тоа остварување нема ништо битно да влијае на нашето натамошно живеење.
Значењето на соновите е интерсно за, на пр. Сигмунд Фројд, кој има изградено цела кариера на, секако, погрешното толкување на соновите.
Преку сонот, т.е. во сонот, ангелите јавуваат одредена Божја вест кон одреден богоугодник, кој е достоен да ја прими таа вест и во тоа се состои важноста на сонот во православието. Неколку евангелски настани тоа ни го потврдуваат.
 
нејкам да те негирам, само сакам да ми објасниш како можеш да распознаеш кој сон ти е приреден од демон а кој о ангел
и ако демоните се јавуваат на сон оти тогаш сме слаби и опуштени, зошто и ангелите баш во истите моменти и на истите начини се појавуваат
и конечно зошто ангелите не се појават денски или на масовен собир, колектив и слично, па на тој начин јасно да пренесат порака, со што би нё поштедиле од лажни „сведоци“ и „сонувачи“??:smir::smir:

Распознавањето на сонот е многу едноставно:
- ангелската посета во сонот предизвикува несекојдневно пријатно располоежие, обично придружено со солзи во сонот;
- демонската посета во сонот предизникува силен, необичен страв, без видлива причина, но со јасно присуство на злото во околината па дури и физички осет од демонското влијание. После будењето, заспаниот, кој имал демонска посета во сонот, доживува опасна главолбка, без видлива причина или соматско заболување.

Зашто и ангелите и демоните се јавуваат во сон? Паааа, затоа што демоните ја користат ангелската привилиегија да се јавуаваат во сон, па и тие (демоните) се јавуваат во сон така да заспаниот сметеа дека му се јавиле бели ангели.

Ангелите не се јавуваат денски (т.е. не е ни битно дали е преку ден или преку ноќ) затоа што Христос не Го интересира(ат) колективи, туку конкретни личности.
„Ангелското„ појавување пред толпа или маса народ, својствено е за демоните, кои на тој начин вршат еден вид колективна измама врз луѓето, додека појавувањето на белите ангели е, како веќе реков, проследено со испраќање на одредена (Божја) вест до одреден и достоен поединец, но никако испраќање вест до колектив (народ)!

На пример, хипнотизерите, или магионичарите (Дејвид Коперфилд и сл.), кои се под силно демонско влијание, се добар пример за моќта на колективната измама.
 
Ааааа значи велиш да се дистанцираме од соновите, било да се добри или лоши...
Да, во право си, така психички си порастеретен, ама не ми еј асно, пак спомнувате демони. Тоа значи дека постојат? Дека постои ѓаволот во опиплив облик? Зашто велите дека Господ постои, значи постои и ѓавол?

Да, демоните постојат, но како духовни, нематеријални битија. Затоа се физички незабележливи, оти, кога би биле видливи, како што вели еден од постарите Свети Оци, тогаш, кога би можеле да ги видиме со телесните очи, ние, смртниците би спобудалеле од нивната грозотија и од страв од нивниот изглед.
Ете, како Бог не чува од тие отпаднати битија.

Да, постои и Бог исто како што постои и ѓавол. А ѓаволот е создаден од Бога, но, поради својата своеглавост, отпадал(л) од близината Божја и тековно, најбитна работа му е да отера колку е можно повеќе човечки души во пеколот.
 
Ама не е малку безвезе објаснувањево? Нејсе тоа...а кој ги има створено демоните(под црковна претпоставка дека Господ го створил човекот, значи ги створил и демоните и ѓаволот, за да си води војна со нив)?
 
Грешка си Господ ги создал демоните и ѓаволот како ангели..но се побуниле против Бога..отпаднале..
 
Ама серизно...нели изгледа т.е приказна е сето ова...всушност Господ, невидливи сили, Библијата( шифрирана е заради тоа), се всушност шифрирани работи?
 
Ама серизно...нели изгледа т.е приказна е сето ова...всушност Господ, невидливи сили, Библијата( шифрирана е заради тоа), се всушност шифрирани работи?
Премногу читаш сомнителни интернет страни или Ден Браун..Библијата не е шифрирана..ниту приказна...јас би рекол дека е дури и доста разбирлива..
 
Премногу читаш сомнителни интернет страни или Ден Браун..Библијата не е шифрирана..ниту приказна...јас би рекол дека е дури и доста разбирлива..

Не знам искрено...имам гледано еден документарец...Zeitgeist - The Movie, 2007, и има во него што всушност е поимот Господ, дека е тоа всушност поврзано со сонцето, дека секоја религија како наследувала исти особини од предходната пред неа...и има логика пр. 25 према 26 декември...што всушност е тоа, нели Божиќ, раѓање Христово. Имено, сонцето својата најниска точка на хоризонтот ја прави во 3 дена 22, 23, 24 дек. а неговото "повторно раѓање",т.е повторно продолжување на денот, зголемување на денот е на 25декември, кога и "Господ, т.е сонцето се раѓа". Мене ми држи тоа повеќе логика, отколку ангелите и демоните. :toe::wink:
 
Ова ти држи повеќе логика од едноставна прчина што сето тоа ти е познато, си го учел, и сега некој само ти ги поврзува конците и ти нормално дека тоа го земаш како точно објаснување. Но сепак не е така.
Дали некој знае зошто е тоа така... која е причината за да бидат така работите (сонцето е најниска точка)....ова ти го поставувам бидејки сето тоа е абстракција... Тоа го перцепираш како такво но никој не знае зошто е така, каоја е причината од која тоа така биднало.... Научниците тврдат теории кои се логички издржани на еден мал сегмент од целата слика... но кога е во прашање целата слика, никој од нив нема претстава како е тоа...Па дури и најголемиот научник на сите времиња Ајнштајн, кој воедно во свое време бил тежок атеист, на крај во последните денови ќе каже дека тој само открил нештото како функционира но не и како е направено, само „Господ“ знае како е направено. За доказ неговиот предвкус на пеколот кој го одвраќа од атеизмот....(види ја сликата пред студенскиот дом Кузман, на раскрсницата)....

За некој кој ги гледа и ангелите и демоните, за него сите работи се јасни, и за него докажување и теории се непотребни...нема што да му докажуваш нему кога тој го видел....али да не забегувам многу офф топик....
 
Не знаев како да ја крстам темава, ама ете сепак бидна,...случајно ја открив страницава, и ете пишува за најразлучни работи поврзни со христијанството. Дали ќе дознаеме нешто нови или сепак пак ќе бидат истите приказни.:toe:

стсни
Шо ме заеба да стиснам бе?
Кога човекот ќе го достигне следното ниво на еволуција (ако го достигне), ќе свати дека нема потреба од религијата!!! Ама буквално никаква потреба, од никоја религија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom